fbpx
Таг: Кочо Анѓушев

таг: Кочо Анѓушев

Анѓушев место Заев на работниот појадок кај Курц со премиерите од Западен Балкан

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска присуствуваше на работниот појадок кој го организираше канцеларот на Австрија, Себастијан Курц за премиерите од Западен Балкан. Анѓушев присуствуваше на појадокот наместо премиерот Зоран Заев откако тој го откажа неговото учество поради внатрешните политички случувања во земјата. Од Владата информираат дека главна тема била регионалната соработка која има важна улога во процесот на...

Анѓушев: Владата со анексот за автопатот Кичево – Охрид заштеди 95 милиони евра

Со третиот анекс-договор помеѓу Владата и кинеската компанија „Синохидро“, главниот изведувач на работите на автопатската делница Кичево-Охрид, по една година преговори, Владата заштедила 95 милиони евра, изјави вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната прес-конференција. -Денеска на владината седница го усвоивме третиот анекс на договорот за автопатот Кичево-Охрид со кој се дефинитивно се решаваат сите проблеми во градењето и...

УСАИД и Владата потпишаа меморандуми за енергетските реформи

Со новите меморандуми потпишани денеска меѓу Владата, Министерството за економија и Меѓународната агенција на САД за развој (УСАИД), како и помеѓу Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и УСАИД, за „Проектот за развој на регионални енергетски пазари – поддршка на реформите во секторот енергетика“, ќе се овозможи подобра иднина на енергетскиот сектор во Македонија, порача вицепремиерот за економски прашања, Кочо...

Анѓушев: Првпат растот е одраз на реалната економија, а не со вештачки проекти

Eкономијата не оди во надолна линија, бројките кажуваат дека оди токму во нагорна линија рече вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев при денешната посета на производствените капацитети на компаниите „МИК“ и „БИМ“ каде што оствари средба со бизнис секторот. - Минатата година имавме негативен раст, после тоа првиот квартал не беше најдобар. Меѓутоа вториот квартал во 2018 година, спореден со вториот...

Анѓушев од Охрид: Ќе добиеме автопат по сите технички и меѓународни пропозиции

Со новите договори и со ревидирање на целосната проектна и техничка документација ќе добиеме автопат кој што во целост ги исполнува меѓународните стандарди, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев при денешниот увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, кој што го изврши заедно со директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов. „Овој автопат беше со сериозни потешкотии,...

Анѓушев: Нема политичка криза по референдумот

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев за време на Самит 100 во Белград, изјавил дека после референдумот на кој не излегле доволно гласачи, не очекува политичка криза во државата, јавува дописничката на „Мета“ од Белград. „Мислам дека 600.000 гласови „за“ е сосема јасен доказ за поддршката од страна на граѓаните. По референдумот се можни две сценарија. Првиот е да имаме...

Анѓушев: Изградбата на автопатиштата и железницата ќе го раздвижат градежништвото

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев рече дека зголемениот домашниот бруто-производ (БДП) од 3,1 проценти се должи на влијателните фактори како што се индустријата, градежништвото, земјоделството и трговијата, каде што се бележи најголем пораст. - Во делот на градежништвото кога имавме пад од 40 проценти, БДП беше зголемен за 0,1 процент во првиот квартал. Градежништвото се уште има помали резултати во...

Анѓушев: За гасоводот на Водно има регулирана градежна дозвола и земено е кредит

Магистралниот гасовод низ Водно има регуларна градежна дозвола, за негова изградба државата има земено кредит и потпишано договори со изведувачи, одговори денеска на новинарско прашање, вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Тој додаде дека станува збор за проект среде имплементација и секоја промена ќе значи одолжување на градбата на гасоводот и дополнително сечење на шума за греење на граѓаните. - Одложувањето...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата имаше доволно време да ги ревидира проектите, ако имало потреба

За катастрофалната реализација на капиталните инвестиции од 16,65 проценти мора да има одговорност, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. Од таму додаваат дека „оправдувањата дека проектите наводно не чинеле се банални и смешни, бидејќи владата на СДСМ ја има власта повеќе од една година и имаше доволно време да ги ревидира,...

Анѓушев: Референдумот нема позначајно да влијае на економскиот раст на државата

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска на прес-конференција рече дека растот на индустриското производство од 12,1 отсто во јуни во однос на истиот месец лани и растот на просечната плата забележан во мај покажуваат дека економските политики на Владата се добри и оти даваат резултати на долг рок. Тој додаде дека економијата се мери со бројки, а не со политизирање и...

