fbpx
Таг: конститутивна седница

таг: конститутивна седница

Во 11 часот, четврто продолжение на конститутивната седница на Собранието

Денеска во 11 часот ќе се одржи четвртото продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која на дневен ред се изборот на членовите и на претседателот на Комисијата за избори и за именувања и изборот на претседателот на Собранието. Во изминатите три дена пратениците воопшто не дискутираа по овие две точки, туку дебатата најмногу се однесуваше на платформата на албанските...

Седницата за Комисијата за избори и за именувања продолжува утре во 11 часот

Конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и на заменици членови на Комисијата за избори и за именувања ќе продолжи утре. Претседавачот со седницатa, поранешниот собраниски спикер, Трајко Вељаноски, најави дека утрешната, но и сите наредни продолженија на конститутивната седница, до нејзиното завршување, ќе почнуваат во 11 часот. По попладневната пауза која беше...

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си контрираат за законот за јазиците во Собранието

Пратениците на денешното второ продожение на конститутвината седница, како и вчера, наместо да дискутираат по првата точка за избор на членови и на претседател на Комисијата за избори и за именувања, најголемиот дел од дебата го поминаа во дискусија за палтформата на албанските партии и за употребата на законот за јазиците. Артан Груби од ДУИ рече дека албанската платформа не...

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница

Со половина час доцнење, почна второто продолжение на конститутивната седница на Собранието, на која прва точка на дневен ред е изборот на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, а втора точка е изборот на претседател на Собранието. Вчера претседавачот Трајко Вељаноски ја прекина седницата во 18 часот, иако пратеникот од СДСМ, Оливер Спасовски, побара...

Денеска нова седница со стари позиции и со деловнички блокади

Конститутивната седница на Собранието, на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за избори и за именувања, ќе продолжи денеска напладне. Вчера, 20 пратеници поднесоа предлог за кандидат за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери. Разврската останува неизвесна, како поради бројот на пријавените пратеници за дискусија, така и поради генералната атмосфера...

Пратениците далеку од договор, седницата продолжува утре напладне

Конститутивната седница на Собранието на која се расправа за избор на претседател, заменик-претседател, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата ќе продолжи утре напладне. Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски побара седницата да продолжи и по 18 часот, но Вељаноски не се согласи да ја продолжи седницата и нејзино продолжување закажа за утре во 12 часот. Речиси целата...

Собранието на пауза по час и пол реплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

На продолжението на конститутувната седница на Собранието од 50 пријавени пратеници за збор, 47 се од ВМРО-ДПМНЕ, кои си реплицираат и контрареплицираат самите на себе за платформата на албанските партии и за заштита на суверенитетот и унитарноста на државата. Во моментов пратениците заминаа на едночасовна пауза. Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски, поради ваквата ситуација, процедурално се јави за збор и побара...

Продолжи конститутивната седница – дипломатите седнаа на местата на новинарите

Со половина час доцнење претседателот на Собранието од претходниот состав, Трајко Вељаноски по тримесечна пауза го отвори продолжението на конститутивната седница. Седницата почна на 30 декември, минатата година, а беше прекината бидејќи немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. На денешното продолжени на конститутивната седница, единствени две точки на дневен ред се изборот на...

Собрание: Извесно е само дека седницата ќе почне, сè друго е до волјата за излез од кризата

Парламентарните политички партии денеска, по три месеци пауза и преговори, ќе ја продолжат конститутивната седница на Собранието, која почна на 30 декември минатата година, а беше прекината затоа што немаше договорено парламентарно мнозинство и пратениците не можеа да изберат претседател на законодавниот дом. Според агендата на денешното продолжение на конститутивната седница, кое е закажано за 12 часот, единствени две точки...

Заев: Пораките на Хан се јасни – процесите мора да се забрзаат

Пораките на еврокомесарот и на европратениците се јасни како бел ден, процесите мора да се забрзаат, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со европратениците, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. Заев истакна дека остануваат на барањето претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот...

