fbpx
Таг: контроли

таг: контроли

Владата без критериуми исплатила речиси 100 милиони евра за справување со ковид-19 кризата

Речиси 100 милиони евра од страна на Владата преку потпрограмата Мерки за справување со ковид-19 кризата, во 2021 година биле исплатени без утврдени критериуми во однос на избор на институции и износот на одобрените неповратни финансиски средства, при што 33 отсто од примателите на средствата немаат доставено извештај за реализираните активности до Владата. За потпрограмата П1 – Мерки за справување...

За четири часа вчера 84 санкции за автобуси за учениците, 26 автобуси пратени на вонреден технички преглед

Во текот на само четири часа вчера, 28 октомври, од 12 до 16 часот на територијата на целата земја е спроведена акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, соопшти МВР. При контролата приведени се две лица поради нарушување на јавниот ред и мир, одземен е боксирач, а констатирани се и 84 сообраќајни прекршоци. Од нив 26 возила...

Затворен угостителски објект во тетовско, затекнати близу 100 лица

Синоќа во 23:45 часот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и интервентната полиција при СВР Скопје во содејство со Државниот пазарен инспекторат по претходно добиени сознанија извриле контрола во угостителски објект лоциран на регионалниот пат Тетово-с.Желино и констатирале дека објектот работи спротивно на законот односно мерките за справување со...

Инспекторите по вчерашните контроли со 12 кривични пријави и четири прекршочни постапки против угостители

Во текот на вчерашниот ден Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во повеќе градови во државaта извршил вкупно 36 надзори и 488 контроли во угостителски објекти согласно Законот за угостителска дејност, Законот за заштита од пушењето и здравствените протоколи (дозволено растојание, распоред и број на маси, итн) за отворање и работа на угостителски објекти. Притоа, во дел од угостителските објекти се утврдени...

Угостителски објекти во Скопје и Битола ќе добијат кривични пријави поради непочитување на здравствените протоколи

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) вчера во повеќе градови во државата извршил вкупно 524 контроли и 26 надзори во угостителски објекти, информираат од кабинетот на заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси Контролите биле вршени по основ на придржување на објектите на пропишаните здравствени протоколи и пропишаното работно време. „При тоа, утврдени се неправилности во...

Инспекциските служби ќе вршат интензивни контроли за време на овој викенд без ДДВ, како за протоколите така и за цените

Инспекциските служби за време на викендот без ДДВ, ќе продолжат со интензивни контроли на терен, во делот на почитување на здравствените протоколи, како и на цените на производите, информираат од Влада. Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) ќе спроведува контроли со цел да се спречат можни манипулации со цените на производите. Конкретно ДПИ ќе врши контрола дали цените на производите воведени во...

МВР санкционирало 339 возачи во Скопје, од кои 108 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжило со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. „На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 22 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 108 прекршоци, технички неисправни и нерегистрирани возила 16, 7 санкционирани мотоциклисти, 73 мерки...

МВР санкционираше 371 возачи во Скопје од кои 120 за пречекорена брзина

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. „На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 371 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 16 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 120 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 18, 32 санкционирани мотоциклисти, 128...

Преполните журки и забави без заштитни маски од викендов го запалија алармот кај институциите

Во дискотеките, клубовите, рестораните, црквите, домашните балкони, тераси и тревници деновиве се организираат забави и разни свечености на кои присуствуваат и по стотици гости. На социјалните мрежи секојдневно се редат фотографии од насмеани и гушнати лица без заштитни маски од дискотеки и кафулиња, како и групи на луѓе како се забавуваат и играат на музика. Сите овие фотографии се...

Инспекцијата за три месеци уништила над 85 тони небезбедна храна

Повеќе од 85 тони небезбедна храна уништија инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и операторите за храна, од јануари до март годинава. Најголемиот дел небезбедна храна, односно 68.541 килограми ги повлекле самите оператори, согласно имплементираните ХАСАП планови, додека инспекторите за храна и ветеринари, како небезбедни уништиле 17.173 килограми храна. Како што соопшти АХВ, од вкупно уништената небезбедна...

Трговци продавале производи со изминат рок и не одржувале хигиена во објектите

Агенцијата за храна и ветеринарство, АХВ, информира дека во направените вонредни контроли кај некои трговци е утврдено дека не ги почитувале препораките на Владата и на Комисијата за заразни болести, за засилената дезинфекција на опремата и на транспортните средства и објектите. „Констатирани се пропусти и непочитување на препораките за заштита од корона вирусот, како и недоследности на општите хигиенски услови...

