fbpx
Таг: концерти

таг: концерти

Пондер и независната културна сцена во Битола: Ако не го направиш ти сам, никој нема

Има некоја посебна енергија на културната сцена во Битола последниве неколку месеци. Се чини дека секоја недела има некој концерт од интересен домашен или странски бенд, во комбинација со некоја изложба или пак промоција на самоиздадено дело. Одговорните за голем дел од овие настани се „Пондер“. Станува збор за здружение на битолски ентузијасти-активисти. Нивната цел е да се воздигне независната...

Почнува циклус концерти на млади музичари „Слободна среда“ во организација на Музичка младина на Македонија

Во Музеј на македонската револуционерна борба во Скопје, во организација на Музичка младина на Македонија (МММ) утре ќе почне четвртото издание на циклусот концерти на млади музичари „Слободна среда“. Планирани се шест концерти на кои ќе се претстават повеќе од 50 млади музичари, на возраст од 10 до 30 години, од повеќе градови во Македонија. Серијалот концерти ќе заврши на...

Со концерт во НОБ, вечерва се отвора 43 издание на „Скопско лето“

Со концерт на Европскиот Креативен Оркестар при Институтот ФАМЕ'С, вечерва во салонот на Националната опера и балет (НОБ) ќе се отвори 43-тото издание на манифестацијата „Скопско лето“ 2022, информираат организаторите. Концертот е под диригентска палка на Тимоти Редмонд, а се одржува на првиот ден на летото на Светскиот ден на музиката и е по повод затворањето на француското претседателство на...

Младите во фокусот на овогодинешното одбележување на Денот на Европа

Делегацијата на Европската Унија, заедно со „Јуроп Хаус“, ќе го одбележат Денот на Европа 2022 година преку низа активности организирани под слоганот #ThinkForward. Со оглед на тоа што 2022 година е Европска година на младите, програмата вклучува голем број активности поврзани со младите, информираат од Делегацијата на Европската Унија во Скопје. Главниот јавен настан годинава ќе биде единствено уметничко искуство...

Музика и вино на скопскиот плоштад, по пауза од две години започна „Виноскоп 2022“

По пауза од две години, вчера започна фестивалот „Вино Скоп“, што традиционално се одржува од 2006 година. Покрај можноста да пробаат вино од богатата понуда на повеќе од 25 винарии од земјава, гостите имаа можност да уживаат во музиката на Фолтин и Игор Џамбазов. На фестивалот што ќе трае до 8 мај ќе настапат повеќе уметници, меѓу кои и групите...

Во четврток концерти на „Стој, После!“ и „Кантон6“ во Скопје

Македонската дискографска куќа ПМГ Џез најавува богата музичка година со изданија, концерти, промоции и годинешното издание на фестивалот „Крај Вардарот Џез“. Програмата ја започнува овој четврток, (14 април) со концертите на „Стој, После!“ и „Кантон6“ во барот МАККА во Скопје. Во музичкиот состав на „Стој, После!“ влегува младиот и талентиран Мартин Џорлев што првиот албум го реализира со Андреј Димовски. Станува...

Нови Сад постана европска престолнина на културата за 2022, заедно со Каунас и Еш

Европски престолнини на културата за 2022 година се српскиот град Нови Сад, литванскиот град Каунас и градот Еш во Луксембург. Богатата програма на културни настани најпрво ќе започне во Нови Сад на 13 јануари, со програмата Дочек 7530. Постанувањето на европска престолнина на културата ќе биде одбележано со мултимедијалната претстава „Зенитеум:: 2022“ на режисерот Драган Живадинов на еден од...

Јубилејното 20-то издание на OFFest ќе се одржи од 9 до 13 ноември

Препознатливиот скопски фестивал OFFest годинава слави јубилеј 20 години од неговите почетоци. На фестивалската програма се поставени пет концерти и проекција на еден документарен филм. Фестивалот ќе се одржи од 9 до 13 ноември во Младинскиот културен центар (МКЦ) и Националната опера и балет (НОБ). Отворањето на фестивалот е закажано за 9 ноември, кога е предвидено да настапи извонредното португалско/шпанско...

„Бела ноќ“ годинава ќе се одржи на 25 септември, богата програма на различни локации низ Скопје

Овогодинешното издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи на 25 септември на неколку локации низ Скопје. Како дел од настанот, на два музички подиума во МКЦ ќе се одржи 11-тото издание на ПМГ Рекордингс фестивалот, на кое ќе настапат ПМГ Колектив, Сетстат, Марија Каева, Блекстејт, Луфтханза, Диџеј Магија, Дарко Јорданов, Нино Наумов, Божидар Видоески, Илина Ангел и DJ UX...

Со скратена, но возбудлива програма, ЗДРАВО МЛАДИ 11 успешно одолеа на КОВИД-19

Тимот на Младинскиот културен центар (МКЦ), но и верните обожаватели на нивните настани, се чини дека долго ќе го паметат 11-тото издание на фестивалот ЗДРАВО МЛАДИ. Постојани промени на протоколите за одржување на настани, рапиден раст на бројот на новозаболени лица од ковид-19, откажување на настапите на закажаните Viagra Boys и Noga Erez на 10 дена пред своите настапи,...

