fbpx
Таг: Конгрес

таг: Конгрес

Тетовското крило на Беса в сабота ќе бира лидер, скопското вчера го избра Гаши

Крилото на досегашниот претседател на Движењето Беса, Билал Касами, објави дека партијата ќе го одржи својот прв партиски конгрес на 24 февруари. Вчера, пак, скопското крило одржа конгрес на кој за претседател беше избран Африм Гаши. Абдуш Демири, најавувајќи го конгресот на денешната прес-конференција на партијата во седиштето во Скопје, рече дека нема да коментираат собири на „други партии и...

Касами: Не постојат две движења Беса, на Конгресот секој може да се кандидира за лидер

Не постојат две движења Беса, има само едно кое работи согласно одлуките донесени на состанокот на Централниот совет во Тетово на 6 јануари годинава, изјави Билал Касами на прес-конференција. - Апелирам до сите, ако навистина се дел од движењето Беса, да дојдат и да ги претстават кандидатурите за лидер на партијата согласно определените рокови, да направиме една здрава и демократска...

Тетовскиот огранок на Беса бара да се почитуваат легитимните органи на партијата

Портпаролот на Движењето Беса, Абдуш Демири денеска информираше дека, членовите на Централниот одбор што вчера одржале неформален состанок во Скопје биле поканети да присуствуваат на состанокот на Централниот совет на Движењето Беса во Тетово. - Последните информации ни беа дека тие ќе дојдат, но во последен час слушнавме дека тие одржуваат некој неформален состанок во Скопје, на кој што донеле...

Раскол во Беса: Два централни одбора, две најави за конгрес, нејасно е кој ја води партијата

Опозициската партија Беса е во длабок раскол по двата паралелни собири на највисокиот партиски орган, Централниот совет - еден во Скопје и друг во Тетово - на кои беа донесени дијаметрално спротивни одлуки. На собирот во Скопје од лидерската позиција е сменет Билал Касами, заради „политичкиот пад на партијата“ и е најавен конгрес на 21 февруари, а во Тетово...

СДСМ: Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ да покаже одговорност и конструктивност

Од владејачката СДСМ и порачуваат на ВМРО-ДПМНЕ дека по конгресот и изборот на нов претседател на партијата, граѓаните и целата домашна јавност очекуваат новото раководство на опозициската партија да ги напушти досегашните политики на поделби, деструкции, лажни вести, блокади и сеење омраза и да даде конструктивен придонес во спроведувањето на зацртаните реформи. „ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред граѓаните и...

Бенон и Левандовски добиле повик за сведочење

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон и поранешниот шеф на кампањата Кори Левандовски, повикани се да сведочат пред конгресмените во истрагата за вмешаност на Русија во претседателските избори во 2016 година. Двајцата добиле писма од одборот за разузнавачи работи на Конгресот, барајќи од нив да сведочат на почетокот на јануари. Одборот се уште нема добиено одговор ни од...

ВМРО-ДПМНЕ го прогласи Никола Груевски за почесен претседател

По завршувањето на долгиот говор, досегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски беше прогласен за почесен претседател на партијата на Конгресот кој што се одржува во Валандово. Откако Груевски зборуваше час и половина за подемите и падовите на партијата, за разочарувањата кои ги доживеал од неговите најблиски соработници и по пораките кои ги упати кон новиот лидер на партијата, Коце Трајановски...

Груевски: Мандатот го завршувам со нож во грб, на новиот лидер му порачувам да остане човек

ВМРО-ДПМНЕ подготви закон за амнестија за настаните од 27 април и се надевам дека тој ќе биде изгласан во Собранието, затоа што е потребно национално помирување и простување, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вонредниот Конгрес на партијата во Валандово каде што се бира нов партиски лидер. - Само така земјата може да оди напред, и да стави крај...

ВМРО-ДПМНЕ изгласа резолуција за осуда на политичкиот прогон

ВМРО-ДПМНЕ на Конгресот во Валандово изгласа резолуција за осуда на политичкиот прогон организиран од СДСМ. Конгресот го осуди, како што велат, политичкиот прогон спроведуван од СДСМ и монтираните судски постапки спроведени од СЈО и ОЈО, како и сите постапки поврзани со настаните од 27 април. „Главни причини и мотив за политичкиот прогон од СДСМ за лицата е заложбата за почитување и...

