fbpx
Таг: Конгрес

таг: Конгрес

Победете ги емоциите, им порача Груевски на кандидатите за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ

По обвинувањата од Филип Петровски, дека во ВМРО-ДПМНЕ се води валкана кампања пред конгресот за избор на нов партиски претседател, Никола Груевски денеска на излегување од судот рече дека токму затоа го имал последното обраќање преку неговата официјална „Фејсбук“ страница. - Во овој момент има внатрепартиска кампања и има се и сешто, јас слушнав за дел од тие наводи во...

Жбогар: По конгресот очекувам конструктивна, а не деструктивна ВМРО-ДПМНЕ

Се надевам дека по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ следната недела, ќе добиеме опозиција која нема да биде посветена само на тоа деструктивно да ги спречи работите кои се случуваат, вели евроамбасадорот Самуел Жбогар во интервју за неколку медиуми, пренесува „Алсат М“. - Подобро е да имаме опозиција која ќе и конкурира конструктивно на Владата, со идеи, предлози и сугестии, како да...

Груевски објави упатство за наследниците: Без навреди и уцени, се бира идниот премиер

Никого од кандидатите за претседател на ВМРО-ДПМНЕ не сум овластил да се повикува на моја наводна ексклузивна поддршка, заради собирање потписи за поддршка или гласање, вели Никола Груевски претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во оставка. Тој преку неговата официјална „Фејсбук“ страница испрати осум пораки до кандидатите и потенцијалните кандидати на партијата и до делегатите на Конгресот кој треба да се одржи на...

ВМРО-ДПМНЕ: Делегатите од Конгресот се разрешени затоа што се вработени во МВР и МНР

Шеснаесет делегати од Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ се исклучени поради тоа што се функционери во државни институции, а еден е починат, соопштија од партијата. „Во врска со шпекулациите дека неправедно се исклучени 16 делегати од конгресот, ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека едно лице е исклучено заради тоа што е починато, а другите заради тоа што се вработени или функционери во МНР,...

ВМРО-ДПМНЕ го објави списокот на делегати за вонредниот конгрес

ВМРО-ДПМНЕ, по седницата на Централниот комитет на кој 100 членови гласале за, еден бил против, а десет воздржани да се одржи вонреден конгрес на 22 и 23 декември на кој ќе се избира нов партиски лидер, на својата веб-страница го објави списокот на делегати.

Груевски поднел неотповиклива оставка, нов лидер ќе се бира на 22 и 23 декември

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски вечерва поднел неотповиклива оставка пред Централниот комитет на партијата. На состанокот на Централниот комитет 100 членови гласале да се одржи вонреден конгрес на кој ќе се бира нов претседател на партијата, еден бил против а десет биле воздржани. Како што подоцна објасни генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, конгресот ќе се одржи на 22 и 23...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го свика конгресот за избор на нов претседател

Централниот комитет (ЦК) на ВМРО-ДПМНЕ денеска попладне ќе оддржи седница на која треба да ја потврди одлуката за оддржување на вонреден партиски конгрес на 23 декември во Валандово. На овој конгрес би требало да се прифати најавената оставка на партискиот претседател Никола Груевски и да се избере негов наследник. До вчера единствената јавно објавена кандидатура за првото место во ВМРО-ДПМНЕ...

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе го подготвува конгресот за оставката на Груевски

На состанокот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи утре, околу 130 негови членови ќе ги подготват сите документи и дневниот ред за оставката на Никола Груевски и изборот на нов партиски лидер, на вонредниот конгрес на 23 декември во Валандово. Според партискиот статут, Одлуката за вонредниот конгрес треба да ја потврдат 2/3 од членовите на централниот комитет...

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Филип Петровски ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а својата одлука ја соопшти во вечерашната емисија „Само вистина“ на телевизија „Канал 5“. - Ова е една од најсериозните одлуки во мојот живот. Долго време размислував, имав разговори со многу значајни луѓе во мојот живот, почнувајќи од семејството, угледни интелектуалци и членови на партијата, луѓе со корени во историјата на...

Генералот Величковски ќе говори во Конгресот на САД за безбедноста на регионот

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски од утре ќе оствари работна посета на Соединетите Американски Држави, информираат од Генералштабот на АРМ. Во соопштението се вели дека Величковски ќе оствари повеќе средби на високо ниво во здружениот штаб на Вооружените сили (ВС) на САД во Пентагон и во одделот за мировни операции на Обединетите нации (ОН). „Величковски пред претставници на Конгресот...

