fbpx
Таг: коловоз

таг: коловоз

Дупките од Качанички пат ќе се пополнуваат со владини пари од 3 милиони евра

Владата веќе доделила наменски средства во висина од 3 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, односно за надградба на постојниот Качанички пат кој од Момин Поток води до скопската обиколница. Средствата се доделени на Градот Скопје, а вкупната вредност на проектот за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ изнесува шест милиони евра. „Во разговор и соработка со градоначалничката на...

Вистиномер: Рехабилитацијата на магистралниот пат Куманово – Страцин во завршна фаза

Во продолжение ја пренесуваме проверката на едно изборно ветување што ја направи „Вистиномер“: ВЕТУВАЊЕ: Рехабилитацијата на патниот правец од Куманово до Страцин се реализира во две фази. Инвестицијата е во вкупна вредност од 13 милиони евра, а предвидена е рехабилитација на делница долга 32 километри. Тоа што е значајно е  значително да ја подобриме безбедноста во сообраќајот на овој државен...

Булеварот „В.С Бато“ во Тетово уште не е завршен, но граѓаните го користат

Проектот за булеварот „Видео Смилевски - Бато“ во Тетово, за кој парите беа обезбедени во август 2019 година, иако започна да се користи, сè уште не е завршен и не може официјално да се пушти во употреба. Покрај осветлувањето, на овој булевар се очекува да бидат изградени тротоари и зелена површина, а тој, пак, да биде продолжен до населбата...

Сѐ уште се возиме по илјадници километри локални патишта од земја и макадам (инфографик)

И во дваесет и првиот век, постојат стотици патишта во земјава по кои граѓаните сѐ уште возат по земја и макадам. Асфалт, бетон или коцка како коловоз имаат само 62,6 отсто од македонските патишта. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека во 2018 година имало 4.191 километар земјени и непросечени патишта, додека на 1.251 километар се возело по...

Затворена една лента на дел од aвтопатот Скопје – Велес

Левата коловозна лента на автопатот А1 од Скопје кон Велес, на делот помеѓу наплатна станица Сопот и Башино Село, денеска од 10 до 13 часот ќе биде затворена за сообраќај, информираат од АМСМ. Затворањето на коловозната лента е поради изведување градежни активности.На самото место е поставена содветна сигнализација за работа на пат.

Сообраќајот на патот Крупиште – Пробиштип е во прекин поради превртен камион

Сообраќајот на магистралниот пат село Крупиште - Пробиштип е во прекин, поради превртен камион и во тек е негово извлекување, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. На регионалниот пат Маврови Анови - Дебар, во близина на село Трница поради одрон на земја, сообраќајот се одвива по една коловозна лента и само за патнички моторни возила. Сообраќајот на државните патишта се одвива...

СВР Охрид предупредува: Внимателно на патот Охрид – Кичево, пет возила излетани од патот

Пет патнички автомобили и едно товарно возило излетале од коловозот на магистралниот пат Охрид - Кичево, на потегот од Ново Село до планинскиот превој Пресека. Причина за излетувањето на возилата е голомразица на коловозот, замрзнат дожд, но и неприлагодена брзина на движење кон условите и состојбата на патот. Нема повредени лица, но е предизвикана поголема материјална штета. - СВР Охрид веќе го...

АМСМ предупредува на внимателно возење по скопската обиколница

Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува внимателно возење по скопската обиколница, бидејќи има оштетени делови на патот. По поплавите на 6 август кога ова подрачје беше најпогодено од невремето, скопската обиколница е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде што се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на...

Свлечиште на патот Кратово – Каврак, сообраќајот е во прекин

Поради обилни врнежи од снег, непрооден за сообраќај е локалниот пат од Кратово до село Каврак, а поради ново свлечиште, во прекин е сообраќајот на патот кој води до хидросистемот „Злетовица“, во атарот на село Којково, во непосредна близина на тунелот. Сè уште во тек се забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Тетово - Попова...

Внимателно по скопската обиколница, се излеа вода на коловозот

Внимателно управување со возилата и брзина на движење до 30 километри на час, на патниот правец А2 Хиподром – Сарај (Обиколница на Скопје), на седми километар кај Смиљковци, поради излевање вода на коловозот во двата правци, во должина од 10 до 15 метри, препорачуваат од Автомото-сојузот на Македонија. Од АМСМ наведуваат дека поставена е соодветна сообраќајна сигнализација од страна на ЈП „Македонија пат“.

Забрана за движење на товарни возила на Стража

Поради интензивни врнежи од снег, од 18.30 часот на планинскиот превој Стража е воведена забрана за движење на товарни возила, соопшти АМСМ. Претходно беше воведена забрана за сообраќај за сите видови возила поради голем одрон на патниот правец Македонски Брод – Скопје. Голем одрон има на потегот Близанско - Козјак, на 1,6 километри по браната, поради што во 17.45 часот...

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...