Јакимовски: Предавници имало и ќе има, а хиените секогаш ќе бидат лешинари

Да се сака земјата и народ е гревот што се става на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и на тие што ја водеа оваа влада, но таков грев не може да има. На власт сега дојде режим кој е подготвен да продаде се само за да владее, рече Стевчо Јакимовски од ГРОМ на 16. вонреден Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово. – Сакам...

Новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги земе во обѕир сите ставови, вели Димитриев

Поранешниот Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, во изјава за медиумите рече дека дискусиите на првиот ден од вонредниот конгрес на кој партијата ќе бира нов лидер биле многу коректни. -Дискусиите беа многу коректни, во насока на тоа што треба партијата да преземе во наредниот период, да биде подобро организирана, зајакната со дополнителни ресурси како што доликува на една квалитетна...

Димовски: Нема да присуствувам на Конгресот, изборот на претседател ќе биде формален

Илија Димовски се огласи вечерва на неговиот личен профил на Фејсбук и најави дека нема да биде дел од конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Валандово денеска и утре. Претходно и Антонијо Милошоски најави дека нема да присуствува. Во својот пост објавен вечерва, Димовски вели дека раководните лица и органи во партијата не создале услови за демократски конгрес, кој реално...

Кој под истрага, кој без пасош, кој во оставка: Се ситни Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Од вкупно 32 членови на Извршниот комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, обвинети и под истрага на Специјалното јавно обвинителство се пет члена - претседателот на партијата во оставка, Никола Груевски, поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, пратеникот Илија Димовски, пратеничката Даниела Рангелова и поранешниот технички премиер Емил Димитриев. Под истрага на ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, за насилствата во...

ВМРО-ДПМНЕ: Анализата за локалните избори ќе му биде предадена на новото раководство

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ги потврди точките кои ќе се дискутираат на претстојниот вонреден Конгрес кој треба да се одржи денеска и утре во Валандово, велат од партијата преку соопштение. Членовите на Централниот комитет биле информирани дека согласно Статутот на партијата, од двете пристигнати кандидатури, само еден кандидат доставил целосна документација до Правната комисија при партијата. Втората...

Димовски: Фактот што има само еден кандидат за лидер не е позитивен за партијата

Фактот дека има само еден кандидат за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ е изненадувачки и не е позитивен за партијата, изјави Илија Димовски пред почетокот на вечерашната седница на Централниот комитете на партијата пред вонредниот конгрес што утре и задутре треба да се одржи во Валандово. - Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Сè уште сме на ставот дека...

Мицкоски со чиста мисла се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја објави својата кандидатура за претседател на партијата во пресрет на вонредниот конгрес што ќе се одржи утре и задутре во Валандово. Мицкоски, во објавата на „Фејсбук“ вели дека ова за него лично е „една од најсериозните одлуки во животот“. - Во изминатиот период голем дел од членството на ВМРО-ДПМНЕ, членови на партиската структура, членови...

Конгресот ќе се одржи, протестите ќе се радикализират, најави ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, сепак ќе се одржи викендов на 22 и 23 декември во Валандово, соопштија од партијата. „Извршниот комитет дискутираше и во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет, кој одлучи, истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет...

Милошоски: Да не дозволиме новиот партиски лидер да биде марионета

Да не дозволиме новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ да биде марионета, изјави пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски пред почетокот на седницата на Извршниот комитет, вечерва во штабот на партијата. Тој додаде дека, барањата на членовите на партијата се добронамерни, со цел, како што рече, да не се дозволи, „новиот партиски лидер однапред да биде познат и...

Груевски: Одлуката за одржување на вонреден конгрес беше донесена едногласно

Одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, за одржување на вонреден конгрес на 22 и 23 декември во Валандово, како и бројот на делегати, беше донесена на седницата на ИК на 3 декември едногласно, без ниту еден глас против, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во оставка, Никола Груевски на неговата „Фејсбук“ страница. Груевски потенцира дека, ниту еден член на ЦК или некој...

Истакнати членови на ВМРО-ДПМНЕ бараат одложување на конгресот за избор на нов лидер

Високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ меѓу кои пратениците Илија Димовски, Антонијо Милошоски, Трајко Вељаноски, Крсто Јовановски, поранешните градоначалници - Никола Бакрачески, Борче Стамов и Илчо Захариев, денеска преку отворено писмо побараа одложување на конгресот на партијата за избор на нов лидер, бидејќи оној закажан за 22 и 23 декември „не гарантира демократски и транспарентен процес“. Триесетте членови и функционери на опозициската...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...