fbpx
Таг: концесија

таг: концесија

Остануваат малите хидроцентрали во Маврово, Шар Планина и на Кожуф, бадијала препораките на Бернска конвенција

Малата хидроцентрала Рибничка во Националниот парк Маврово нема да се укине. Министерството за животна средина и покрај барањето на Бернската конвенција да не се гради овој енергетски капацитет, преговара со инвеститорот Рибничка да се дислоцира надвор од зоните на строга заштита и активно управување. Нема да се укинат ниту трите мали хидроцентрали во Националниот парк Шар Планина, Пена 84...

Собир на група инженери незадоволни од одлуката концесијата за Чебрен да се додели на грчка компанија

Со поставување шишиња вода, група инженери денеска го изразија своето незадоволство и спротивставување на владината одлука за доделување на концесија за користење на водата на Црна река за производство на електрична енергија на грчката компанија ППЦ-Архиродон. Инженерите се собраа во неколку градови, меѓу кои и во Скопје кај Камениот мост и во Битола на плоштадот Магнолија. На собирите побараа да се...

„Лукоил“ има рок од 30 дена да го врати на Бугарија пристаништето „Росенец“

Откако владата на Бугарија на крајот на минатата седмица донесе одлука да ја укине концесијата на рафинеријата „Лукоил Нефтохим Бургас“ АД за пристаништето „Росенец“, од завчера на оваа компанија ѝ тече 30-дневен рок да го врати ова пристаниште, што го користи без каква било контрола од бугарската држава, јави mediapool.bg. Концесијата за пристанишниот терминал руската компанија „Лукоил“ го добила од...

Шукова: Не знаеме дали за „Иловица-Штука“ ќе има арбитража, тоа е само претпоставка

Не е невообичаено било кој министер да побара некоја одлука Владата повторно да ја разгледува, како што тоа беше случајот со одлуката за спојување на концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица-Штукa, рече денеска министерката за животна средина, Каја Шукова. Таа посочи дека во моментов не се знае со сигурност дали за случајот ќе се отвори арбитражна постапка и...

Малите хидроцентрали на Шара што веќе биле почнати ќе се доизградат, а нови ќе нема, велат од МЖСПП

Нема нови концесии за мали хидроцентрали во Националниот парк „Шар Планина“, туку се работи за објекти чија градба е веќе започната, а за кои се дава нов рок за да се довршат. Министерството за животна средина денеска испрати објаснување дека го почитува договорт и не издава нови концесии за енергетски објекти во заштитени подрачја, откако од управата на паркот...

Бектеши лично мисли дека рудник не треба да има, но морал да работи според закон, за државата да не добие тужба

Министерството за економија барањето на компанијата „Еуромакс ресусрис“ за спојување на двете концесии за рудникот Иловица-Штука го доставило до Владата за да одлучува заради тоа што така наложувал законот, кажа на брифинг со новинарите министерот Крешник Бектеши и посочи дека ако е важно неговото лично мислење, тој смета дека во струмичко не треба да има рудник. Тој тврди дека сета...

Контраспин: Владите на Груевски дале дозвола за рудникот Иловица во 2012 и 2015 година

Поранешниот премиер и бегалец од правдата, Никола Груевски се огласи на Фејсбук дека неговата влада никогаш не донела одлука за експлоатација на злато и бакар во Иловица, но со детална проверка на одлуките на Влада што се депонирани и издадени во Службен весник на РM од 2012 до 2022 година се утврдува дека Груевски спинува, зашто донел такви одлуки...

„Здрава котлина“ организира протест на 15 јули против рудникот „Иловица –Штука“

Жителите на трите општини од југоистокот - Струмица, Босилово и Ново Село на 15 јули ќе организираат протест откако Управниот суд ја уважи тужбата на компанијата „Еуромакс Ресоурцес“ против одлуката на Владата да се раскине договорот за една од концесиите, а потоа Владата донесе одлука со која се спојуваат концесиите за рудникот „Иловица-Штука“. Граѓанската организација „Здрава котлина“ ги повика граѓаните,...

Раскинати договорите за изградба на седум мали хидроцентрали на Шара

Договорите за концесија за седум мали хидроцентрали на Шар Планина се раскинати, а на концесионерите ќе мора да им се вратат концесискиот надомест и трошоците кои ги направиле досега. Одлуката за спогодбено раскинување на договорите Владата ја усвои денеска, а таа се однесува на шест мали хидроелектрични централи лоцирани во зоните на строга заштита и на активно управување во националниот...

Само еден концесионер на мала хидроцентрала во Националниот парк „Шар Планина“ се откажал, останатите бараат обесштетување

Концесионерите на четири од седумте мали хидроцентрали кои се зацртани во Националниот парк „Шар Планина“ побарале надомест за вложените средства за да се откажат од изградбата. Само еден концесионер на две мали хидроцентрали во досегашните преговори целосно се повлекол и не бара компензација. Во рамките на новиот национален парк, веќе се изградени и пуштени во употреба 11 мали хидроцентрали,...

