fbpx
Таг: комора

таг: комора

ИКТ Комора: Дигитализацијата на образованието треба да биде инклузивен процес

фото ИКТ Комора
Информациските и комуникациските технологии, ако се користат на соодветен начин, можат да придонесат за значително подобрување на квалитетот на животот, работата и на создавање нови вредности, со што се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии. Ова го посочува Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија, а во врска со полемиките во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците...

Во угостителството „висат“ 29.000 работни места, се бараат итни мерки од Владата

Малите и средните претпријатија кои имаат до 50 вработени, семејните компании и претприемачите се најпогодени со новата состојба предизвикана од Ковид-19. Субјектите чија главна дејност е угостителството, ставија клуч на врата, по уредбата на Владата за нивно затворање, а поради опасноста од ширење на вирусната инфекција. „Здравјето на граѓаните е најважно, но не смее да се дозволи да пропадне оваа...

ССК: Брзите измени на законите влеваат несигурност кај компаниите и граѓаните 

Брзите промени во даночната регулатива го зголемуваат ризикот во работењето и го оневозможуваат ефективното даночно планирање на компаниите, рече претседателот на Комората на сметководители Драган Митковски на денешната прес-конференција во Сојузот на стопански комори (ССК). Според него, тие се пречка за водење на бизнисот и предизвикуваат несигурност со што го забавуваат растот на економијата, создаваат незадоволство кај граѓаните и директно...

Политичката криза влијае врз стопанството, компаниите бараат брзо решение

Компаниите членки на Македонско-германското стопанско здружение се жалат на дефицитот на правната сигурност, политичката и социјалната стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата, по пред се непредвидливата политичка криза која има силно влијание на стопанскиот развој. Ова го покажува анкетата на здружението во која учествувале 71 компании и дури 51 процент од нив, актуелната состојбата ја оцениле како...

Наумов – Хоџа: Компаниите со намалена ликвидност и тешко доаѓаат до поврат на ДДВ

„Извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка најмногу се однесува на законите во одредена држава и на тоа колкав напредок направиле при нивно донесување, а за реалната состојба во економијата најдобро можат да кажат бизнисмените. Светска банка, исто така, имаше извештај во кој беа нотирана намалувањето на приватните инвестиции и лошите перспективи за пораст и за развој. Двете работи се...

По самитот во Сочи компаниите ќе можат да ги пласираат производите на големи пазари

Mакедонските компании имаат шанса за пласман на производи на големи пазари, по најавената зона на слободна трговија меѓу Русија и Југоисточна Азија, смета Македонско-руската стопанска комора по одржувањето на Самитот Русија - АСЕАН (Сојуз на држави од Југоисточна Азија) во Сочи. - Ова за македонските компании треба да биде сигнал за значително поагресивно настапување на рускиот и пазарот на Евроазиската...

Охридскиот советник Дејан Блажески го повика Бранко Азески да се огради од одлуката на Иванов

Дејан Блажески, член на Советот на Општина Охрид, јавно побара од претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, кој воедно е член и на Економскиот совет на Општина Охрид, да тргне по примерот на Стопанската комора на Северозападна Македонија и во името на целата комора да побара од претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, да ја ја повлече...

Прехранбениот сектор, клучен за соработката со унгарските компании

Можности за подобрување на трговската размена меѓу Македонија и Унгарија постои во делот на конфекционирање животински отпад, осигурување на земјоделството од природни непогоди, системи за наводнување, во семенарството, рибарството, како и во делот на примарното сточарство (живинарство, говедарство и свињарство), бидејќи во сите овие области Унгарија е меѓу  водечките земји во ЕУ. Ова беше истакнато на Македонско-унгарскиот деловен форум што...

Владата да не дава нереални ветувања и да се следи одливот на пари, бараат од СКСЗМ

Да се следат финансиските трансакции за да нема неконтролиран прилив и одлив на пари, Владата да се воздржи од нереални ветувања кои не може да ги исполни, како што се зголемување плати, пензии, разни премии, субвенции и нереални вработувања и да не се преоптоварува и задолжува на домашниот и на надворешниот пазар, се само дел од предлог-мерките за излез...

ОНХЦР: Застрашени сме од гробниците околу болниците во Газа

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации (ОНХЦР) Волкер Турк изјави дека е „застрашен“ од гробниците во Газа, пренесува Би-би-си. Во трите гробници кај болниците Насер и Ал-Шифа беа...