fbpx
Таг: конкурс

таг: конкурс

Прогласени победниците на конкурсот за најдобар концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“

Тројца основци ги добија првите три награди на конкурсот за најдобар концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“ во рамки на проектот „Видео игротека“, соопштија организаторите од Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ Скопје. Првото место го освои Матеј Цветковски од Радовиш, второто Темјана Јорданоска од Скопје, а третото Душко Геразов од Скопје. Признание...

Наградени средношколци-автори на стрипови од регионот на конкурсот со тема регионално помирување

Како дел од заедничката имплементација на меѓународниот стрип конкурс „ALL WE ARE SAYING IS GIVE RECONCILIATION A CHANCE“, денеска во Центарот за култура „ГРАДАЦ“ во Рашка, Србија ќе се одржи изложба од сите стрипови пристигнати на овој конкурс на тема регионално помирување. Организација која е носител на овој проект е Стрип центар на Македонија-Велес, информираат тие. На оваа изложба ќе...

Распишан конкурс „Цртај на македонски јазик“

Министерството за култура распиша конкурс за творби за манифестацијата „Цртај на македонски јазик“, чија цел е да се поттикне творештво за да се осовремени и раздвижи културната понуда во земјава. Поточно, идејата е да се создаваат дела со употреба на македонскиот јазик и кирилица, а од страна на млади автори и уметници. Предлог-проектите може да бидат од уметноста воопшто, но...

Избрани победниците на видео-конкурсот „Светло, камера, климатска акција!“

Избрани се трите победнички видеа на CTRLZ предизвикот – видео-конкурс „Светло, камера, климатска акција!“ што го објави Фондацијата Метаморфозис. На видео-конкурсот пристигнаа вкупно 14 авторски дела, кои беа оценувани од комисија составена од новинари во Новинската агенција „Мета.мк“ и претставници на Британската амбасада. При оценувањето, најмногу се вреднуваа идејата, креативноста при изработката и силината на пораката на доставените содржини. При...

Ќе ги помести ли штрајкот уписите во средно?

Со оглед на тоа дека веќе втора недела се штрајкува во просветата, неизвесно е дали ќе биде продолжена учебната година, нешто што може да влијае на уписот во средно образование. Бидејќи има прецизни датуми и конкретни рокови, некои директори на училишта стравуваат дека штрајкот може да го помести планот за запишување нови ученици. Андреј Манолев, директорот на гимназијата „Никола...

Oтворен повик за стипендии за Кампот за високо-технолошка извонредност во Охрид

„Македонија 2025“ објави повик за стипендии за учество на второто издание на Охрид камп за високо-технолошка извонредност, кој ќе се одржи од 9 до 16 јули во Охрид. Основна цел на програмата е младите од 11 до 15 години да ги унапредат своите вештини за роботика и кодирање, а покрај тоа, да обезбеди можност за младите Македонци од земјава и...

Објавени конкурсите за запишување во средно образование и за сместување во ученичките домови

Министерството за образование и наука денеска го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2022/2023 година. Во Конкурсот, кој може да се види на следниот ЛИНК, наведени се условите за запишување во средните училишта, критериумите за избор на учениците, потребните документи за запишување, наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на...

МОН: Објавен е нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно образование

Министерството за образование и наука објави нов конкурс за издавање на учебници за четврта година средно стручно четиригодишно образование. Конкурсот се однесува за повеќе струки меѓу кои геолошка, рударска, металуршка, градежно - геодетска, графичка, економско - правна, трговска, електротехничка, здравствена, земјоделско - ветеринарна, лични услуги, машинска, сообраќајна, текстилно - кожарска, угостителско - туристичка, шумарско - дрвопреработувачка и хемиско - технолошка...

Регионален конкурс за кратки раскази на тема за намалување на меѓусебната омраза и непријателство

Регионалниот конкурс за краток расказ наречен „Бибер“ оваа година се оддржува по петти пат и истиот ќе биде отворен за конкурирање до 01.06.2022 година. Станува збор за конкурс кој опфаќа учесници од регионот, односно автори и авторки кои пишуваат на македонски, црногорски, босански, хрватски, српски или албански јазик, а право на пријавување имаат афирмирани автори како и оние кои досега...

„Светло, камера, климатска акција!“ – Конкурс за најдобро видео на тема „климатски промени“

Фондацијата Метаморфозис објавува CTRLZ предизвик за млади - Конкурс за најдобро видео на тема „климатски промени“. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 14 до 29 години. Учесниците на конкурсот треба да создадат кратко видео на тема „климатски промени“ во кое ќе го прикажат влијанието на климатските промени врз природата и околината или пак ќе...