Дарко Димовски избран за претседател на ССМ на вонреден конгрес

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на вонреден конгрес го избра досегашниот в.д претседател Дарко Димовски за нов претседател на ССМ. Тој беше избран преку јавно гласање со мнозинство гласови. Неговиот противкандидат, Пецо Грујовски од УПОЗ, изјави дека ова бил најконтроверзниот конгрес. – Во оваа пригода немам што да изјавам освен дека изгубија Сојузот на синдикати на Македонија и работниците - изјави...

БГНЕС: „Античкиот“ Димовски најверојатен кандидат за наследник на Груевски

Во централата на ВМРО-ДПМНЕ најчесто се споменува името на Илија Димовски како најверојатен кандидат на Никола Груевски на местото претседател на партијата, наведува бугарската новинска агенција БГНЕС во текстот посветен на најновиот развој на настаните во најголемата опозициска партија во Македонија. Како што коментира БГНЕС, Димовски, како еден од членовите на извршниот комитет на партијата кои уживаат најголема доверба на сегашниот...

Прием во Владата за Денот на албанската азбука и честитка од Џафери

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, Хазби Лика, денеска организира свечен прием по повод 109-годишнината од Конгресот на албанската азбука. На настанот што ќе се одржи во Владата, со почеток во 10 часот, ќе учествуваат доајени на албанското образование, просветни работници и други. Во 15.15 часот владина делегација предводена од вицепремиерот Лика ќе го посети Музејот на...

Трет конгрес на Партијата за движење на Турците

Партијата за движење на Турците (ТХП) денеска ќе го одржи третиот редовен конгрес. Конгресот ќе се одржи во хотелот „Александар палас“ во Скопје, со почеток во 13 часот. На конгресот партијата ќе избира нов претседател, како и членови на централното собрание. Актуелниот претседател на партијата, Аднан Ќахил, веќе најави дека нема да се кандидира за нов мандат. Аднан Ќахил е министер...

Прекинат конгресот на ССМ – делегатите не гласаа за нов претседател

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска на вонредниот конгрес во Охрид не избра нов лидер. Дел од присутните делегати остро реагираа и упатија бурни критики поради тоа што за новата лидерска функција беше предложен само еден кандидат, односно претседателот на гранковиот синдикат СУТКОЗ, Дарко Димовски. Конгресот, кој се одржуваше зад затворени врати беше прекинат. Сега Верификационата комисија...

ССМ избира нов претседател – Димовски е единствен кандидат

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на вонреден конгрес во Охрид ќе избере нов претседател, а единствен кандидат за оваа функција е актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски, кој доаѓа од Синдикатот на СУТКОЗ. Советот и Претседателство на ССМ ја прифатија кандидатурата на Димовски, а ги одбија кандидатурите на Пецо Грујовски, кој е претседател на УПОЗ, како и на претседателот на...

Државите да ги зголемат ефектите од отворените образовни ресурси

Вториот светски конгрес на отворени образовни ресурси (ООР) се одржува од 18 до 20 септември во Љубљана во организација на УНЕСКО и на Владата на Република Словенија. На конгресот учествуваат министерката за образование и наука, Рената Дескоска, и претставници од Македонија. Членот на Алијанса за ООР во Македонија, професорот од Економски институт, Зоран Јаневски, вели дека овој конгрес е особено значаен поради...

Конгресот одобри 15 милијарди долари за штетите од ураганот Харви

Претставничкиот дом на САД, а потоа и горниот дом - Сенатот, вчера усвоија закон за доделување 15 милијарди долари за помош на настраданите и за обновување на оштетените објекти од ураганот Харви. Пратениците го усвоија законот со 316 гласа „за“ и 90 „против“.

Путин: Одговорот на Русија на санкциите од САД ќе зависи од конечната верзија на законот

Русија ќе протера 35 американски дипломати и максимално ќе го ограничи нивниот број доколку американскиот претседател Доналд Трамп го потпише законот кој се однесува на санкции против Русија, пишуваат руските медиуми, повикувајќи се на извори од руското министерство за надворешни работи. Руското МНР ја разгледувало можноста и за непропорционален одговор, на тој начин што Москва може да ја одбие соработката со...

Таравари од денеска е во петдневна работна посета на САД

Министерот за здравство, Арбен Таравари, заедно со делегација од кабинетот, од денеска е во петдневна работна посета на Соединетите Американски Држави, информираат од кабинетот на министерот. Работната посета ќе почне во Вашингтон, каде што министерот ќе се сретне со претставници на американскиот Конгрес, Стејт департментот, како и на Амбасадата на Македонија во САД. „За време на престојот во Вашингтон, министерот ќе има средба...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...