fbpx
Таг: Конгрес на САД

таг: Конгрес на САД

Вработените во Белата куќа, ЦДЦ, ФДА, „Фајзер“ и „Модерна“ не беа ослободени од ковид вакцинација

Извршната наредба што ја потпиша Бајден во септември 2021 година предвидува задолжителна вакцинација на федералните работници, таа се однесува на Белата куќа, ФДА, ЦДЦ и НИАИД. Тогаш Бајден издал посебни барања и за бизнисите со повеќе од 100 вработени кои морале да наложат вакцинирање или да бараат неделно тестирање на вработените. „Модерна“ и „Фајзер“ биле покриени со ова барање...

Американскиот Сенат одобри 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат, предводен од демократите, го одобри долгоочекуваниот пакет помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван, и покрај зголемените сомнежи за судбината на предлог-законот во Претставничкиот дом, контролиран од републиканците. Додека демократите беа за усвојување на законот, републиканците беа поделени и еднаш претходно го изгласаа „против“. На денешното гласање, сенаторите со 70 гласови „за“ и 29 „против“ го...

Конгресот спречи банкрот на САД со зголемување на лимитот на задолжување

Американскиот сенат го усвои законот за покачување на задолжувањето на САД, со кој се зголемува горната граница на американскиот долг од 31,4 милијарди долари, пренесува Си-ен-ен. Веднаш по вчерашното усвојување на законот, американскиот претседател Џо Бајден го пофали Конгресот, додавајќи дека со нетрпение очекува да го потпише усвоениот закон во текот на денешниот ден. Сенатот гласаше со 63 гласа „за“...

Директорот на ТикТок пет часа во Конгресот зборуваше за врските со Кина

Извршниот директор на ТикТок, Шоу Зи Чју беше принуден да ги брани односите на неговата компанија со Кина, како и заштитата на најмладите корисници, на вчерашното тензично сослушување во американскиот Конгрес. Сослушувањето доаѓа во време кога и двете политички партии во САД притискаат целосно да се забрани кинеската апликација, поради загриженост за националната безбедност. Ова е прво појавување пред американските...

Републиканците освоија тесно мнозинство во Претставничкиот дом во САД

Републиканската партија ја врати контролата на Претставничкиот дом во САД со тесно мнозинство, со што добиваат можност да му ја заматат агендата на претседателот Џо Бајден од Демократската партија, односно да започнат низа истраги против него, објави Асошиејтед прес (АП). Но, тесното мнозинство ќе значи голем предизвик за републиканците и ќе го искомплицира нивното владеење со домот, пишува АП. Една...

Вистиномер: Лага е дека била уапсена Ненси Пелоси

Фотографијата е направена на 13 јануари 2021 година, во моментот кога Пелоси се враќала од дебатата за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во Вашингтон. Од канцеларијата на Пелоси и од Службата за маршали на САД во изјава за сервисот за проверка на факти на АФП, изјавиле дека фотографијата не прикажува никакво притворање на Пелоси, пишува „Вистиномер“...

Конгресот ќе го отповикува Трамп, но за неговото отстранување од власт конечниот збор е на Сенатот

Се очекува Претставничкиот дом (Долниот дом) на Конгресот на САД денеска да го отповика од функцијата американскиот претседател Доналд Трамп, на само една седмица пред истекот на неговиот мандат. Причината се неговите изјави кои минатата седмица доведоа до насилствата и упадот во Конгресот, при што пет луѓе ги загубија животите. Инаку, вчера Претставничкиот дом исто така изгласа Резолуција со...

Трамп: Демонстрантите кои го прекршија Законот не ја претставуваат нашата земја

Како и сите Американци, револтиран сум од насилството и беззаконието при нападот врз Конгресот на САД. Америка е и секогаш мора да биде нација на редот и законот, вели Доналд Трамп во видео обраќање, на својот Твитер профил. „На демонстрантите кои се инфилтрираа во Конгресот: вие го осквернавивте седиштето на американската демократија. На оние кои се вклучуваат во акти на...