ЗДРАВО МЛАДИ 11 ќе се одржи утре во паркот на МКЦ

Со редуцирана концертна програма, намалена цена на билетите и со задолжителен сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 за посетителите, во паркот на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје утре вечер ќе се одржи 11-тото издание на ЗДРАВО МЛАДИ. На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат Hercules & Love Affair, DJ FITZ, Belgrado, KOIKOI, Murman Tsuladze, Peki Pele, #Луфтханза,...

Второто издание на Галичник филм фестивал ќе се одржи од 5 до 8 август во преубавиот Галичник

Викендов, од 5 до 8 август 2021 година, со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје, ќе се одржи второто издание на Галичник Филм Фестивал. Амфитеатарот Упија во Галичник на 1.500 метри надморска височина ќе биде домаќин на филмските проекции под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика, информираат организаторите...

Скопје одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес од 1963 година

Со предавања, концерти, изложби, полагање на свежи цвеќиња, крводарителска акција и серија од други активности македонскиот главен град денеска одбележува 58 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди на 26 јули 1963 година. На овој ден, природната катастрофа која го погоди Скопје однесе 1.070 човечки животи, дополнително беа повредени најмалку 3.000 лица, а околу 200.000 скопјани останаа без своите...

Утре почнува 20-то издание на Синедејс, ќе се гледаат филмови на повеќе локации низ Скопје

Со проекција на филмот „Анет“ во 21 часот во Градскиот парк, утре вечер ќе биде отворено јубилејното 20-то издание на Синедејс кое ќе се одржи на повеќе локации во Скопје. Покрај во киното во Градскиот парк, филмските проекции, работилниците, концертите и другите предвидени настани ќе се одржат во паркот на Младинскиот културен центар, паркот Ибни Пајко и кината Фросина...

Првото издание на Дојран Рок Фест ќе се одржи на 7 август во Стар Дојран

Здружението Андерфест на 7 август во Стар Дојран ќе го одржи првото издание на Дојран Рок Фест, информираат организаторите на фестивалот. „Особено сме горди и посебно возбудени за овој проект бидејќи излегуваме од границите на градот Скопје и се упатуваме кон нашиот бисер на југот Дојран. Еднодневниот фестивал планираме да се одржи на 7 август 2021 година на плоштадот во...

По повод 25 години од првиот концерт, „Фолтин“ ќе одржат бесплатни концерти во Струга, Прилеп и Велес

По повод јубилејот 25 години од одржувањето на првиот концерт, од „Фолтин“ најавуваат три бесплатни концерти за вљубениците на оваа музичка група што ќе се одржат во текот на јули. На летната сцена во Центарот за култура во Струга ќе настапат на 25 јули, додека на 29 јули „Фолтин“ ќе го одржат концертот во Прилеп на летната сцена во...

Хрватскиот бенд Свемирко и Дина Јашари со концерти во рамки на јубилејниот Синедејс

Хрватскиот поп-бенд Свемирко и нашата Дина Јашари со бендот ќе настапат на јубилејното 20-то издание на филмскиот фестивал Синедејс. На Синемјузик, на 16 јули, со почеток од 23 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) свој концерт ќе  одржи Дина Јашари со бендот. „Дина Јашари е дефинитивно најголемото освежување на новата македонска музичка сцена. Со извонреден пристап кон пишувањето песни, прекрасните...

АЛАРМ фестивалот ќе се одржи во Охрид од 31 јули до 2 август, ќе настапат над 100 македонски музичари

Над 100 македонски музички уметници ќе настапат на АЛАРМ фестивалот, којшто ќе се одржи од 31 јули до 2 август на фудбалскиот стадион „Билјанини извори“ во Охрид. Познати бендови и музичари од земјава ќе настапат за време на големиот национален празник Илинден, најавуваат организаторите на фестивалот. На 31 јули, предвидено е да настапат Галоски, Слаткаристика, ЛД Пистолеро & Гоце САФ...

„Фолтин“ денеска го промовираа новиот албум „Симултан бакнеж“ (видео)

Групата „Фолтин“ денеска во МКЦ го промовираше новиот албум „Симултан бакнеж“, како и видео запис за една од песните на изданието. На албумот којшто е објавен под етикетата на „ОХО продукција“ се наоѓаат четири песни, кои беа снимени во Студио Алшар во декември минатата година. Албумот го продуцираше Пеце Талески, додека обвивката на албумот е изработена од режисерот Ѓорче Ставрески....

Поради моменталната ситуација со ковид-19, Таксират фестивал ги одложи концертите на „Лајбах“ и Страјк

Концертот на музичката група Лајбах и концертот на македонскиот рапер Страјк кои требаше да се одржат на 29 односно 23 октомври, се одложени, информираат од Таксират фестивал, во чиј склоп требаше да се одржат истите. „Поради моменталната здравствена ситуација и сè построгите ограничувања и мерки, решивме двата наредни настани во склоп на 22-рото издание на Таксират Фестивал – концертот на...

Путин: Немаме намера да нападнеме земји членки на НАТО

Русија нема планови за напад на земјите членки на НАТО и нема да ги нападне Полска, балтичките земји или Чешка, но доколку Западот испорача ловци Ф-16 на Украина, тогаш...