fbpx
Таг: контраспин

таг: контраспин

Контраспин: Ставот на Пендаровски околу измените на КЗ е спин

Претедателскиот кандидат Стево Пендаровски тврди дека со тоа што го потпишал указот за измените на КЗ не згрешил, затоа што требало да им се упати порака и лекција на корумпираните судии. Па потоа тврди дека бил принуден да го потпише веднаш зашто добил порака од партиите што го гласале дека ако не го потпише ќе му го вратат за...

Контраспин: „Некаквите т.н. родови политики“ се меѓународни стандарди за основни човекови права

Врз основа на Истанбулската конвенција потпишана од Р. Македонија во 2011 година, а ратификувана во 2018 година, како и врз основа на Уставот и еден куп други закони, меѓу кои и оние за спречување на дискриминација, до ден денешен се носат измени на законодавството и државата ги усогласува своите правни рамки и практики со современиот демократски свет и со...

Контраспин: „Еднакво општество за сите“ на Османи подразбира целосно нов Устав

Стратегијата „Едно општество за сите“ е усвоена од Владата и прифатена од Собранието или барем разгледана и одобрена од клучните комисии, во кое/и политиките ги водеа ДУИ со СДСМ и нивните помали коалициони партии и на Албанците и на другите етнички заедници. Оттука, менувањето на концептот кој не чинел – едно општество за сите во еднакво општество за сите...

Контраспин: Репреговарањето секако носи неизвесност и несигурност во однос на ЕУ

Политичката проценка дека прифаќањето на рамката е голема грешка, води до обид за репреговарање на рамката со ЕУ, како и преиспитување на Договорот со Бугарија, односно обид за репреговарање и на овој Договор. Сето тоа, пак, води до неизвесност и несигурност од аспект на европските интеграции на земјата. А билатералните услови во форма на добрососедство, ќе останат во која...

Контраспин: Позитивните исчекори најмногу зависат од домашната политичка волја – тогаш и ЕУ ќе помогне

Извртувањето на вистината е во делот за тоа што е најважниот елемент во позитивните исчекори за земјата. А тој е јасен и недвосмислено потврден во сите анализи и домашни и меѓународни – ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА. Се разбира, овој спин не значи дека за С. Македонија е подобро да излезе од кандидатурата за членство и/или дека е подобро ако стапи во...

Контраспин: САД се стратешки партнер и на дело, а за сите дубиози вината лежи дома

Дали македонската држава и македонските граѓани виделе некогаш нешто лошо од САД? Дали САД ни наметнува менталитет на Студена војна или реално, цел свет е во Студена војна? Конечно, дали за евентуалните штетни последици од договорот со „Бехтел и Енка“ виновни ќе бидат САД или претставниците во извршната и законодавната власт во С. Македонија?, пишува Вистиномер.  Текстот го пренесуваме во целост:   Претседателскиот кандидат...

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на пензионерите, туку на влијателни, квалитетни луѓе надвор од партиските табори – аналитичари, експерти, колумнисти… Токму нив ги повика Силјановска да не гледаат сеир отстрана, туку да се вклучат во политичката...

Контраспин: Нема силни аргументи дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал

Децидната изјава на Ковачевски дека СДСМ има најголем коалициски потенцијал нема силни аргументи за да биде потврдена како факт. Историјатот на создадени и растурени коалиции од 2016/17 до сега што ги направи СДСМ за да обезбеди мнозинство во Собранието, големите отстапки што ги направи во однос на т.н. „црвени линии“, падот на рејтингот до степен да е тешко да...

Контраспин: ВМРО-ДПМНЕ нема причина за славење поради „црната листа“ за Јанева, таа беше и нивен предлог и нивен избор

ВМРО-ДПМНЕ нема никаква причина со спин да слави дека Американците ги ставиле Катица Јанева и Стевче Јакимовски на „црната листа“. Посебно за Јанева, која за подзаборавените, е избрана со заедничка одлука на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ. Ако веќе се радуваат за Јакимовски, пак, треба да имаат исти аршини и чесно да признаат дека кремот на...

Контраспин: Јакимовски како Трамп – жртва на длабоката држава и на Сорос!?

Стевче Јакимовски не е обвинет, ниту осуден за некое кривично дело за какво што го товарат САД со назначување на нивната „црна листа“. Тој, се разбира, може да си ја продолжи претседателската трка и градоначалничкиот мандат доколку не ги освои претседателските избори. Но, тоа со ништо нема да ги смени фактите од сегашноста или минатото, ниту пак, Јакимовски може...

