fbpx
Таг: Кочо Анѓушев

таг: Кочо Анѓушев

Инсталирање на калориметри ќе биде задолжително за новите згради

Задолжителното инсталирање на мерни уреди (калориметри) на парно-греењето е предвидено за секој нов објект за кој е започната постапка за одобрение за градење, информираат од кабинетот на вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Во соопштението се додава дека, ова ќе важи откако новиот закон за енергетика ќе стапи во сила. За објектите кои веќе се приклучени на дистрибутивната мрежа, поставувањето на...

Анѓушев: Состојбите во економијата не се најдобри, потребни се правилни решенија

Состојбите во економијата не се најдобри во моментов, но добро е да се прикажат вистинските состојби, за Владата да преземе конкретни и соодветни чекори за правилни економски решенија, рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на тркалезната маса во организација на Македонската академија за науките и уметностите на тема „Растот на македонската економија: состојби, проблеми и перспективи“. Тој исто така...

Николовски: Климатските промени ќе ги намалат приносите во земјоделските култури

Зелениот климатски фонд (ЗКФ) ќе биде главна меѓународна финансиска институција за обезбедување на финансиски средства за поддршка на активности, за ублажување и адаптација од климатските промени во земјите во развој, рече вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на работилницата за искористување на средствата од овој фонд, која овие два дена се одржува во хотелот „Александар Палас“. Тој порача, дека Македонија...

Македонска делегација по погребот на романскиот крал Михаи Први

Делегацијата на Република Македонија предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска му оддаде почит на починатиот крал, Михаи Први на Романија на миса што се одржа во Кралската палата. Во македонската делегација е и вицепремиерот Кочо Анѓушев, како и македонската амбасадорка во Романија, Наташа Николова. На мисата присуствуваа високи гости од државата и странство, како и Кралот на Шведска...

Железничкиот сообраќај е нормализиран, вработените го прекинаа штрајкот

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е нормализиран, откако попладнево, на вработените во „МЖ-Транспорт“, им беше исплатена платата  за октомври. Денеска, со менаџерскиот тим на компанијата се сретнаа вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од Министерството за транспорт и врски информираа дека денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе се обезбеди дел од потребните пари...

Предлог- законот за енергетика е во прилог на граѓаните, оцени Анѓушев

Предлог-законот за енергетика нуди европски решенија во енергетскиот сектор и е целосно хармонизиран со ЕУ-регулативите, рече денеска министерот за економија, Крешник Бектеши на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и директорот на Секретаријатот на енергетската заедница, Јанез Копач. - Покажавме политичка волја и капацитет да ги откочиме задоцнетите процеси во енергетскиот сектор во Македонија. Предлог-законот за енергетика е...

Анѓушев: За повисок економски пораст, извозот треба да биде 70 отсто од БДП

За повисок економски пораст на Македонија, потребно е, во креирањето на домашниот бруто-производ (БДП), извозот, од сегашните 53 проценти да изнесува од 60 до 70 проценти, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на форумот „Преку интернационализација на стопанството до повисок економски раст“, кој беше во организација на стопанските комори. Тој додаде дека, за таа цел македонските компании треба да...

Министерството за транспорт и врски до утре исплати дел од платите во МЖ-Транспорт

Министерството за транспорт и врски (МТВ) денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе обезбеди дел од потребните пари за покривање на загубите за патнички сообраќај во Македонски Железници - Транспорт, но вработените треба во најбрз рок да овозможат повторно да профункционира железничкиот сообраќај. Ова го соопштиле вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски Горан Сугарески  на денешната...

Анѓушев: Струјата нема да поскапи со новиот закон за енергетика

Граѓаните нема да плаќаат повисоки сметки за струја со целосната либерализација на пазарот на електрична енергија што треба да настапи на крајот на идната година, изјави вицепремиерот за економски прашања, Кочo Анѓушев кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши на прес -конференција говореа за содржината на новиот закон за енергетика. - Доколку на светскиот пазар нема да има големо...

Турската компанија „Мурат Тиџарет“ закупи земјиште во ТИРЗ Скопје 2, ќе вложи 6,6 милиони евра

Директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Александар Младеновски, и менаџерот на компанијата „Мурат Тиџарет“, Ејуп Ѓулсој, денеска во Владата на Република Македонија потпишаа договор за закуп на градежно земјиште во ТИРЗ Скопје 2. Ѓулсој појасни дека планираат во првата фаза да инвестираат 6,6 милиони евра, со кои треба да се изгради производствен капацитет од повеќе од 6.000 квадратни метри и...

