fbpx
Таг: компании

таг: компании

Продолжува падот на кинеските берзи

Вредноста на акциите на кинеските компании денеска падна на најниско ниво во последните четири месеци и покрај мерките што властите ги презедоа за стабилизирање на пазарот. Речиси половина од кинеските компании го стопирале работењето на берзите за да се заштитат од колапс. Негативното влијание се прели и на пазарот во Хонг Конг, чијшто берзански индекс падна за повеќе од четири проценти. Губитокот го...

Колку повеќе успешни фирми, толку поголеми плати за инженерите

Стручниот образовен кадар е од голема важност за стопанските субјекти и за вклучување во глобализацијата со изострена конкуренција. Оттука, Советот на странски инвеститори и Машинскиот факултет потпишаа меморандум за соработка, за развој на стручното образование, со што ќе се добие квалификуван кадар во меѓународни рамки. - Главната цел е да се обезбеди квалитетна практична работа на студентите во компаниите кои се во...

Македонски извозни компании претставени на 20 странски пазари

Македонски извозни компании го претставија своето производствено портфолио и капацитет пред повеќе од 20 земји, со поддршка на Агенцијата за странски инвестиции и промоција. - Наша оцена е дека со ваквите средби ќе го зголемиме извозот на производи на сушено овошје (чипс од јаболка, чипс од праска и чипс од јагода). Се надеваме дека овие средби ќе продолжат и во...

Македонски компании на саем во Амстердам

Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија активно ќе учествува на годинешниот саем „Прајват лејбл мануфактурерс асосиејшн“ - ПЛМА (Private label manufacturers association) во Амстердам, како организатор на македонскиот павилјон, кој првпат се поставува на овој саем. На македонскиот павилјон во Амстердам ќе се претстават компаниите: „Макпрогрес“, „Рудине“, „Виталија“, „Конимекс“, „Магрони“, „Мултихем“ и „Хина“. Саемот ќе се одржи на 19 и на...

Компаниите можат да заштедат преку електричната енергија

Претставници на повеќе од 50 компании покажаа голем интерес за воведување енергетски менаџмент во своето работење, со што ќе ги намалат трошоците за електрична енергија за повеќе од 30 проценти. Тоа ќе им овозможи поголема ефикасност во работењето и намалување на трошоците. На овој начин, ќе ја зголемат нивната конкурентност и ќе ги зајакнат позициите на пазарот. - За компаниите од суштинско значење...

Економската состојба, лошо оценета од 38 проценти од компаниите

За 21 процент од компаниите што се активни во Македонија, сегашната економска состојба е добра, 38 проценти ја оценуваат како лоша, а за 41 процент таа е задоволителна. Ова го покажуваат резултатите на годинешната анкета на Македонско-германското стопанско здружение и Германската стопанска комора, која десетти пат ја спроведоа меѓу 179 компании членови, во првиот квартал од 2015 година. - За разлика од лани, задоволството...

ЕБРД нуди помош до 10.000 евра за малите претпријатија

Европската банка за обнова и развој во Македонија (ЕБРД) обезбедува финансии и бизнис-советување во различни области за пораст и за развој на мали и на средни препријатија. Преку консултантите кои ЕБРД ги ангажира, македонските компании може да користат бизнис-советување, од стратегија и маркетинг, до финансиски менаџмент. - Најголем проблем на компаниите се недоволна продажба, неискористеност на капацитетите, нема систематски напори...

Компаниите вложуваат десетина илјади евра за купување нова опрема

Повеќе од две третини од компаниите во Македонија, во периодот помеѓу 2010 и 2013 година, вовеле нови или подобрени производи или услуги, покажува истражувањето на „Кнолеџ центар“ од Скопје. Една третина од компаниите инвестирале во нови производствени процеси (31,4 проценти),односно во купување нова опрема, софтвери и други капитални инвестиции. Годишно, компаниите потрошиле 750.000 денари просечно за купување нова опрема, а...

Кинескиот пазар ќе се приближува на македонските компании

Стопанската комора на Македонија ќе учествува на состанок на Деловниот совет на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа утре (20 април) во Катовице, Полска, за време на седмиот Европски економски конгрес. Целта е приближување на кинескиот пазар на македонските комании. „Клучната цел на Деловниот совет е да ја поттикне економската соработка меѓу Кина и земјите од...

ЕБОР одобрува грантови за македонските компани

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобрува грантови за консултантски услуги за компаниите од Македонија. Повисоки грантови ќе добијат мали компании со помалку од 50 вработени, фирми што се наоѓаат во помалку развиените региони на кои им треба советување за стратегија, деловни процеси или инженерски решенија. Проектите за енергетска ефикасност, стратегија, деловни процеси, инженерски решенија и финансиско известување, исто така, ќе...

