fbpx
Таг: концесија

таг: концесија

Жителите на Штука и Иловица поставија блокади и за археолозите, се плашат дека рудникот ќе се гради

Жители на Штука рано утринава го блокираа приодот кон локацијата на која веќе една недела се одвиваат археолошки ископувања на просторот опфатен со концесијата за изградба на рудник за бакар Иловица - Штука. Според информациите кои „Мета“ ги доби од локалното население, блокадата започнала во 5 часот изутрина, при што им бил блокиран пристапот на археолозите  на Заводот за...

Дане Талески на местото на Стево Пендаровски

На 135-та седница одржана вчера, Владата донела одлука Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот да ја презеде позицијата национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, која досега ја извршуваше новиот претседател на државата, Стево Пендаровски. Неговата нова функција е неспоива со позицијата национален координатор. Владата исто така донела одлука за нивелација на плати...

Државните градежни инспектори со вонредни контроли на охридските и струшките плажи

Државниот градежен инспекторат започна со интензивна контрола на плажите и тоа не само во Струга и Охрид, туку и во Преспа и во Дојран, информираше министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Ресорниот министер објасни дека причина за оваа вонредна контрола е да се констатира дали има неправилности на плажите, кои беа предмет на издавање. „Со години наназад, општинските и...

СОЗР го пoвика менаџментот на „Македонско село“ да информира за одлуката за затворањето

Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), како надлежна за стопанисувањето на објектите во сопственост на Владата, известува дека Владата не била запознаена за намерата, ниту информирана за одлуката на менаџментот на комплексот „Македонско село“, објектот да биде затворен и да престане да работи. „Во договорот склучен меѓу СОЗР и концесионерот, претставуван од компаниите „Тинекс“ и хотелот „Квинс“, има член...

Порибени акумулацијата Глобочица и ревирот Црн Дрим 2

Со порибувањето на риболовните води кои немаат концесионер, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се грижи за зачувување и заштита на автохтоните видови риби во речните води, порача министерот Љупчо Николовски при денешното порибување на акумулацијата Глобочиџа со 40 килограми, односно 8.000 единки подмладок од речна пастрмка и со 1.700 единки крап. Во текот на денот ќе биде порибен и...

МЗШВ: Започнати се постапки за доделување на концесии за повеќе риболовни води

Владата на вчерашната седница донесе одлуки за започнување на постапки за доделување на рибите по пат на концесија за повеќе риболовни води, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). „Започнатите постапки за доделување концесии на рибите за органзирање рекреативен риболов се однесуваат на рекреативните зони на Охридското и Дојранското езеро, риболовните ревири Црна Река 1 - Демир Хисарски,...

Владата го раскина договорот за „Казандол“

На денешната 61. седница, Владата донела одлука за едностран раскин на договорот за рудникот „Казандол“, информираше премиерот Зоран Заев на прес-конференција попладнево. Тој, напоменувајќи дека Владата е посветена на економскиот раст, но посебно на заштита на здравјето на граѓаните од општините Валандово, Богданци и Дојран, рече дека е донесена одлука еднострано да се раскине договорот за концесија со компанијата „Сардич...

Заев: Парите од концесионерот „ТАВ“ ќе бидат вложени во значајни проекти

Премиерот Зоран Заев, во рамките на неговата дводневна посета на Турција, утрово се сретна со претставници на групацијата „ТАВ“, при шти биле утврдени приоритетите за инвестицијата од 45 милиони евра од концесионерот на аеродромот во Скопје. Парите, соопштуваат од Владата, ќе бидат вложени во значајни проекти за граѓаните. - Станува збор за инвестиции во градинки, училишта, одводни и канализациски мрежи и локални и регионални...

Србија ќе има приходи од 1,5 милијарди евра од концесијата на аеродромот „Никола Тесла“

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека планираните приходи од концесијата на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, ќе бидат 1,5 милијарди евра. Концесијата ја доби француската компанија „Ванци ерпорт“, која со аеродромот ќе стопанисува во наредните 25 години, а потоа аеродромот ќе се врати во сопствеништво на државата. Таа сопшти дека француската корпорација дала најдоба понуда за концесија и станува збор...

Охридско Eзеро порибено со сто илјади пастрмки

Охридско Езеро денеска беше порибено со 100.000 пастрмки, а оваа количина е дел од вкупно планираните 2.500.000, информираат од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). Порибувањето почна на 11 септември и ќе се спроведува до првата половина на октомври. Вкупната финансиска поддршка за годинешната Програма за рибарство и аквакултура изнесува 90 милиони денари. „Во насока на заштита и одржување на рибниот фонд,...