Владата се пофали дека објавила документи што со закон е должна да ги објави

Владата на својата официјална интернет-страница денеска објави десетици документи и информации кои се однесуваат на работата на Генераниот секретаријат, кабинетот на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и на работата на уште неколку министри без ресор. Од Владата дека велат дека ова е „во насока на зголемување на транспаретноста и на отчетноста“. „На интернет-страницата на Владата првпат се...

Анѓушев: Предложениот буџет за 2018 година е најекономскиот и најреформскиот досега

Вицепремиерот за економски прашања денеска, еден ден пред почетокот на комисиската расправа за буџетот за 2018 година во Собранието, на прес-конференција истакна дека од сите буџети досега, предложениот за 2018 година има најреформски и најекономски карактер. Буџетот за 2018 година е 211,7 милијарди денари или 3,4 милијарди евра и треба да обезбеди најмалку 3,2 отсто пораст на домашниот бруто-производ (БДП),...

Анѓушев: Заинтересирани инвеститори за „Фени“ нудат 30 милиони евра

Ако првото барање за продажба на „Фени индустри“ беше за сума од околу 15 милиони евра, сега веќе имаме заинтересирани кои нудат и триесетина милиони евра, рече вицепремиeрот Кочо Анѓушев во Собранието, одговарајќи на пратеничкото прашање на Панчо Минов, за тоа што Владата прави за спас на „Фени“. Објаснувајќи како би се исплатила плата на вработените, Анѓушев рече дека вработените треба...

Анѓушев: Економските политики се креираат според потребите на граѓаните и стопанството

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев беше главен говорник на Вицепремиерот своето излагање го започна со краток осврт на политичките состојби во земјата пред и по формирањето на новата Влада. Тој истакна дека Кај министрите во Владата постои високо ниво на ентузијазам и позитивен дух, што е препознаено и кај граѓаните, но и кај...

Марфи до Анѓушев: Интерес на САД е безбеден и стабилен Балкан интегриран во НАТО и ЕУ

На маргините на првиот ден од Трансатлантскиот економски форум, насловен како „Градење на мостови на Медитеранот“, кој се одржува во Вашингтон, вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, се сретнал со сенаторот Кристофер Марфи кого го запознал со реформските активности на Владата и ја истакнал силната посветеност кон што побрза евроатланска интеграција на земјата. - Владеењето на правото е предуслов...

Анѓушев во официјална посета на САД

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, од денеска до четврток ќе претстојува во официјална посета на Вашингтон, соопштија од неговиот кабинет. Анѓушев во главниот град на САД ќе учествува на Трансатлантскиот форум во организација на „Школата за напредни меѓународни студии“ на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, Стопанската комора на САД и Центарот за трансатлантски односи. „За време на посетата планирано е вицепремиерот да...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Анѓушев ги лажат 1.700-те вработени во „Фени“, „Колска“ и „Еурокомпозит“

СДСМ си поигрува со судбините на над 1.700 вработени од фабриките „Фени Индустри“, „Колска“ и „Еурокомпозит“ и од доаѓањето  на власт па се до денес ги лаже вработените во овие три фирми, обвини Дарко Костовски на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Според Костовски, премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев во два наврати од септември досега ги уверувале вработените во...

Заев утре на економски форум во Виена

Премиерот Зоран Заев утре ќе учествува на Економскиот форум „Дијалог за иднината 2017“, што се одржува во Виена, Австрија. Заедно со него, на форумот ќе учествува и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, најавија од Владата. Заев ќе учествува во дебатата „Регионалната соработка како дел од европските интеграции“, а вицепремиерот Анѓушев ќе говори на првата пленарна сесија „Живееме во дигитално време! Визија и...

Економската соработка со Црна Гора ќе се продлабочува во повеќе сектори

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот за економија, Крешник Бектеши, се сретнаа со министерката за економија на Црна Гора, Драгица Секулиќ, на маргините на економската конференција „Предизвици на патот кон ЕУ“, која завршува денеска во Будва, На средбата се разговарало за начините за продлабочување на економските односи меѓу двете земји во сите области, меѓу кои и слободно движење на...

Анѓушев: Владата треба да креира поволна бизнис-клима, а не конкуренција на фирмите

Владата нема да креира фирми со кои ќе им се прави конкуренција на приватните компании, туку ќе работи на креирање поволна бизнис-клима со која ќе се овозможи пораст на компаниите и економски развој на земјата. Ова денеска го истакна вицепремиерот за економија, Кочо Анѓушев, на панел-дискусијата „Научени лекции и како да се имплементираат најдобрите практики во Македонија и во регионот“ на самитот...

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...