За две недели 70 жалби за неисплатен К15

Две недели откако помина рокот за приватните компании да им исплатат регрес за годишен одмор, 70 лица пријавиле во Државниот инспекторат за труд (ДИТ) дека парите не им биле исплатени. Од овие 70 пријави, само осум биле анонимни, а останатите јавни. Од Инспекторатот велат дека очекуваат да стигнат и други пријави. - Пријавите се, главно, од работници кои работеле по шест...

Сметките за вода за фирмите од април само во електронска форма

Од 1 април идната година, јавните претпријатија да ги доставуваат сметките за вода за команиите само по електронски пат, предвидуваат измените на Законот за снабдување со вода за пиење. Како што информира на отворената владина седница министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, на тој начин компаниите ќе си заштедат време и пари. Граѓаните, пак, сами ќе избираат дали ќе сакаат...

Од денеска нови правила за означување на храната во ЕУ

Македонските компании што извезуваат прехранбени производи во земјите од Европска Унија, ќе мора да се придржуваат на новите правила за означување на храната во ЕУ, кои стапија на сила денеска, пренесуваат медиумите. Според новите правила, на декларациите на производите треба јасно, со зацрнети или букви означени во друга боја, да бидат наведени потеклото, нутритивните табели, отстапките во нето-тежината и особено алергените. Најновите измени...

Незири на средба со компаниите од полошкиот регион

Денеска, во 12 часот, на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово (Бизнис-центар на универзитетот), министерот за економија Беким Незири ќе се обрати на бизнис-средбата на компаниите од полошкиот регион и на претставниците на Унгарска национална трговска куќа. На средбата, Унгарската национална трговска куќа ќе ги претстави можностите за соработка со бизнисмените од Стопанската комора на Северозападна Македонија, односно компаниите...

Повеќе од 70 компании се претставија на Саемот за вработување во Охрид

Денеска, во градот Охрид, беше одржан четвртиот Саем за вработување, дел од караванот саемски претставувања наменети за граѓаните кои активно бараат работно место. Вториот по големина саем, по оној оддржан во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“, беше домаќин на повеќе од 70 компании од регионот, но и од целата земја. - Денеска сме во град Охрид и морам да признаам...

Владина делегација во посета на Швајцарија

Македонска владина делегација, предводена од заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, во чиј состав се министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции, Висар Фида, почесниот конзул на Република Македонија во Принципатот Лихтенштајн, Норберт Зегер, како и економскиот промотор во Швајцарија, Арлинд Зекири, од денеска престојува во работна посета на Конфедерацијата Швајцарија. Денеска...

Пет фирми одржаа онлајн-презентација пред 22 промотори

Пред 22 економски промотори од повеќе земји, пет домашни компании денеска имаа онлајн-презентација на своите можности за извоз. Тоа е нов начин на комуникација на бизнисмените за да се видат ефектите од назначувањето и од работењето на промоторите во повеќе земји. На видеопрезентацијата учествуваа: „Макпрогрес“ од Виница, „Камел солар“ од Скопје, „Леов компани“ од Велес, „Техногума“ и „Кадино индустри...

(ФОТОГРАФИИ) Одржан Саем за вработување во Штип

Повеќе од 10.000 заинтересирани посетители присуствуваа на третиот Саем за вработување кој се оддржа во Безистенот во Штип, во организација на Агенцијата за Вработување на Република Македонија. На саемот се претставија 32 компании од Македонија, од кои најзастапени беа од производствениот сектор.  

Работодавците се сомневаат во искреноста на ФЗОМ за породилното

Ако Владата го прифати предлогот на ФЗОМ, оваа мерка ќе почне да се спроведува на почетокот на 2016 година
Грижа за родилките, бескаматно кредитирање на Владата или, пак, ублажување на негативната слика што Фондот за здравствено осигурување ја остава со задоцнетото исплаќање на породилното кај жените е заднината на новиот проект „Побрза исплата на надоместокот за породилно отсуство и боледувања“? Оваа предлог-мерка на ФЗОМ која допрва треба да влезе во владина процедура, а ако се прифати ќе се применува од...

Уште сто македонски компании ќе соработуваат со Кина

Компаниите во најголем дел се од секторите трговија, градежништво и индустрија
Во рамки на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), се приклучија 100 нови компании како дел од „Асоцијација за трговија и деловни односи“ кои работат со Народна Република Кина, соопшти ССК. Компаниите во најголем дел се од секторите трговија, градежништво и индустрија, а  дел се од секторските комори на ССК. - Придобивките за компаниите-членки на „Асоцијацијата за трговија и деловни...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...