fbpx
Таг: компании

таг: компании

Десет компании наградени за македонски квалитет од ССК

„Ариљеметал“, „Голден арт“, „Евросимовски консалтинг“, „Еуген“, „Зегин“, Институт „Југ“, „Камник винарница“, „Компјунет инженеринг“, „Македонија експорт“ и „Тинекс“ се компании кои беа наградени за македонски квалитет од Сојузот на стопански комори. Признанијата за македонски квалитет на девет добитници ги додели претседателката на Сојузот, Данела Арсовска. Претседателот Ѓорѓе Иванов го додели признанието за македонски квалитет на 20-илјадитиот член на Сојузот, Институт „Југ“, кој во...

Израелски компании заинтересирани за инвестиции во земјоделството

Премиерот Никола Груевски и министрите Никола Попоски и Џери Наумоф, кои се во посета на Израел, учествувале и се обратиле на бизнис-форум во Ерусалим. На форумот имало претставници на израелски компании од областа на земјоделството, енергетиката, туризмот и од областа на медицината. Владината делегација ги презентирала условите за инвестирање и за водење на бизнис во Македонија. Членот на Израелската комора на индустријалци,...

Почна откупот на тутунот

Големите компании почнаа со откуп на годинешната реколта на тутун, која изнесува 20.000 тони и е помала од ланската. Заради квалитетот, тутунарите очекуваат солидна откупна цена. Од денеска тутунот се откупува во компаниите „Алијанса“ од Кавадарци и „Струмица табак“, а до понеделник сите девет откупувачи ќе го проценуваат родот на вкупно 186 ваги на 152 откупни пункта во земјата.

Прогласени најуспешните 100 компании во Северозападна Македонија

Денеска министерот за економија, Беким Незири, се обрати на свеченaтa промоција на каталогот „Топ 100“, во кој е направен избор на најдобри компании од албанската бизнис-заедница во Македонија, во организација на Стопанска комора на Северозападна Македонија. Изборот „Топ 100“ се спроведува петти пат и има цел промоција на најмоќните албански компании на локалниот пазар. Промоцијата се врши преку каталог, што во...

Груевски ги претстави можностите за инвестирање пред кинески компании

Премиерот Никола Груевски оствари средби со претставници на компании кои имаат потенцијал за инвестиции во нашата земја, на маргините на Самитот на земјите од Централна и Источна Европа и Кина, што се одржува во кинескиот град Суџоу. Премиерот ги претставил можностите за инвестирање, а било разговарано и за конкретни проекти што би можеле да бидат интересни и привлечни за кинеските инвеститори. - Понудивме повеќе...

Македонска бизнис-делегација на Економскo-трговски форум во Кина

Делегација на бизнисмени, предводени од претседателката на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), Данела Арсовска, учествуваат на 5. Економскo-трговски форум на Кина и на земјите од Централна и од Источна Европа (ЦИЕ), кој се одржува во Суџоу, Кина. Повеќе од 1.000 претставници на компании од Кина и од 16 земји од ЦИЕ, премиери, државни владини претставници, делегации на највисоко ниво,...

МВР предупредува на зачестена појава на интернет-измами

Секторот за компјутерски криминал и дигителна форензика при Централните полициски служби (ЦПС) на МВР предупредува дека е забележана зачестена појава на интернет-измами со нелегално преземање и со посредување во деловната комуникација преку електронска пошта помеѓу македонски компании и нивните бизнис-партнери од странски земји, претежно од Азија, Африка и од Латинска Америка, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. „Имено, добро организирани...

Зголемен интересот на компаниите за доедукација на вработените

Се зголемува интересот на компаниите за поголема едукација и за дополнителна обука на вработените, во насока на подобрување на конкурентноста на работната сила и на компаниите во целина. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги презентираше новите можности од програмата „Еразмус плус“ за искористување на едукативните програми од бизнис-заедницата. На работилницата во Стопанската комора беа претставени можностите од новиот конкурс за...

Саемот во Франкфурт е голема можност за претставување на компаниите

Македонските компании денеска се запознаа со можностите за претставување на саемот во Франкфурт. Саемот не е комерцијален, туку е наменет за деловни активности во насока на зголемување на бизнис-активностите на компаниите од областа на текстилната индустрија, стоки за широка потрошувачка, автомобилска индустрија, техника, забава. - Македонските компании можат да одат на нашите саеми како посетители или како излагачи, да ги претстават своите производи, да...

Мукаетов: Има простор и за странските и за домашните компании

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, смета дека секоја од компаниите сама, на свој начин, треба да се грижи како да се развива и да ги придобие домашниот и странскиот пазар. Во однос на забелешките на домашните компании дека Владата повеќе се грижи за странските инвеститори, тој смета дека има простор за работење за сите. - Сметам дека домашните компании треба...