Јанушев: Власта со референдумското прашање ги гази законите и демократската практика

Свесни дека договорот е штетен за државата и граѓаните и свесни дека е спротивно на волјата на граѓаните, парламентарното мнозинство се обидува со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протурка прашање кое е безсмислено и повеќезначно, обвини Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека се врши „брутално газење на воспоставената демократска практика“ било кое референдумско прашање...

Обвинителството оформи предмет за грантовите на Фондот за иновации

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет по допрен глас по објавите во медиумите за евентуални злоупотреби при доделување на грантови по јавен повик од Фондот за иновации и технолошки развој. Како што соопштија од Обвинителството, се преземаат дејствија за истражување евентуални кривични дела во постапката по јавен повик за финансирање проекти во рамки на...

Активистите не го даваат Водно, иако МЕР понуди нова траса на гасоводот

Граѓанските иницијативи и здруженија во Владата ќе го пренесат својот непроменлив став против уништувањето на Водно. Средбата во Владата на која ќе присуствува вицепремиерот Кочо Анѓушев е закажана за денеска во 17 часот. Тие велат дека се задоволни што заеднички го увериле и убедиле Анѓушев за штетата што овој дел од гасоводот ќе ја предизвика врз Водно. „Но, во исто време длабоко...

„Теламон“ од САД ќе инвестира четири милиони евра и ќе отвори 300 работни места

Американската компанија „Теламон корпорејшн“ ќе добие државна помош за инвестиции во државата. Министерката задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска, информираше дека компанијата која се занимава со производство на кабли и е присутна на американскиот и пазарите во Мексико и Кина, планира почетна инвестиција во Инџиково од четири милиони евра и 300 нови работни места. Апостолска посочи дека предвидената поддршка е во делот на...

ВМРО-ДПМНЕ: Боро Стојчев не е единствениот од власта вмешан во криминал

Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, не е единствениот функционер на власта за кој што постојат сериозни индиции за криминал. Наместо обиди за дефокусирање од големите криминали, јавноста очекува истраги за сомнителните милионски тендери на Заеви, Анѓушев и Спасовски. Заради нив Македонија е на дното на листите за корупција и срам за цела Европа, порача ВМРО-ДПМНЕ денеска. „Доколку властите не...

Анѓушев: Гасоводот мора да поминува низ Водно, но ќе има нова траса

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР), Бајрам Реџепи, заедно со претставници од иницијативата „Го сакам Водно“ денеска ја поминаа трасата по која треба да поминува гасоводот, за лично да се уверат каква шума и зеленило ќе бидат уништени. Анѓушев вели дека слушал различни спротивставени ставови за тоа колку шума треба да се исече...

Анѓушев и Манчевски учествуваат на Самитот за Западен Балкан во Виена

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски учествуваат на работен состанок на министри за економски ресори, што се одржува во Виена, како активност во рамки на Петтиот самит за Западен Балкан, информираат од Влада. Анѓушев ќе се обрати на сесија на која ќе се дискутира за регионалната економска област, а обраќање на...

Анѓушев: Рударството е важно, треба да се смени перцепцијата на граѓаните

Во Македонија кога ќе се спомне рударство се раѓаат негативни чувства, мора да отвориме дискусија зошто е тоа така рече денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев на отворањето на 3. Европски форум за рударство и истражување „Minex Europe 2018“  организиран од Стопанска комора на Македонија. - Мој заклучок е дека таквата состојба е генерирана од неодговорниот однос на дел од концесионерите...

Анѓушев и граѓаните ќе ја разгледуваат трасата на гасоводот низ парк-шума Водно

На повик на вицепремиерот Кочо Анѓушев, вчера, претставници од граѓански инцијативи се сретнаа со него, заедно со директорот на МЕР, Бајрам Реџепи, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов и шефот на неговиот кабинет, Никола Наумоски, во просториите на Владата. „Некој го довел во заблуда вицепремиерот дека се работи за шума од 600 метри до максимален потег од еден километар која би се исекла...

Анѓушев: Никој не може да каже дали струјата ќе биде поевтина

Никој со сигурност не може да каже дали цената на електричната енергија во иднина ќе биде пониска. Тоа е како да прашате, дали цената на нафтата или на некој метал ќе биде пониска, одговори денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев на новинарско прашање во врска со цените на струјата согласно новиот Закон за енергетика. - Сепак можам да гарантирам дека...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...