fbpx
Таг: Комисија за заразни болести

таг: Комисија за заразни болести

КЗБ: Децата што примиле три дози ДиТеПер во последниве 6 месеци, можат да се вратат во градинка

Децата што примиле три дози ДиТеПер вакцина во последните шест месеци ќе може да посетуваат градинка, но под услов да се ревакцинираат во наредните шест месеци. Практично, рокот за ревакцина е скратен на 6 месеци, наместо како што беше досега, на една година. Ова е предлогот на Комисијата за заразни болести кој ќе му биде доставен на разгледување на министерот...

Инспекторите засилено да проверуваат дали во градинките има невакцинирани деца против голема кашлица

Членовите на Комисијата за заразни болести препорачуваат периодов да се засили инспекцискиот надзор во градинките за да се види реалната слика со вакцинирани и невакцинирани деца со ДиТеПер вакцина против голема кашлица, соопшти денеска портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ по состанокот на Комисијата. Ова следува неколку дена откако Мета.мк го отвори прашањето за тоа дали и колку се почитува одлуката...

Петличковски: Имаме 56 случаи на пертусис, состојбата не е стабилна, но е под контрола

Состојбата со голема кашлица е под контрола, иако не е стабилна бидејќи има пораст на потврдени случаи, заклучно со денеска вкупно се 56, соопшти денеска на прес-конференција претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски. Од вкупниот број заразени, 46 се од главниот град. 14 се деца под една година, а 9 се деца од 1 до 4...

Четири нови случаи на голема кашлица во земјава

Четири нови случаи на голема кашлица се евидентирани во државата, соопшти портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Со овие случаи, вкупниот број заразени е 22, од почетокот на годината. Има хоспитализирани деца, но и возрасни со пертусис (голема или магарешка кашлица). Комисијата вчера предложи прогласување епидемија на територијата на Скопје. Се чека конечна одлука од Министерството за здравство,...

КЗБ: Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје и да не се примаат во градинка невакцинирани деца

Членовите на Комисијата за заразни болести (КЗБ) денеска предложија да се прогласи епидемија на голема кашлица на територија на град Скопје. Една од одлуките е да се повикуваат родителите да ги носат своите деца на вакцинација, со акцент на оние кои прошуштиле некоја од дозите. Исто така, во моментот кога Министерството за здравство односно Владата ќе го прифати предлогот...

Петличковски: Taму каде што има најмногу крлежи ќе се прави дезинсекција, место за паника – нема

Членовите на Комисијата за заразни болести (КЗБ) ќе побараат од Владата да се организира акциски план, согласно кој ќе се направи проценка на преваленцата, односно ќе се види колку често и каде има најмногу крлежи по региони во државата. Таму каде што ќе бидат детектирани, ќе се направи дезинсекција, за да го намалиме ризикот од појава на нови случаи...

Комисијата за здравство со препорака да се укинат и последните мерки против ковид-19

Членовите на Комисијата за заразни болести (КЗБ), ќе предложат до Владата да ги укине мерките за задолжително носење маски во јавен превоз, во аптека, болница и во домови за стари лица. Предлогот треба да помине прво во Министерството за здравство (МЗ), па потоа во Кризниот штаб на Влада, а крајната одлука ја носи Владата. „По последниот сосатанок и во Светската...

По случајот со морбили кај бебе, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески

Откако беше регистриран случај на морбили кај 13 месечно бебе од Свети Николе, Комисијата за заразни болести донесе препораки кои се однесуваат на прилагодување на системот во однос на следењето и менаџирањето на случаите со морбили. Како што информира денеска д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на комисијата, ќе се засили епидемиолошкиот надзор врз сите осипни трески, бидејќи така побрзо може да...

Има опасност од појава на епидемија од морбили, родителите да ги вакцинираат децата, порачува КЗБ

Членовите на Комисијата за заразни болести денеска се состанале и дискутирале за респитаторните вируси кои циркулираат периодов. Меѓудругото, оттаму апелираат и родителите да ги вакцинираат децата против морбили затоа што процентот на вакцинирани деца против оваа болест е далеку под посакуваниот. „Во моментов нема потврден случај на морбили, со што е безбедно децата од понеделник да се вратат во училиштата“,...

Забрана за влез во објекти на невакцинираните е опција само ако се влоши епидемиолошката состојба

Во постот што го рецензираме, не се наведува контекстот, дека со законските измени предложено е додавање на уште една времена мерка која што не е на сила постојано, не се знае дали воопшто ќе стапи на сила и кога, но дадена е како опција во случај на епидемија. Ако се исполнат претходни услови, мерката треба да ја одобри Владата...