Спасовски со партиските лидери на координација за корона вирусот, „Ало докторе“ станува жешка линија

Премиерот Оливер Спасовски денеска ќе ги собере на средба претседателите на партиите на координација во врска со ситуацијата со корона вирусот КОВИД-19., соопшти Владата. Се очекува една од главните точки да биде можното одложување на изборите поради страв од ширење на вирусот при гласањето. Инаку, Владата вчера усвоила повеќе препораки од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство и соопшти...

И овој викенд на Водно ќе има засилени инспекциски контроли за непрописно паркирање

За да се заштити планината Водно од загадување и за да се овозможи непречено и безбедно движење на сите учесници во сообраќајот, а особено на пешаците и на велосипедистите, градските инспектори и овој викенд ќе продолжат да вршат засилени контроли во однос на непрописното паркирање на јавни површини, информираат од Град Скопје. „Град Скопје воведе две нови автобуски линии -...

Три пати зголемен бројот на сообраќајки со возачи под дејство на алкохол (инфографик)

Бројката на возачи што учествувале во сообраќајки под дејство на алкохол нагло растел во последните пет години, покажуваат статистиките на Министерството за внатрешни работи. Од 2014 до 2018, бројката на сообраќајни несреќи во земјава во кои учествувале возачи што управувале возила под дејство на алкохол, пораснал за отприлика 4,3 пати. Така, ако во 2014 година се регистрирани 86 такви случаи, веќе...

Општина Струга со поголеми контроли на субјектите кои издаваат соби за туристи

Општина Струга, во соработка со СВР Струга ќе вршат редовна контрола на правните и физичките субјекти кои даваат услуги за сместување на гостите, со цел подобрување на условите за престој на туристите и посетителите во текот на претстојната летна сезона 2019. Од локалната самоуправа и МВР Струга велат дека безбедноста и сигурноста на туристите, посетителите и гостите од земјата и...

За еден месец откриени и уништени 603 килограми небезбедна храна

Само во месец јануари годинава, инспекторите за храна направиле 5.103 инспекциски контроли, од кои 1.146 од контролите биле кај операторите со храна. Како небезбедни за консумирање биле евидентирани 603 килограми храна од неживотинско потекло, која била уништена, информираат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). - Постои воспоставен интегриран систем на контрола, за да се елиминира можнoста на пазарот да...

Полицијата вчера исклучила 14 приватни градски автобуси во Скопје

Во вчерашната акција за контрола на автобусите и другите возила од јавниот превоз во Скопје, полицијата исклучила од сообраќај 14 aвтобуси, соопшти МВР. Од ЈСП Скопје за „Мета“ објаснија дека во таа бројка нема нивни автобуси. Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи (СВР) контролата ја спровело од 8 до 13 часот, при што биле исконтролирани...

Градот Скопје два пати ги проверил големите загадувачи и им пишал четири казни

Според планот за работа на инспекторите за животна средина на Град Скопје, извршени се по две редовни контроли на сите 40 инсталации кои подлежат на Б–интегрирана еколошка дозвола, за кои е надлежен Град Скопје, информираат од таму. - Во месец декември овластените инспектори за животна средина на Град Скопје, извршија вонредни контролни мерења на четири инсталации што подлежат на Б–интегрирана...

Зголемени контроли во Тетово поради сообраќајниот хаос

Погрешно паркираните возила во Тетово се секојдневие, особено во централното градско подрачје. Од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, во изминатиот период активно работат на подобрување на ваквата состојба. Велат дека контролните активности се засилени, а погрешно паркираните возила се дислоцираат и санкционираат. Тие упатија апел и до сите оние кои возат со прекумерна брзина, која е...

Спасовски: Сите истраги против граѓанските организации официјално се затворени

Сите истраги против граѓанските организации и фондации што почнаа во 2016 година, а се одвиваа и во голем дел од 2017 година се официјално затворени, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на денешната средба со претставници на дваесетината организации. На средбата на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, директорот на Управата за финансиско разузнавање...

Нови 46 нови случаи на пертусис, од нив 9 се хоспитализирани

Во периодот од 12 до 18 април, пријавени се 46 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 4,5 отсто споредено со претходниот седмодневен период, информира одделот за епидемиологија...