„Тополки“: Концесискиот договор го потпишавме со владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и одредени медиуми шират невистини за работата на друштвото „МХЕ Тополки“ служејќи се со фотографии од хидроелектрана која има правосилно одобрение за градење од април 2017 година, потпишано од тогашниот министер за транспорт и врски, Владо Мисајловски, во владата предводена од ВМРО-ДМПНЕ, реагираат од компанијата на прес-конференцијата на Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштението се вели дека фотографиите...

Владата на Србија бара концесионер за белградскиот аеродром „Никола Тесла“

Владата на Србија и белградскиот аеродром „Никола Тесла“ објавија јавен повик за давање под концесија на аеродромот на 25 години, јавува дописникот на „Мета“ од Белград. Концесијата се дава за финансирање, развој преку изградба и реконструкција, одржување и управување со инфраструктурата на аеродромот, како и извршување на дејноста оператор, се наведува во повикот објавен на интернет-страницата на белградскиот аеродром. На...

Тројца кинески рудари пронајдени мртви во рудникот Булќиза во Албанија

Три лица, рудари од Кина, се пронајдени мртви во рудникот за хром во албанскиот град Булќиза, јавува дописничка на „Мета“ од Тирана. Со овој рудник стопанисува Самир Мане, еден од најбогатите бизнисмени во Албанија. Но, за рудникот постојано има обвинувања дека рударите работат во небезбедни услови. Тие досега протестираа двапати, поради смрт на нивни колеги. Според пишувањата на албанските медиуми, повеќе од 30 рудари...

Грчкиот бизнисмен Калогрицас се повлече од процесот за телевизиски концесии

Процедурата за доделување телевизиски концесии во Грција се искомплицира откако еден од четворицата концесионери, Јоанис Владимирос Калогрицас, се повлече од целиот процес. Калогрицас беше последниот од четворицата концесионери што денеска требаше да ја исплати првата рата за телевизиските концесии. Парите за концесиите ги исплатија телевизиите „Скај“ и „Антена“, како и бизнисменот Вангелис Маринакис. Калогрицас најпрвин утринава побара дводневно одложување, објаснувајќи дека...

СДСМ: Пред избори Груевски сака да додели концесија за изградба на гасовод на 30 години

СДСМ денеска преку соопштение предупреди дека Владата се обидува да спроведе еден од најскандалозните корупциски тендери во десетгодишниот мандат. Од опозициската партија велат дека власта на Груевски во предизборие сака на компанија да ѝ додели концесија на 30 години за изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас. „Која е фирмата на којашто фамилијата пред заминување сака да ѝ даде 30-годишен бизнис...

Италијанската компанија „Фереро“ ќе постави опитни парцели со лешник

Италијанската компанија „Фереро“ е заинтересирана за поставување опитни парцели со лешник во Македонија, поради што од државата бара под концесија 10 до 20 хектари земјоделско земјиште. Претставниците на компанијата, Гофредо Перна и Томасо Патикнина, за оваа цел денеска имаа средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, како и со државниот секретар Бесир Јашари. Јашари информираше дека за најповолни за одгледување...

Фирмата „Еколог“ ќе управува со два стадиони во Тетово

Советниците на Општина Тетово на денешната седница, со мнозинство гласови ја изгласаа одлуката со новиот и со стариот градски стадион во Тетово да управува фирмата „Еколог“, сопственик на фудбалскиот клуб „Шкендија“. - Фирмата „Еколог“ во наредните две години треба да инвестира 7 милиони евра во двата стадиони. Ваквата реконструкција на стадионите многу ќе придонесе за развој на спортот во Тетово,...

Потпишан договорот за концесија за рудниците Злетово и Тораница

Владата и новиот концесионер на рудниците Злетово и Тораница, бугарската компанија „Минстрој“, го потпишаа договорот за концесија, со што 1.000 рудари ќе се вратат на работа. Новиот инвеститор најави и нови вработувања и големи инвестиции во нова и современа опрема. - По завршувањето на стечајната постапка, наша цел беше во што е можно пократок временски период да се привлече нов инвеститор...

Компанијата „Минстрој холдинг“ ја доби концесијата за рудниците Злетово и Тораница

Министерот за економија, Беким Незири, ја претстави најповолната понуда за доделување концесија за експлоатација на минерална суровина - руди на олово и на цинк во рудниците Злетово и Тораница, која беше поднесена од страна на компанијата „Минстрој холдинг“ АД - Софија, Република Бугарија. Според него, влезот на „Минстрој холдинг“, како лидер во рударството во овој дел од Европа, ќе овозможи...

Грчката влада одбива нови преговори за концесијата на 14 аеродроми

Владата во Атина го отфрли барањето за нови преговори за договорот со кој компанијата „Фрапорт“, која е под контрола на германската Влада, доби концесија за управување со 14 најголеми грчки аеродроми. Грчката влада минатата година се противеше на договорот за концесија, вреден 1,23 милијарди евра, но сега беше принудена да го прифати со цел да обезбеди финансиска помош од странство. Владата...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...