fbpx
Таг: конкурс

таг: конкурс

Објавени конкурсите за доделување на ученички стипендии, аплицирањето e до 13 ноември

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека денеска се објавени конкурсите за доделување на средношколски стипендии за учебната 2022-2023 година и можат да се погледнат на следниот линк. Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија. Постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана...

Конкурсите за ученички и студентски стипендии ќе бидат објавени наскоро, нема да се кратат износите

До крајот на месецов се очекува да биде објавен конкурсот за доделување на ученички стипендии, а потоа и конкурсот за доделување на студентските, вели за „Мета.мк“ министерот за образование и наука, Јетон Шаќири. Во однос на шпекулациите за намалување на стипендиите за студентите, Шаќири вели дека нема да бидат кратени ниту износите, ниту квотите, но додава оти ќе се менуваат...

Конкурс за краток хорор расказ за „Ноќта на вештерките“

Во пресрет на празникот „Halloween“ или „Ноќ на вештерките“, кој се одбележува на 31 октомври, Новинската агенција „Мета.мк“ трета година по ред објавува Конкурс за краток хорор расказ. Годинава, конкурсот се одвива во соработка со Книжевниот центар „Антолог“. Право на учество на конкурсот имаат сите млади лица на возраст од 16 до 29 години. Трудовите треба да бидат ваши и оригинални,...

Креативен конкурс за млади на тема – Што значи безбедноста, солидарноста и соработката за вас?

Младите на возраст од 15 до 29 години кои создаваат дизајни и други креативни содржини на социјалните мрежи ќе имаат можност да учествуваат на конкурс на тема тема од областа на безбедноста, солидарноста и соработката. Мисијата на ОБСЕ во Скопје во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), распиша конкурс на кој младите...

Објавен конкурс за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик

Издавачката куќа „ТЕМПЛУМ“ по седумнаесетти пат го распишува конкурсот „Новите!“, за најдобар прозен дебитантски ракопис на македонски јазик. За наградата може да конкурираат исклучиво дебитанти, кои пишуваат на македонски јазик и кои претходно немаат објавено прозна книга. „Ракописите, треба да бидат напишани на кирилица, во македонска кодна поддршка, со фонт 12, проред 1,5 во А4 формат и не смее да...

Објавени се листите со примени бруцоши во студентските домови

Студентски дом Гоце Делчев
Објавени се списоците со примени студенти од прва година на студии во државните студентски домови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). За бруцошите беа предвидени вкупно 1.165 места во домовите. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:  Примени студенти ДСД Гоце Делчев Примени студенти ДСД Стив Наумов (нови бараки)  Примени студенти ДСД Стив Наумов (трета зграда)  Примени студенти ДСД Томе...

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови по поднесените приговори

Студентски дом Гоце Делчев
Министерството за образование и наука (МОН) ги објави листите со примени студенти од втора и повисоките години во државните студентски домови кои не беа задоволни од резултатите од Конкурсот и поднесоа приговор до 12 септември. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови:  Список на примени студенти во Стив Наумов 3 зграда, кои се ослободуваат од партиципација (...

Објавен е конкурсот за стипендии за учениците во Математичко-информатичката гимназија

Министерството за образование и наука (МОН) го објави Конкурсот за доделување на стипендии на редовните ученици запишани во ДСУ Математичко-информатичка гимназија-Скопје за учебната 2022/2023 година. Износот на стипендијата ќе биде 3.500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година, информираат од МОН. Учениците кои ги исполнуваат условите наведени во Конкурсот треба да пополнат електронска пријава и да ја...

Распишан конкурсот за стрип наградата „Лифт“

Издавачката куќа Темплум по петти пат го распишува конкурсот за македонски стрип, „Лифт“. Право да конкурираат за наградата имаат сите граѓани на Република Северна Македонија кои ќе испратат сопствени досега необјавувани авторски стрипови, до 16 табли (или страници). „Почитувани автор(к)и, можете да ни испраќате и стрипови од една или две страници, но не повеќе од 16 страници. Стриповите треба да ни...

Рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од италијански стрип продолжен до 18 септември

Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје информира дека рокот за конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 18 септември. Победничкиот плакат кој ќе биде одбран од жири комисијата ќе биде официјален плакат на „Comics Day“ – Денот на италијанскиот стрип што ќе се одржи во октомври 2022 година. Содржината на постерот треба да соодветствува со...