Нема јавна набавка за опрема за препознавање лица во училиштата и државните институции

Од Владата демантираат дека ниту Владата, ниту Министерството за внатрешни работи ниту Министерството за образование и наука во своите буџети не планирале набавка за опрема за препознавање лица во школи. Исто така, дојавите за бомби на ниеден начин не се во корелација со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Со законските измени предложено е додавање...

Состојбата со респираторниот синцициски вирус е под контрола, уверува Комисијата за заразни болести

Членовите на Комисијата за заразни болести констатирале дека состојбата со инфекцијата со РСВ (респираторен синцициски вирус), е стабилна, соопштија оттаму. Како што е наведено во соопштението, засега немало зголемување на бројот на новозаболени пациенти и хоспитализации, а болничките капацитети ги задоволуваат потребите за укажување здравствена грижа за децата со симптоми. Покрај тоа, членовите на Комисијата ја разгледале и актуелната епидемиолошка...

КЗБ: Се прави епидемиолошка анализа на сомнителниот случај на мајмунски сипаници

Комисијата за заразни болести на вчерашниот состанок ја анализираше актуелната состојба поврзана со појавата на сомнителен случај на мајмунски сипаници во земјата, информираат оттаму. „Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на сомнителниот случај. Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин во домашни или болнички услови на сомнителните...

KЗБ: Македонија е во фаза на широка трансмисија на ковид, нема нови рестриктивни мерки

На денешниот состанок, Комисијата за заразни болести (КЗБ) ја разгледала епидемиолошката состојба во земјата. Во изминатата недела се забележува благ пораст на бројот на нови случаи (8,5 отсто), што е значително понизок пораст споредено со претходната недела (55,7 отсто) и е во согласност со намалувањето на репродукцискиот број (Р0). Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, со...

Вистиномер: Комисијата се активираше поради зголемен број ковид случаи, а не за да го задуши протестот

Комисијата за заштита на населението од заразни болести уште на крајот на јуни почна да предупредува дека постои нагорен тренд на ковид инфекции во државата, а протестите против францускиот предлог почнаа подоцна. Односно, двете работи не се поврзани една со друга. Исто така, Комисијата на ниеден начин не може да влијае на протестите кои продолжија да се одржуваат и...

Поради зголемената трансмисија на коронавирус, МЗ препорачува внимателност и преземање мерки за лична заштита

Неспорно е дека во нашата држава се забележува зголемување на трансимисија на коронавирус, но и дека ова е општ тренд што не може да се очекува да се одбегне, велат преку соопштение од Министерството за здравство (МЗ). Иако во моментот состојбата е релативно мирна, со цел да остане таква Министерството за здравство препоречува внимание и преземање мерки за лична заштита....

Комисија за заразни болести: Расте бројот на ковид случаи, но во безбедна зона сме

Комисијата за заразни болести, на денешниот состанок ја разгледа актуелната епидемиолошка состојба во земјата и констатирано е дека има зголемување на бројот на нови случаи со ковид. Согласно методологијата за одредување на ризикот од Ковид-19 се зема предвид и процентот на хоспитализирани случаи, процентот на слободни болнички кревети, како и бројот на тешко болни и смртни случаи од Ковид-19,...

Новиот ковид бран почна порано од очекуваното, експертите велат: На плажа нема да се заразите, но во дискотека, големи се шансите

Бројот на нови ковид случаи во изминативе денови е во пораст. Ако до пред дваесетина дена бројката изнесуваше педесетина случаи на ден, во последниве денови веќе сликата е поразлична и се евидентираат и по речиси 300 нови случаи. Процентот на заразени достигнува и до 18 отсто од тестираните на дневно ниво. Здравствени експерти за Мета неодамна прогнозираа дека бројките...

За една недела бројот на нови ковид-случаи пораснал за 65,8 отсто

Членовите на Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65,8 отсто, информираат оттаму.  Тие констатирале и дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. „Согласно...

Мехмедовиќ: Го подготвуваме системот за евентуална епидемија со мајмунски сипаници

Да го подготвиме системот што е можно подобро за да одговори на евентуална епидемија со мајмунски сипаници и во нашата земја, е целта на Комисијата за заштита од заразни болести, кажа денеска портпаролот д-р Злате Мехмедовиќ. На денешниот состанок биле дискутирани клиничките патеки за следење, скрининг, дијагностика и третман на пациентите кои ќе бидат евентуално заболени од мајмунски сипаници....

Реакции по одлуката Саудиска Арабија да го предводи форумот за правата на жените на ОН

Саудиска Арабија е избрана да биде претседавач со комисијата на Обединетите Нации што ја промовира родовата еднаквост, а одлуката е критикувана од групи за човекови права поради исклучително лошото...