МКЦ го поништи конкурсот за идејно-графичко решение „50 години МКЦ“

По острите реакции на социјалните мрежи во однос на Конкурсот за избор на идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“, од Младинскиот културен центар (МКЦ) попладнево соопштија дека се одлучиле да го поништат конкурсот и да се заблагодарат на сите 51 апликант кои ги доставија своите трудови на Конкурсот. „Со оглед на ситуацијата и двојбата што произлезе по...

Поради плагијат МКЦ ја промени одлуката за победникот на конкурсот за 50 годишнината

По јавното објавување на резултатите од конкурсот за идејно-графичко решение по повод јубилејот „50 години МКЦ“, според кои визуелното решение на Милан Димитриев беше избрано за најдобро, Младинскиот културен центар го промени победникот на конкурсот. Од МКЦ соопштија дека оваа одлука е донесеена откако во јавноста е посочена веб-страница од каде што прворангираниот целосно ископирал и преземал визуелно решение. „Со тоа,...

Милан Димитриев со најдобро идејно-графичко решение за „50 години МКЦ“

На Конкурсот што го распиша Младинскиот културен центар (МКЦ) за идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“ за најдобар е избран трудот на Милан Димитриев, соопштија од МКЦ. Поради високиот квалитет на пристигнатите решенија, како што се истакнува, жирито одлучило да му даде пофалница на второрангираниот Гоце Велески. Тие информираат дека на овој конкурс пристигнале 51 апликација со визуелни...

Објавен конкурсот за проекти од национален интерес во филмската дејност

Агенцијата за филм го објави конкурсот за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност за 2022 година, односно за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер. Право на учество во конкурсот имаат правни лица регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации. Приоритет за финансирање ќе имаа проектите кои...

Во тек е меѓународниот конкурс за поезија „Антево Слово“ во Сицилија, Италија

Остануваат уште десет дена до завршувањето на петтиот меѓународен конкурс за поезија во Сицилија, „Антево Слово“ 2021/2022, кој е отворен за сите македонски поети што ќе испратат своја необјавена песна. Конкурсот како и наградата „Антево слово“ се дел од големата меѓународна поетска манифестација, „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“) како резултат на...

Отворен конкурс за платено стажирање во Европската Комисија

Европската Комисија месецов го отвори конкурсот за платено стажирање и обуки кои ќе се спроведуваат во октомвриската сесија, односно почнувајќи од октомври 2022 година. На конкурсот може да се пријават сите заинтересирани кои имаат завршено тригодишно високо образование, го познаваат англискиот јазик и имаат познавање од германски или француски јазик. Доколку бидете одбрани, стажирањата претставуваат работење на позиција што најмногу одговара...

Уште два дена до завршувањето на конкурсот на МКЦ за визуелно решение за јубилејот „50 години МКЦ“

По повод славењето на јубилејниот 50-ти роденден на Младинскиот културен центар оваа година, од таму најавуваат креативни повици и конкурси слободни за учество на сите креативци и уметници. Првиот отворен повик беше отворен на 22 декември минатата година со конкурс за избор на идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ во 2022 година – со цел...

Распишан конкурсот за наградата „Роман на годината“ 2021

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распишува годинешниот конкурс за наградата „Роман на годината“ кој започнува денес, 15 декември и ќе трае до 15 јануари 2022 година. Право на учество има секој автор чиј роман бил за првпат објавен на македонски јазик во 2021 година. За учествување сите кандидатите се обврзани да достават по пет...

ДКСК со јавен повик за средношколци за креативни решенија на тема заштита на укажувачите

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) распиша јавен повик за изработка на цртежи, на кој може да учествуваат сите средношколци, особено оние од средните уметнички училишта. Целта на овој повик е да се поттикнат младите да ги искажат своите погледи на тема значењето на укажувачите на корупција и потребата за нивна заштита, преку изработка на визуелни пораки, графики...

„Гринфилм“: Можност за младите филмаџии да ја пренесат нивната порака за заштитата на животната средина

Младите заљубеници во природата кои имаат желба преку филм да ја пренесат својата порака за заштитата на животната средина имаат можност тоа да го сторат до 1 декември преку конкурс за кратки филмови. Europe House ги повика младите луѓе на возраст од 15-25 години да учествуваат на конкурсот #GREENFILM за кој нивна задача ќе биде да продуцираат кратки филмови од...

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...