fbpx
Таг: коментар

таг: коментар

ЗНМ, ССНМ и СЕММ се залагаат за медиумски интегритет: коментар на вчерашната епизода од „Само Вистина“

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на настаните што се случија вчера на директниот пренос на „Само Вистина“ на ТВ Канал 5, каде во улога на гостин беше Исмет Рамадани, поранешен пратеник и актуелен советник на претседателот на Владата и новинарот...

МСНБЦ: Илон Маск го гледа Твитер како политичко оружје

Најбогатиот човек на светот Илон Маск, како нов сопственик и нов главен извршен директор на социјалната мрежа Твитер го користи овој сервис како политичко оружје, оти зад невидениот хаос што го зафати Твитер, има знаци на намера, коментира МСНБЦ. Како што пишува Зишан Алим, колумнист на оваа медиумска мрежа, по реактивирањето на Твитер профилот на поранешниот претседател на САД, Доналд...

Брнз: САД го почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина

САД заедно со сојузниците и партнерите, ќе ѝ помогнат на Украина да се брани од понатамошна руска агресија, вели американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз во нејзиниот коментар за состојбата со Русија и Украина, којшто денеска е објавен на веб-страницата на Амбасадата на САД во Северна Македонија. „Светот ја следи неиспровоцираната агресија на Русија кон Украина. Активностите на Русија се...

Условна казна затвор за автор на коментар со омраза напишан на Фејсбук-страницата на ЗНМ

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) извести за судска пресуда во корист на здружението. Станува збор за случај кога од профил на социјалната мрежа Фејсбук именуван како „Сашо Митев“ е напишан коментар под објава на Фејсбук-страницата на ЗНМ. Според пресудата од Основниот кривичен суд, лицето Сашо Митев е виновен по член 394-г од Кривичниот законик и му се утврдува казна...

„Србија Данас“ виде Голема Албанија и во средбата Заев – Рама

Практиката на некои српски веб-страници што претендираат да се нарекуваат медиуми да пласираат коментари во форма на вест, српската „Србија Данас“ вчера ја поттурна уште едно ниво надолу. Имено, пренесувајќи ја интегрално веста на српската државна новинска агенција „Танјуг“ за посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Тирана и за разговараното со неговиот албански колега Еди Рама, „Србија Данас“ одозгора...

Од фотографијата на Ѓилас во Скопје, „Пинк“ направи политичка ујдурма

Во напис на својата информативна веб-страница, српската телевизија „Пинк“ пишувајќи за посетата на претседателот на српската партија Сојуз за Србија, Драган Ѓилас премина од информирање во коментирање и на пласирање претпоставки. Под насловот „Еве со кого лидерот на СЗС се сретна во Македонија: Ѓилас во прегратките на Заев, Обрадовиќ, Башановиќ и Шубара“ се наоѓа краткиот напис во кој советниците на...

И српски „Спутњик“ во кампања: „Европски аплауз за Заев како крешчендо на лицемерието“

Руската владина новинска агенција „Спутњик њуз“ на својата верзија на српски јазик денеска објави текст  во кој го нападна македонскиот премиер Зоран Заев дека поткупувал и уценувал пратеници „за да го протурка политичкиот проект за измени на македонскиот устав“. „Македонскиот премиер Зоран Заев, сврте цел круг, од човек што стана лидер на Македонија на бранот на немирите поради корупцијата, до човек...

За белградска „Политика“ Мицкоски е пантомимичар, а Иванов херој

Под насловот „Референдумски ајвар“, провладиниот српски  весник „Политика“ во вторникот излезе со коментар во кој оценува дека „наместо витешки да признаат дека референдумот пропаднал, европските, американските и НАТО функционерите го прогласиле за победа, што дополнително ги распали политичките страсти“. „Лицемерието на западните владејачки политички елити и обидот за прекројување на волјата на граѓаните на Македонија коишто не се согласија да...

„То вима“: Грчките лидери го немаат луксузот на времето, итно ни треба единство

Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска во 16.30 часот по локално време ќе се сретне Ставрос Теодоракис, лидерот на партијата „Потами“ и ќе разговара со формирањето на Совет на национална безбедност и „за други национални праашања“, јави грчката новинска агенција АНА-МПА. Истовремено, провладината „То вима“ објави коментар под наслов „Итно да се обезбедни национално единство“ во кој повикува „веднаш да се...

Јанкулоска се подбива со предвидувањата на Гарет за Македонија во 2027 година

Поранешната министерка за внатрешни работи и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска, преку објава  на „Твитер“, со подбив ги искоментира предвидувањата на актуелниот британски амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет, за тоа каде ја гледа земјава за 10 години. Јанкулоска ја ретвитна англиската верзија од текстот на „Мета“ за оптимистичките предвидувања на британскиот амбасадор за Македонија, со наслов „Гарет: Македонија во...

Руско МНР: Да нема надворешни влијанија при формирањето на новата влада

„Ги повикуваме сите политички партии во Македонија да ја почитуваат волјата на гласачите, да дејствуваат единствено во рамките на Уставот и да ги избегнат надворешните контрапродуктивни влијанија во врска со формирањето на новиот владин кабинет“, се вели во коментарот на министерството за надворешни работи на Руската Федерација во врска со предвремените парламентарни избори во Македонија. „Веруваме дека македонските политичари се...

СЈО за говорот на Груевски: Не коментираме политички изјави

Специјалното јавно обвинителство не ги коментира изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој вчера, по повод 26. роденден на партијата, меѓу другото, изјави дека СЈО го изгубило својот кредибилитет и дека работи непрофесионално и под диктат на СДСМ. „Како што сме изјавиле повеќепати, ова јавно обвинителство не коментира политички изјави“, кратко одговараат од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева, на...

Приведена новинарка поради критика за Ердоган на „Твитер“

Новинарка со турско-холандско потекло е приведена на испитување поради коментар на „Твитер“ за претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Весникот „Метро“ наведува дека нивна колумнистка Ебру Умар била приведена во саботата. Умар неодамна за „Метро“ напишала текст со критики кон Ердоган, чии исечоци подоцна ги објавила на „Твитер“, поради што е и приведена. Новинарката на холандски јазик на социјалната мрежа „Твитер“ навела...

СЈО: Не ја коментираме одлуката на Уставниот суд за Законот за помилување

Специјалното јавно обвинителство не ја коментира одлуката на Уставниот суд со која се укинаа измените на Законот за помилување од 2009 година и му се даде право на претседателот на државата да помилува лица кои се осудени или кривично се гонат за изборни измами. Ваквата одлука на Уставниот суд, во јавноста се толкува како интервенција на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, чии...

Папата Франциск смета дека Доналд Трамп не размислува христијански

Папата Франциск ги стави под знак прашалник христијанските убедувања на кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави (САД) од редовите на Републиканската партија, Доналд Трамп, кој повикува на подигнување ѕид долж границата со Мексико, пренесува „Би-Би-Си“. „Личност која размислува само за градење ѕидови, каде и да било, а не за градење мостови, не е христијанин“, изјавил папата пред крајот на...

Бејли: Партиите да се фокусираат на спроведување на договореното

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на својот твитер-профил се огласи со коментар по повод синоќешното постигнување договор од партиите потписнички на Договорот од Пржино. „Минатата ноќ постигнат е значителен напредок во исполнувањето на Договорот од Пржино и во придвижувањето на земјата напред. Откако новите закони ќе бидат донесени, важно е фокусирањето кон нивното спроведување, особено на изборниот законик....

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...