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 6, СДСМ – 5, а ДУИ и Беса по 1 член во Комисијата за избори и за именувања

Претставници на парламентарните политичките партии на денешната координативна средба во Собранието постигнале договор за составот на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата како услов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница. Партиите се согласиле шест членови во комисијата да бидат од ВМРО-ДПМНЕ, петмина да бидат од СДСМ, а по еден член да имаат ДУИ и Беса. Претставниците на парламентарните групи моментално...

Заев: Ако го добијам мандатот, нема да трошам 20 дена за преговори за состав на владата

Закажување на седница на Собранието, координација на пратениците за договор околу составот на комисијата за избори и именување, избор на претседател на законодавниот дом, допис до Иванов, негова одлука да го даде мандатот, преговори за влада и нејзин состав. Ова е редоследот на чекорите за кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, очекува да бидат реализирани во што е можно...

СДСМ ја поднесе иницијативата и го повика Вељаноски веднаш да го свика Собранието

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски, денеска до Собранието на Република Македонија поднесе иницијатива за продолжување на конститутивната седница, потпишана од 67 пратеници. - Со оваа иницијатива повеќе нема дилеми околу обезбедување на парламентарно мнозинство. Иницијативата е потпишана од 67 пратеници и очекуваме Трајко Вељаноски веднаш да закаже продолжување на конститутивната седница за Собранието да може повторно да...

СДСМ денеска ќе поднесе иницијатива за свикување на Собранието

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска во 10.30 часот ќе поднесе во Собранието на Република Македонија иницијатива за продолжување на конститутивната седница на Собранието, на која, според најавите, треба да биде избран претседател на законодавниот дом, соопштија од СДСМ. Веднаш по поднесувањето на иницијативата, во прес-центарот на Собранието, изјава за медиумите ќе даде пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Оливер Спасовски. Како...

Собранието не избра претседател, само ги верификуваше мандатите на пратениците

Собранието попладнево ги верификуваше мандатите на сите 120 пратеници. По предлог на Верификационата комисија, „за“ гласаа 114 пратеници, а ниту еден против или воздржан. - Врз основа на извештајот на Државната изборна комисија (ДИК) за изборите одржани на 11 декември, комисијата констатира дека нема основа за оспорување на верификацијата на мандатите на 120 пратеници. Верификационата комисија му предалага на Собранието да...

Новото Собрание ја почна конститутивната седница

Избраните пратеници денеска во 13 часот се собраа на конститутивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија. Седницата ја отвори и со неа претседава претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, кој за свои заменици ги назначи пратениците Стојан Миланов и Јусуф Хасани. По прозивката на пратениците, беше констатирано дека на седницата се присутни 118 од вкупно 120...

Денеска ќе се конституира деветтиот собраниски состав

Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот ќе ја одржи конститутивната седница на новиот состав, на која треба да бидат верифицирани мандатите на новоизбраните пратеници и да биде избран новиот претседател на законодавниот дом. Конститутивната седница во средата ја свика претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, веднаш откако Државната изборна комисија (ДИК) им ги врачи уверенијата на кандидатите...

Вељаноски за петок ја закажа конститутивната седница на Собранието

Претседателот на Собранието во заминување, Трајко Вељаноски, за петок во 13 часот ја закажа и ќе претседава со конститутивната седница на новиот собраниски состав. „Врз основа на член 63 од Уставот на Република Македонија, кој предвидува дека новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена од одржаните избори и конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот...

ДИК утре свечено ќе ги врачи уверенијата на новоизбраните пратеници во Собранието

Државната изборна комисија (ДИК) утре свечено ќе им ги врачи уверенијата на претставниците на коалициите и на политичките партии кои освоија пратенички мандати на предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 11 декември. Ова го отвора патот за свикување конститутивна седница на новото собрание. „Ве известуваме дека уверенијата за пратениците избрани на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република...

Не Мухиќ, туку пратеникот Маноиловски од ДУИ може да ја закаже првата седница

Универзитетскиот професор Ферид Мухиќ, сепак, не е најстариот пратеник во новиот неофицијален собраниски состав, туку тоа е пратеникот од кандидатската листа на ДУИ, во шестата изборна единица, Бранко Маноиловски. Според податоците што можат да се најдат на интернет, на „Википедија“ за Маноиловски, односно Бранко Манојловски како што е заведен таму, поради што настана и конфузија при проверката на новите пратеници, тој...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...