fbpx
Таг: комисиска расправа

таг: комисиска расправа

Започна комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2021 година, опозицијата поднесе 528 амандмани

Собраниската расправа за Предлог-буџетот за наредната година започна денеска во матичната Комисија за финасирање и буџет. Образложувајќи го буџетот за 2021 година, министерот за финансии Фатмир Бесими посочи дека тој базира на четири столба: економско заздравување од ковид-19, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности. Преку...

Утре почнува расправата за Законот за јазиците во Комисијата за европски прашања

Со почеток во 11 часот, утре во Собранието на Република Македонија, Комисијата за европски прашања ќе ја одржи 6-тата седница. На дневниот ред единствена точка е предлог-законот за употреба на јазиците, во второ читање. Оваа седница за законот за јазиците првично беше закажана за 22 ноември, Денот на албанската азбука, но претседателот на комисијата, Артан Груби, ја одложи. Тој рече...

Како „копи-пејст“, „препишани“ и „излишни“, не поминаа 95 амандмани за буџетот

„Не се прифаќа“. „За побараното со овој амандман веќе се предвидени пари во буџетот за 2018 година“. „Општините треба да аплицираат во соодветното министерство и ќе добијат пари од буџетот“. Така денеска гласеше постојано одговорот што го даваше Ширет Елези, заменик-министер за финансии, како претставник на Владата, на сите прашања од претседавачот на седницата на собраниската Комисија за финансирање...

Анѓушев: Предложениот буџет за 2018 година е најекономскиот и најреформскиот досега

Вицепремиерот за економски прашања денеска, еден ден пред почетокот на комисиската расправа за буџетот за 2018 година во Собранието, на прес-конференција истакна дека од сите буџети досега, предложениот за 2018 година има најреформски и најекономски карактер. Буџетот за 2018 година е 211,7 милијарди денари или 3,4 милијарди евра и треба да обезбеди најмалку 3,2 отсто пораст на домашниот бруто-производ (БДП),...

Жестоката расправа за бегалците ја прекина седницата на собраниската комисија

Претседателот на собраниската Комисија за труд и социјална политика, Владимир Ѓорчев, денеска на седницата посветена на предлог-стратегијата за интеграција на бегалци и на странци за периодот од 2017 до 2027 година и за националниот акциски нацрт-план за интеграција на бегалци, упати серија прашања до Министерството за труд и социјала. Ѓорчев побара одговори од заменик-министерот за труд и социјална политика, Елми...

Пленарната седница за предлог-буџетот за 2017 година закажана за понеделник

Пленарната седница на која пратениците треба да расправаат за предлог-буџетот за 2017 година е закажана за понеделник, 17 октомври. По завршување на комисиската расправа, предлог-буџетот за 2017 година беше вратен на повторно разгледување во Владата, која, пак, повторно го вратила до Собранието. Расправата за предлог-буџетот на пленарната седница може да трае најмногу пет дена. Предлог-буџетот за 2017 година тежи 3,3 милијарди евра.

На Катица Јанева ѝ се слоши, комисиската расправа одложена за утре

На специјалната обвинителка Катица Јанева вечерва ѝ се слоши откако цел ден присуствуваше на седницата на собраниската комисија за политички систем, на која втор ден се разгледува извештајот на Специјалното јавно обвинителство, објави телевизија „Телма“. Претседателот на комисијата, Влатко Ѓорчев, дозволи пауза, меѓутоа пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, инсистираше да постави прашања до Јанева. Тој не сакаше да ја напушти говорницата, по што Јанева...

Дали на 12 октомври може да се повтори 24 декември: Роковите го притискаат буџетот

До 12 октомври, кога најрано треба да се распушти Собранието заради изборите на 11 декември, остануваат 14 работни дена, во кои треба да се запазат сите законски рокови за донесување на новиот буџет за 2017 година, кој изнесува 3,3 милијарди евра. Предлог-буџетот за 2017 година, Владата до Собрание го достави на 20 септември, а според Законот за буџет, по доставата...

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...