Конгресот на САД ја потврди победата на Џо Бајден, Трамп го призна поразот

Откако стотици приврзаници на претседателот Доналд Трамп вчера насилно упаднаа во Конгресот на САД, ноќеска по македонско време беше вратена контролата врз законодавниот дом и конгресмените се вратија на работа, па рано утрово ја потврдија изборната победа на новиот претседател на САД, Џо Бајден, јавуваат светските новински агенции. Конечната победа на Бајден над досегашниот претседател Доналд Трамп, кој се бореше...

Еден загинат по упадот на приврзаниците на Трамп во Конгресот, конгресмените ќе продолжат со работа

Во 2 часот по средноевропско време, американскиот Конгрес ќе продолжи со работа на утврдувањето на победата на американскиот претседател Џо Бајден. Гардијан јавува дека до моментот на упадот на приврзаниците на Доналд Трамп во зградата на Конгресот, електорските гласови на само две сојузни држави биле официјално избројани. Очекувањата се дека целокупната процедура ќе трае до доцна во ноќта. Ненси...

Полициски час во Вашингтон, протестот на Трамп стана насилен, демонстранти упаднаа во Конгресот

Десетици илјади приврзаници на американскиот претседател Доналд Трамп се собраа денеска во Вашингтон во последен обид да обезбедат пресврт во резултатите од претседателските избори на кои победи Џо Бајден. Конгресот денеска водеше дебата по која требаше да ги потврди гласовите на електорите пред стапувањето на функцијата на Џо Бајден за нов претседател на САД. Во критичните попладневни часови во Вашингтон,...

Републиканците и демократите од Конгресот го отфрлија барањето на Трамп за одложување на изборите

По вчерашниот твит на американскиот претседател Доналд Трамп во кој тој постави прашање за одложување на претседателските избори во САД закажани за 3 ноември, претставниците на Републиканската и на Демократската партија во американскиот Конгрес децидно го отфрлија ваквото барање. - Никогаш во историјата на земјата, преку војни, депресии и граѓанска војна, никогаш сме немале ненавремено одржување на изборите и ќе...

Кремљ ја оцени одлуката на САД за „Раша тудеј“ како непријателски чекор

Одлуката на Вашингтон да ги повлече акредитациите на новинарите на руската агенција „Раша тудеј“ за пристап во Конгресот на САД, поради нејзиниот статус на „странски агент“, е непријателски чекор, соопшти денеска Кремљ. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва е длабоко разочарана од ваквата одлука на Вашингтон и додаде дека рускиот парламент може „емотивно да одговори“ на новите рестрикции...

Анѓушев во официјална посета на САД

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Вашингтон, соопштија од неговиот кабинет. Анѓушев во главниот град на САД ќе учествува на Трансатлантскиот форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи. „За време на посетата планирано е вицепремиерот да...

ОМД бара конгресменот Рорабакер да биде отповикан поради изјавата за Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ги повика претседателот на Конгресот на САД, Пол Рајан, и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти, итно да го отповикаат конгресменот Дана Рорабакер (републикански претставник од Калифорнија) од функцијата претседател на Подкомитетот за европски работи, поради неговата изјава во интервју за „Визион плус“ од Тирана. Од ОМД велат дека Рорабакер „уште еднаш се посрамоти сам...

Македонски интелектуалци испратија писмо со поддршка до амбасадите на ЕУ и на САД

Група универзитетски професори, интелектуалци, аналитичари и поранешни високи владини функцинери и дипломати од Македонија, испратија писмо со поддршка до амбасадите на Соединетите Американски Држави и на земјите членки на Европската Унија. Преку писмото, како што е наведено, тие се обраќаат до Конгресот на САД и до Европската комисија, за да ја потврдат „решеноста за одлучна одбрана на принципите на парламентарната демократија...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...