Стопанска комора: Заглавените камиони на границите ги зголемуваат трошоците

Македонските компании се загрижени поради состојбата со заглавувањето на камионите на границата меѓу Србија и Хрватска, како и неможноста за влез во Србија. - Блокадите на сите гранични премини помеѓу Србија и Хрватска дополнително ја усложнија состојбата, со што, практично, испораките кон Хрватска, Словенија и кон другите земји од Западна Европа се драстично намалени, доцнат, а се јавува и недостиг...

Домашните компании ќе може да користат 30 милиони евра, со поволна камата

Домашните компании ќе можат да искористат средства во износ од 30 милиони евра, преку поволната кредитна линија од Македонска банка за поддршка на развојот (МБПР) со субвенционирана камата, која не е поголема од 5,5 отсто. - МБПР има значајна кредитна линија што ја обезбеди Владата, која многу им помага на домашните компании. Досега Владата обезбеди 350 милиони евра, главно од Европската...

Делев: Не треба да се крева прав дека фирмите се казнуваат

Казните и глобите секогаш биле најмалиот генератор на приходи во вкупниот буџет на Македонија. Ова денеска го истакна заменик-министерот за економија, Христијан Делев. - Од вкупно изречените санкции во делот економија, вклучувајќи ги сите инспекторати и институции под нејзина надлежност, наплатени се 1,5 проценти, што е минорна бројка - рече денеска Делев, на седницата на собраниската Комисија за економски прашања. Членовите на Комисијата...

Повеќе од 30 компании заинтересирани да станат нови сопственици на „Џумајлија“

Повеќе од 30 домашни и странски компании се заинтересирани за закуп на земјиштето што му беше дадено на контроверзниот индискиот бизнисмен Субрата Рој во Лозово, потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, кој денеска беше во посета на Свети Николе и на Овчеполието. Со распишаниот меѓународен тендер за закуп, се прави нов обид да се најде концесионер за некогашното...

Незири: Енергетска криза ќе нема, но ќе има реални проблеми

Енергетска криза во Македонија нема, но ќе има реални проблеми кои ќе произлезат од блокадата на сметката на „Макпетрол“, изјави денеска министерот за економија, Беким Незири. Тој додаде дека сите лиценцирани компании кои увезуваат нафта и нафтени деривати немаат проблем во набавката на потребните енергенси. Но, „Макпетрол“ е најголем дистрибутер поради широката дистрибутивна мрежа. – Нема да има проблем во...

Поради корупцискиот скандал, новите спонзори бегаат од ФИФА, старите бараат објаснување

Светската фудбалска организација, ФИФА, признала дека копуцискиот скандал што ја тресе организацијата ги одвраќа од ангажман новите спонзори за Светското првенство и дека за август се планира состанок со постојните финансиски поддржувачи, јавува „Би-Би-Си“. „Моменталната ситуација не придонесува и не помага во финализирањето на кој било од новите договори“, изјавил генераланиот секретар на ФИФА, Жером Валке. Претходно, клучниот спонзор „Виза“ ја...

ССК: Особено радува што казните нема да бидат исти за малите и за големите компании

Од Сојузот на стопански комори (ССК) велат дека со измените на Законот за прекршоци, усвоено е уште едно од барањата на ССК што било доставено во 2013 година во делот на предлог-мерките за унапредување на деловното работење и за функционирање на компаниите во Македонија. Заменик-претседателот на ССК, Сеад Кочан, вели дека особено радува тоа што со паричните казни компаниите ќе бидат...

Нема кој да ги брани работниците: Дневница 400, а казна за отсуство 1.500 денари!

Со новата одлука за исплата на К15, оставено е компаниите сами да одлучат дали ќе исплаќаат или не. Во практика тоа би значело дека работниците тешко ќе можат да се надеваат на тие пари. И покрај тоа што досега исплатата на К15 беше задолжителна, компаниите наоѓаа различни „дупки“ како да си ги вратат парите. Ги исплаќаа парите на трансакциска сметка на...

За три месеци згаснале 1.300 компании

Последните податоци од Централниот регистар на Македонија покажуваат дека за првите три месеци од оваа година на доброволна основа се затворени 1.343 фирми, пишува „Коха“. Од друга страна, од јануари оваа година, до крајот на март се отворени нови 1.878 бизниси. Во споредба со истиот период минатата година, се бележи зголемување за 15 проценти.

Ќе се намали обемот на нарачките со Грција

Македонските компании немаат позначителни проблеми во соработката со грчките партнери, но истакнуваат дека соработката се одвива во отежнати услови поради неизвесноста на ситуацијата, што подразбира и можно намалување на обемот на нарачки како резултат на економската состојба во земјата. Ова денеска беше истакнато на состанокот на тема „Актуелни проблеми во стопанската соработка со компании од Република Грција“ во Стопанската комора на...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...