Објавени се листите со примени студенти во студентските домови

Студентски дом Гоце Делчев
Објавени се списоците со примени студенти од втора и повисоките години на студии во државните студентски домови, соопшти Министерството за образование и наука (МОН). Кратко по објавата на списоците, веб-страницата на МОН стана недостапна. Списоците со примени студенти можат да се видат на следните линкови: Студентски дом „Гоце Делчев“ Студенти примени во ДСД „Гоце Делчев“ - Скопје кои по алтернатива...

Објавени победниците од меѓународниот стрип-конкурс „Стрипот и историјата“

Објавени се наградите за првото издание на Меѓународниот конкурс за стрипови на тема „Стрипот и историјата“ што се одржуваше од март до јули 2022 година во организација на „CAN for BALKANS – Comics Alliance Networking for Balkans“. Организаторите информираат дека во финалето при изборот влегле 27 автори од Белгија, Бугарија, Македонија, Романија, Србија, Украина и Кина, а секој од нив...

Прогласени победниците на стрип конкурсот „За нашите соседи и пријатели“

Познати се победниците на тематскиот стрип конкурс „За нашите соседи и пријатели“ на Стрип центарот на Македонија од Велес. Во категоријата средношколци, првото место го освои Ангела Петрушевска од Скопје за стрипот „Интегрираната заедница е нашата иднина“. Второто место ѝ припадна на Тамара Мишковска од Скопје за стрипот „Надеж“, а третото на Анастасија Недељковска од Куманово за стрипот „Верувај во...

Продолжен рокот на Конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

Рокот за доставување на изработените постери инспирирани од хероите на италијанскиот стрип е продолжен до 5 септември, информираат од Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје. Тие заедно со Амбасадата на Италија во Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавија конкурс за изработка на постер во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи...

Објавен меѓународен конкурс за изработка на стрипови на тема „Стрипот и историјата“

Сите заинтересирани автори се повикани да учествуваат на меѓународниот стрип-конкурс на тема „Стрипот и историјата“, којшто се одржува во рамките на проектот „CAN for BALKANS - Comics Alliance Networking for Balkans“, информираат од Стрип центарот на Македонија од Велес. „Стриповите треба да ја опфаќаат горенаведената тема, со опфат на секој историски период, од праисториско време и антика до современ период....

Објавен конкурсот за фотографии „Со љубов од Битола“

Центарот за европски развој и интеграција од Битола во партнерство со НУ Центар за култура Битола, со поддршка од Министерството за култура го објави конкурсот за фотографии за десеттото јубилејно издание на изложбата „Со љубов од Битола“. Тема на конкурсот се „Архитектонските симболи на Битола“, а право на учество имаат сите љубители на фотографијата – аматери и професионалци. „Фотографиите треба да...

УКИМ го објави конкурсот за прием на студенти на прв циклус студии

Филозофски факултет УКИМ
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска го објави конкурсот за запишување на студенти на прв циклус студии во учебната 2022/2023 година. За претстојната академска година на факултетите на најстариот универзитет во земјава има 10.918 слободни места. Од нив, 5.306 места се предвидени за редовните студенти кои ќе плаќаат партиципација од 200 евра, 4.522 слободни места има за редовни студенти...

Објавен конкурсот за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип

Во пресрет на Comics Day / Денот на италијанскиот стрип, што ќе се одржи во октомври 2022 година, Амбасадата на Италија во Скопје во соработка со Институтот „Данте Алигиери“ од Скопје и Филмскиот Фестивал за млади „Џифони Македонија“ објавува конкурс за изработка на постер инспириран од хероите на италијанскиот стрип. „Иницијативата има за цел да го поттикне интересот на младите...

Прогласени победниците на конкурсот за најдобар концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“

Тројца основци ги добија првите три награди на конкурсот за најдобар концепт за видео игра на тема „Заштита на животната средина“ во рамки на проектот „Видео игротека“, соопштија организаторите од Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии – УМПАКИ Скопје. Првото место го освои Матеј Цветковски од Радовиш, второто Темјана Јорданоска од Скопје, а третото Душко Геразов од Скопје. Признание...

Наградени средношколци-автори на стрипови од регионот на конкурсот со тема регионално помирување

Како дел од заедничката имплементација на меѓународниот стрип конкурс „ALL WE ARE SAYING IS GIVE RECONCILIATION A CHANCE“, денеска во Центарот за култура „ГРАДАЦ“ во Рашка, Србија ќе се одржи изложба од сите стрипови пристигнати на овој конкурс на тема регионално помирување. Организација која е носител на овој проект е Стрип центар на Македонија-Велес, информираат тие. На оваа изложба ќе...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...