Во Драч запленети половина тон кокаин


Драч, 28 февруари, 2018 - 11:22 (META) 

Албанската полиција во пристанишниот град Драч заплени над 500 килограми кокаин, пристигнат од Колумбија, кој требало да биде транспортиран кон Италија.

Како што јави дописникот на МИА, дрогата, скриена во камион што патувал за Италија, била пронајдена со помош кучиња трагачи по наркотици.

Според албанскиот Сектор за борба против тровијата со дрога, запленувањето на кокаинот следува по подолга истрага, а информации биле добиени од германската полиција.

Ова е досега најголемо количество на кокаин запленето во Албанија.


Во Казабланка запленети 541 килограми кокаин


Казабланка, 12 февруари, 2018 - 10:34 (META) 

Во Казабланка биле запленети 541 килограм кокаин, сокриени во контејнер со стока од Јужна Америка, соопштија мароканските власти.

При акцијата вчера биле уапсени шест лица, меѓу кои и еден Бразилец, кој се смета за главен организатор на шверцот. Запленети се пет автомобили со кои дрогата требало од пристаништето во Казабланка да се носи кон следните криумчари, како и големо количество пари во различни валути.

Според првичните информации, дрогата била шверцувана од меѓународна мрежа за трговија со дрога поврзана со картелите од Латинска Америка.


Чочороска по десет години зад решетки излезе од затворот „Идризово“


Скопје, 28 декември, 2017 - 15:38 (META) 

Станислава Чочороска, по десет години зад решетки, излезе од затворот „Идризово“, јави „Фокус“. Таа не е ослободена од издржување на казната, туку добила 30-дневно отсуство заради лекување.

Во 2007 година таа беше осудена на 14 ипол години затвор поради организирање транспорт на 486 килограми кокаин, скриени во канти со поликолор.


Запленети 5,8 тони кокаин во Шпанија


Мадрид, 5 декември, 2017 - 15:16 (META) 

Шпанската полиција одзела 5,8 тони кокаин, што е најголема заплена во последните 18 години, соопшти денеска шпанското министерство за внатрешни работи.

Дрогата е откриена во контејнер на брод, кој впловил во шпанско пристаниште од Меделина во Колумбија, а притоа се уапсени три лица, меѓу кои и директорот на увозната компанија.

Полицијата соопшти дека уште најмалку две лица се под истрага, а планирани се уште апсења.

Бродот, кој превезувал банани, бил запрен кај Алхесирас на 28 ноември, а вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на 210 милиони евра.

Догата била спакувана во пакети од еден килограм и била означена за евентуална дистрибуција кон бројни дестинации и организации, соопшти шпанското МВР.


380 килограми кокаин пронајдени во кутии со банани од Еквадор


Берлин, 10 април, 2017 - 19:56 (META) 

Германската полиција соопшти дека пронашла 384 килограми кокаин во кутии со банани испратени од Еквадор.

Работник од компанија за продажба на големо во Леверкузен ја информирал полицијата дека се сомнева дека има дрога во кутиите.

Полицијата наведе дека пронашла сомнителна супстанција во стотина пакети по еден килограм, во 26 кутии со банани, и дека примерите од прашокот покажуваат дека се работи за кокаин.

Кутиите со бананите биле испратени од Еквадор за Хамбург и оттаму со камиони биле пренесени во Леверкузен.

Полицијата пронашла и ГПС-предавател во една од кутиите, поради што се верува дека шверцерите планирале бргу да ја лоцираат дрогата во големото складиште.

Засега нема податоци за проценетата продажна вредност на пронајдената дрога.


Запленети повеќе од шест тони кокаин во Колумбија


Богота, 3 април, 2017 - 9:59 (META) 

Во Колумбија се запленети повеќе од шест тони кокаин наменет за црниот пазар во Шпанија, што претставува најголема заплена на дрога во земјата, соопшти денеска полицијата.

„Полицијата го зададе засега најголемиот удар на организираниот криминал, запленувајќи 6.134 килограми кокаин во местото Баранкиља. Кокаинот бил наменет за Шпанија“, наведе полицијата.

Министерот за одбрана, Луис Карлос Виљегас, го посети пристаништето Баранкиља, на северот на земјата, од каде кокаинот требало да биде префрлен во Европа.

Дрогата ѝ припаѓала на криминалната група Заливски клан, со која раководи Даиро Антонио Узуга, во моментов најбараниот криминалец во Колумбија, а неговиот клан го сочинуваат припадници на десничарската паравоена единица.
Колумбија е најголем светски произведувач на растението кока, кое се одгледува на површина од 96.000 хектари.


Запленети 2,7 тони кокаин во Еквадор и во Костарика


Сан Хозе, 24 март, 2017 - 13:45 (META) 

Колумбиските власти во две операции кај брегот на Еквадор и на Костарика заплениле 2,7 тони кокаин наменет за пазарот на САД.

Операцијата е спроведена во соработка со соседните земји и со Интерпол, соопшти доцна синоќа колумбиската полиција.

Првата операција е спроведена во територијалните води на Еквадор во Тихиот Океан, при што е запленети се 1.433 килограми кокаин. Другата акција е спроведена кај Костарика, каде запленети се 1.268 килограми кокаин.

Колумбија е најголемиот светски произведувал на растението кока, но и на кокаин.


Во Колумбија уништени 168 лаборатории за кокаин


Богота, 21 февруари, 2017 - 11:13 (META) 

Колумбиската полиција соопшти дека уништила 168 лаборатории за производство на кокаин во една прашума на југот на земјата.

Полицијата наведе дека минатата недела во прашума открила и уништила „168 лаборатории за производство на кокаин“, кои ѝ припаѓале на една шверцерска организација.

За време на операцијата, во која учествувала и војската, запленети се 4,5 тони кокаин во течна состојба, околу 65.000 литри раствор и 2,4 тони цврста материја која се користи за производство на дрогата.

Колумбија е најголемиот светски произведувач на билката кока со 96.000 хектари и со произведени 646 тони кокаин во 2015 година.


Пратка кокаин вредна 145 милиони евра запленета во Германија


Хамбург, 3 февруари, 2017 - 21:24 (META) 

Во пристаништето Хамбург службеници на германската царина фатиле пратка од 717 килограми кокаин, која доколку била продадена на улица, според проценките, би донела 145 милиони евра за шверцерите. Шефот на истражната канцеларија во царината во Хамбург, Рене Мачке, за германските медиуми изјавил дека тоа е најголемата поединечна заплена на дрога во историјата на Германија и дека кокаинот бил со многу висок квалитет.

Дрогата била запленета на 18 јануари, а била пронајдена во бродски контејнер пристигнат од карипскоиот остров Курасао, кој ѝ припаѓа на Холандија. Мачке наведува дека дрогата е  на меѓународна мрежа трговци со дрога и дека е поврзана со случај на киднапирање во Холандија во понеделникот.


Запленети повеќе од 2,5 тона кокаин во Шпанија


Мадрид, 6 декември, 2016 - 15:10 (META) 

Шпанската полиција соопшти дека запленила повеќе од 2,5 тони кокаин на марокански рибарски брод и уапсила 24 лица.
Тоа е прва заедничка поморска полициска операција на Шпанија и на Мароко, се наведува во соопштението на шпанското министерство за внатрешни работи.

Дрогата пристигнала од Јужна Америка до Мароко и се наоѓала на брод, околу 100 километри од западниот брег на Сахара.

Меѓу уапсените се наоѓаат Шпанци, Колумбијци и Мароканци.

Шпанија е една од земјите преку која во Европа влегува хашиш од Мароко и кокаин од Латинска Америка.