Контраспин: Концептот „Да станеме посакувани и Бугарија ќе биде пред свршен чин“ е магла

Во уште еден неодреден сет одговори за европската перспектива на државата доколку ВМРО-ДПМНЕ ја формира идната влада, нејзиниот лидер Мицкоски во еден момент најавува не така брзо решение „доколку од другата страна немаме вистински партнер“ и потоа искажува спин, нудејќи концепт дека прво треба „да станеме посакувани, со што Бугарија ќе била пред свршен чин“. Ова тврдење е извртување...

Контраспин: Пендаровски никогаш не рекол дека Делчев бил Бугарин

Непримерното спинување веќе започна меѓу двете најголеми политички партии за своите претседателски кандидати. Првата потешка артилерија беше употребена за докажување, кој е поголем патриот во однос на прашањето со Бугарија. СДСМ со фотографија стара 5 години ја нападна професорката Сиљановска Давкова, додека ВМРО-ДПМНЕ со извртување на зборовите и со користење на полуизјава, невистинито тврди дека за Пендаровски, Гоце Делчев...

Контраспин: Барањето за 61 пратеник и „потполниот хаос“, се однапред пласирано алиби на Мицкоски

Нагласувањето на потреба од 61 пратеник за успешно владеење и истакнување на хиперболизираната политичка реторика дека „државата е во потполн хаос“, и дека „ништо не функционира“, нема поткрепа во реалноста и во суштина се спинови. Тие повеќе служат како со време кажано алиби на Мицкоски за евентуален утрешен застој, или неуспех да се испорача ветеното во предизборната кампања или...

Контраспин: Што може, а што не, ВМРО-ДПМНЕ ќе покаже по избори ако ja освои власта

Двете цврсти тврдења на Ковачевски за ВМРО-ДПМНЕ дека е партија која не може да донесе никави позитивни промени и дека е партија која е против членството на С. Македонија во ЕУ, се извртување на вистината, т.е. спин. Првиот го темели на спин дека сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ не чинат и не постигнале ништо, а вториот на минатите политики на...

Контраспин: За Џафери средбите во Тирана се ОК, ама оние во Приштина не

Дека Талат Џафери ја извртува вистината, т.е. спинува и дека говори непринципиелно, покажува и фактот што повеќе пати албанските политички партии се координирале во Тирана, но тогаш од ДУИ немало изјави дека станува збор за мешање во внатрешните работи или, пак, дека таквата координација ќе ѝ нанесе штета на Албанија. Впрочем, со Курти и со неговата партија предизборно се...

Контраспин: Не дај боже да задоцни платата на Бујар, како ли ќе ни преживее министерот?!

Најмалку кој треба да се жали и да говори за преживување е еден министер, функционер повеќе од 15 години. Изјавата на Османи е несмасна, неумесна, просто човек да се почувствува непријатно поради „туѓиот срам“. Таа прозвучува крајно нефер, посебно кон луѓето на кои постојано им доцни платата, а некои воопшто и не ја добиваат со месеци. Кога министерот со...

Контраспин: Функцијата слатка, апанажата уште послатка

Ковачевски има законско право да зема апанажа, исто како и ексминистерот за внатрешни работи Спасовски, како што такво право имаат и други функционери по завршувањето – престанувањето на мандатот. И тоа не е спорно. Прашањето за апанажата од 2.500 евра не е проблематично од законски, туку од етички аспект. Дали Ковачевски, како и Спасевски, мораа да го искористат тоа...

Ковачевски ја заборави сопствената улога во медиумскиот сектор – извинувањето е лицемерно

На Ковачевски и на СДСМ никој друг не им е виновен што не сторија ништо позначајно реформски во медиумскиот сектор, а што било нивна должност, вклучувајќи го и тешкото спроведување на обврската за финансирање на МРТ, што е клучна реформа и значително би ги сменило улогите на пазарот. Затоа, изјавите на Ковачевски со напади врз медиумите и врз јавниот...

Контраспин: Жалењето на Ковачевски е задоцнето и бескорисно, зијанот е голем

Изјавата на Ковачевски дека „мора да се биде реален“ и „тоа е процес кој мора сите заедно да го изодиме“ е спин. Министрите на СДСМ во техничката влада не го предложиле и не го изгласале ова со бесплатните возачки поради висока свест и затоа што „патот треба да го изодиме заеднички“, туку поради претстојните избори, но и уште повеќе,...

Контраспин: Несериозностa во примената на договорот од Нивице нема да се избрише со промена на законите

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ спинуваат кога велат дека со промена на два-три закона ќе се решеле проблемите и маките на граѓаните со вадење на нови документи. Таквиот предлог е само покривање на пропустите што се направени досега, посебно на СДСМ, а обврската за нови документи останува, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Најпрво ВМРО-ДПМНЕ, а денеска и СДСМ комуницираат со...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...