fbpx
Таг: компанија

таг: компанија

„Оне-Вип“ почна со изградба на нова интегрирана мрежа

Компанијата „Оне-Вип“ ја почна изградбата на новата интегрирана мобилна мрежа. Создавањето нова мрежа почнува на крајот од 2015 година и ќе се одвива регион по регион. Придобивките ќе бидат достапни за поголемиот дел од корисниците кон крајот на 2016 година. - Новата мобилна мрежа ќе има цел на сите корисници на „Оне-Вип“ да им обезбеди значително поголеми капацитети на технологијата 3Г,...

„Тошиба“ ќе отпушти 7.000 работници

Јапонската корпорација „Тошиба“ има намера да укине од 6.000 до 7.000 работни места во обид да ја реструктуира компанијата, пишува јапонскиот весник за бизнис „Никеи“. Најголем број откази ќе бидат доделени во секторот за апарати за домаќинство. Компанијата, исто така, планира драстично да го намали обемот на производство во фабриката „Оме“ во Токио, во која се произведуваат телевизори и компјутери, а...

„Веибо груп“: Остануваме во Македонија, проблем е соодветен персонал

„Веибо груп“ ги зголемува своите бизнис-операции во Македонија, како во производствените капацитети, така и во малопродажбата, велат од компанијата за „Мета“, откако вчера СДСМ испрати соопштение дека оваа компанија, наместо тука, ќе инвестира во Србија. Оттаму велат дека за помалку од една година, целосно реконструираната и проширена фабрика во Крива Паланка ,„Веибо гармент“, го прошири производствениот капацитет со 500 нови...

Бугарската компанија „Мусала софт“ почна со работа во Македонија

Бугарската ИТ-компанија „Мусала софт“, која веќе почна да работи во Македонија со десетина лица, до 2019 година планира да отвори 300 работни места и да вложи повеќе од 20 милиони евра, најави денеска вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски. - Како резултат на напорите што ги прават Владата и Агенцијата за привлекување странски инвестиции, компанијата „Мусала софт“ почнува со работа во...

Компанија за софтверски услуги ќе отвори центар за истражување

Ирскиот провајдер на софтверски решенија за глобалниот финансиски пазар „Баракуда Еф-Икс“ (Barracuda FX) ќе отвори центар за истражување и развој во Македонија. Компанијата ќе инвестира еден милион евра и ќе вработи околу 80 лица. - Се работи за центар за истражување кој не е типичен и досега нема таков во Македонија. Целта е, од она што сега го има компанијата како...

„Гугл“ се реконструира во „Алфабет“

Компанијата „Гугл“ формираше нова компанија наречена „Алфабет“ (Alphabet) за контрола на своите различни бизниси. Новата компанија синоќа ја најави еден од коосновачите на „Гугл“, Лери Пејџ, кој ќе ја води заедно со другиот коосновач на „Гугл“, Сергеј Брин. Компанијата „Гугл инк“ ќе биде преименувана во „Алфабет“, а под нејзина капа ќе бидат пребарувачот „Гугл“, мејл-сервисот „Џимеил“, видеосервисот „Јутјуб“, оперативниот систем „Андроид“...

Тоневски: Нема да дозволам инвестиција на штета на граѓаните

Градоначалникот на Пробиштип, Тони Тоневски, еден ден по потпишувањето на договорот за изградба на леарница, на дополнителна прес-конференција објаснуваше зошто е значајна оваа инвестиција за градот. Леарницата,  според пробиштипскиот градоначалник, уште од  почеток ја следат шпекулации, особено за влијанието на животната средина. Како што вели градоначалникот Тоневски, капацитетот во првата фаза, ќе преработува околу 29.000 тони отпад годишно, но според...

„Леар“ од Мичиген најави инвестиција во Гостивар

Корпорацијата „Леар“, со седиште во Саутфилд, Мичиген, водечки глобален производител на делови од автомобилската индустрија, денеска најави дека планира да отвори нова фабрика во Гостивар, во текот на летото следната година. „Леар“ доставува делови за сите поголеми европски производители на автомобили. Се планира во новата фабрика почетно да се вработат околу 300 луѓе, а понатаму се очекува фабриката да се проширува.

„Атлантик група“ ја купи компанијата „Фудленд“

„Атлантик група“ потпиша договор за стопроцентно преземање на компанијата „Фудленд“ ДОО, со седиште во Белград и со погони за производство во подножјето на Копаоник, во населбата Игрос. Преземањето формално стапува на сила откако ќе биде одобрено од Српската комисија за заштита од конкуренција, кое се очекува на почетокот од наредната година. Во 2014 година се очекува вкупен промет од осум...

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...