Порталб.мк: На дебатата за Попова Шапка, не присуствуваа двајца клучни министри

Граѓани, активисти и љубители на Попова Шапка вчера се собраа и разговараа за проблемите на центарот, на јавната расправа организирана од Општина Тетово. Но, на дебатата не се појавија двајцата министри чии улоги се многу важни за враќањето на сјајот на туристичката атракција „Попова Шапка“, пишува Порталб.мк. Работа, а не зборови, урбанистички план, долгорочен план, паркинзи, ефикасно управување со отпад,...

Наместо 44, граѓаните плаќале 81 евро за секој мегават електрична енергија произведен од мала хидроелектрана

Малите хидроелектрани минатата година произвеле само 195,7 гигават часови електрична енергија и учествувале само со четири отсто во вкупното домашно производство. Сепак, тоа не значи дека работеле непрофитабилно, бидејќи на концесионерите од 2012 година па досега им се платени 41 милион евра повеќе во однос на пазарната вредност на произведената енергија, поради користење на законски предвидените повластени тарифи. Тоа...

Фирма копала песок од Пчиња со дозвола добиена спротивно на закон и според стар правилник

Фирмата „Еуро Прогрес“ добила дозвола за копање песок од реката Пчиња, спротивно на законот за води и според правилник кој не постои. Државниот инспекторат за животна средина во контрола на терен утврдил дека фирмата копа песок и чакал во селото Долно Коњаре во општина Петровец, во дел од реката кој не смее да биде експлоатиран, но дека за тоа...

Вишиот Управен суд ја потврди одлуката на Управниот суд за рудникот Иловица-Штука, екологистите најавуваат масовни протести

Вишиот Управен суд ги отфрлил жалбите на Државната комисија за одлучување во управна постапка во втор степен и канадската компанија „Еуромакс ресурсис“, во случајот рудник Иловица-Штука, како недозволени. Со тоа ја потврдил одлуката на Управниот суд и предметот повторно се враќа во Второстепената комисија. Образложението за одлуката на Вишиот суд е дека Законот за управни спорови не дозволува жалба во...

Додека се чека одлуката на Вишиот управен суд, не запираат протестите против рудникот во Иловица и Штука

Протестите против отворањето на рудник за бакар и злато во близина на струмичките села Иловица и Штука нема да запрат сѐ додека Вишиот управен суд не донесе конечна одлука, најавуваат од здружението „Здрава котлина“. Откако и државата и канадската компанија „Еуромакс“ минатиот месец ја обжалија одлуката на Управниот суд, со која ја поништи одлуката на Второстепената државна комисија за...

Владата го раскина договорот со „Летница – Белвица“ за концесија за Охридското езеро

Македонската влада донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското езеро со концесионерот „Летница - Белвица“. Причината за оваа одлука е поради утврдените нерегуларности од страна на надлежните институции во работата на сегашниот концесионер, информираат од владината прес - служба. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски денес во Охрид изјави дека по низата реакции од медиумите,...

„ЕЛЕМ“ и Владата се мајтапат со јавноста: Каде се анализите за Попова Шапка?

Во период од четири месеци, колку што ЕЛЕМ ја поседува анализата „Due Diligence”  за физибилити студијата за Попова Шапка, трипати изјавија за „Порталб.мк“ дека истите се „доставени во Влада“. Од друга страна, Владата повеќе пати демантираше дека такви студии им биле доставени. Денес пак, од „ЕЛЕМ“ истакнаа дека немаат информација дали овие анализи се доставени или не. Од септември годинава, „ЕЛЕМ“...

И по законскиот рок Владата без решение за Иловица

Вчера измина законскиот рок во која Владата требаше да се изјасни по жалбата на компанијата „Еуромакс Рисорсис“ по укинувањето на концесијата за рудникот Иловица. Компанијата, како концесионер на струмичкиот рудник за бакар и злато, на 25 јули упатил жалба на решението за одбивање на дозволата за Иловица  кое Владата го донесе на 4 јули  годинава откако било утврдено дека...

Наскоро нов концесионер на Охридско Езеро, екологистите се надеваат на спас на пастрмката

Струшка фирма во следните шест години ќе биде концесионер за стопански и рекреативен риболов на риболовното подрачје Охридско Езеро. Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека фирмата „Летница – Белвица Милорад“ од Струга на електронската аукција понудила највисок надомест за концесија за стопански риболов и највисок концесиски надомест од 100 отсто од вредноста на издадените дозволи за...

Концесијата за Иловица ќе биде одземена, мора да се запазат законските процедури

Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата. Ова практично значи дека, по истекот на седумте дена, дадени на денешната владина седница на Министерството за економија за „да ја испита правната исполнетост на барањето за добивање дозвола за  експлоатација на...

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...