fbpx
Таг: Кочо Анѓушев

таг: Кочо Анѓушев

Заев и Анѓушев ќе учествуваат на форум во организација на „Фајненшл тајмс“

Премиерот Зоран Заев заедно со вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев утре се во еднодневна работна посета на Обединетото Кралство на покана на „Фајненшл тајмс“ за учество на Форум за земјите од Западен Балкан „Инвестициски можности во брзорастечкиот регион“. „Премиерот Заев ќе се сретне со заменик-премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Лидингтон на работен појадок организиран за тројцата премиери од Западен...

Китанов: Парите од патарините ги користиме за инфраструктура, а не за жални врби

Износите што треба да се плаќаат за патарина на новоизградени автопатски делници веќе неколку дена се предмет на анализа, но и на реакции во јавноста. Цената на патарината на новиот пукт кај Демир Капија – Смоквица ќе биде рекордна во Македонија и ќе изнесува 100 денари. Од друга страна, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран Китанов упорно тврди дека...

Анѓушев: Меѓународни институции покажаа интерес за финансирање на железницата и гасоводот

Делегација на Владата што ја сочинуваа вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски, предводена од премиерот Зоран Заев, денеска учествувале на форумот „Северна Македонија: Забрзување на реформите, забрзување на европската интеграција“, што во организација на Европската банка за обнова и развој и Центарот за европските политики, се одржа во Брисел. Пред претставници на повеќе финансиски...

Анѓушев: Странските инвеститори внеле 78,8 милиони евра, во првите три месеци

Вкупно 78,8 милиона евра странски капитал е влезен во земјата во првите три месеци, истакна вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. „Оваа година само во првиот квартал се 78,8 милиона евра, а просекот од претходните седум години изнесува 15,6 милиони евра или во 2019 година директните странски инвестиции, директните пари донесени за градење фабрики во државата се пет пати повеќе...

Заев со бизнис-делегација во официјална посета на Словенија

Премиерот Зоран Заев денеска ќе престојува во официјална посета на Република Словенија и ќе предводи владина делегација во состав заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерка без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска. „Во рамки на дводневната посета на Словенија, заедно со владината делегација ќе престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори на...

Анѓушев до компаниите од Гевгелија: Поврзувањето на гасоводот ќе овозможи нови проекти

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на средбата со стопанствениците од Гевгелија рече дека поврзувањето на гасоводот ќе даде простор за нови проекти и ќе го намали трошокот на компаниите и граѓаните. „Гасоводната цевка, која што ќе биде интерконектор со Грција, е следниот приоритетен проект во делот на енергетиката. Од Неготино до Грција ќе се поврземе гасоводно и дел од таа...

Германските компании со недостиг на квалификуван кадар и проблем со заштита на животната средина

Премирот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев денеска одржа средба со Делегација на Германското стопанство, како и со претставници на германски компании кои што работат во земјава. Претставниците на компаниите со германски капитал ги посочиле најкрупните предизвици со кои што се соочуваат при нивното работење. За дел од нив проблем е недостигот на квалификуван кадар...

Тендерот за изградба на фотоволтаици во РЕК Осломеј е објавен на 26 март и ќе трае до 10 мај

Тендерот за изградба на фотоволтачни централи во РЕК Осломеј е објавен на 26 март и ќе трае до 10 мај, извести денеска вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев. Оттука сите заинтересирани компании ќе може да аплицираат за изградба на првата фотоволтаична централа која ќе се гради на поранешниот искористен рудник за јаглен. „Процедурата ќе биде транспарентна согласно условите на ЕБОР. Компаниите...

ЕБОР ќе даде 30 милиони евра кредити и 4,5 милиони евра грант за претпријатијата

ЕБОР ќе даде 30 милиони евра кредити и 4,5 милиони грант за малите и средни претпријатија (МСП), за подобрување на нивните производствени капацитети и квалитетот на проиозводите преку воведување на ЕУ-стандарди. „Ако една компанија земе еден милион евра кредит, тоа значи дека 150.000 евра се грант, а 850.000 евра треба да врати. Нашата економија ја сочинуваат најголем број на мали...

Германската компанија „Герешајмер“ ќе отвори фабрика во Бунарџик

Германската компанија „Герешајмер“ влегува на македонскиот пазар со инвестиција во Бунарџик, која ќе се реализира во повеќе фази, соопштија денеска премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. Фабриката за производство на фармацевтски амбалажи и производи ќе почне да се гради годинава, а со производство се очекува да започне следната година. Се очекуваат 400 вработувања. Од Владата не открија колку ќе...

Компанијата ЕВН Македонија избрана за Универзален снабдувач со електрична енергија

Конзорциумот составен од ЕВН Македонија и ЕВН електроснабдување е избран за најдобар понудувач на електронската аукција за јавно поддавање за избор за универзален снабдувач со електрична енергија што се одржа утрово. На аукцијата учествуваше и ЕЛЕМ трејд ДООЕЛ Скопје. Претседателот на Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, академик Глигор Каневче, информираше дека ЕВН понудиле најниска маржа, односно...

Анѓушев-Дефа: Германски искуства до побрз економски развој на државата

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се сретна со германскиот амбасадор Томас Герберих и со Валтер Дефа, специјалниот советник номиниран од Владата на Германија, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во спроведување на економските политики. „Анѓушев и Дефа разговараа за стратешките приоритети на Владата за развојот на економијата на Република Северна Македонија и како да...

Советникот од Германија кој ќе помага во реформите, ќе пристигне на крајот на месецот

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, како копретседавач на Мешовитиот управувачки комитет помеѓу нашата земја и СР Германија, денеска е во еднодневна посета во Берлин. Според Анѓушев, Германија е земјата во која што најмногу може да се научи за економијата и индустријата и токму поради тоа е формиран Мешовитиот управувачки комитет помеѓу двете влади. „Денес имавме работна средба на која...

Средба помеѓу делегации на Македонија и Бугарија предводени од Анѓушев и Дончев

Во пресрет на одржувањето на првиот македонско-бугарскиот бизнис форум „Македонија-Бугарија 2019“, во Владата на Република Македонија се одржа билатерална средба помеѓу вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев и потпретседателот на Советот на Министри на Република Бугарија, Томислав Дончев. Од владиниот прес-центар информираат дека во главниот фокус на разговорите било продлабочувањето на економската соработка и...

Сериозна градежна патна и железничка инфраструктура најавува Анѓушев за 2019

Во организација на Канцеларијата на премиерот се одржа неформална предновогодишна средба и дружба на економскиот тим министри во Владата со претседателите на стопанските комори и претставници на бизнис-секторот. Во рамките на оваа средба, вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев стави акцент на плановите за четирите клучни области, индустријата, трговијата, градежништвото и земјоделството кои имаат сериозно учество во...

Анѓушев: Сите средства предвидени за поддршка на економијата се искористени

Сите предвидени средства во буџетот и ребалансот кои што беа за поддршка на економијата во државата се искористени, одговори денеска на новинарско прашање вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев за тоа колку од средствата се искористени. Тој додаде дека заклучно со утре, ќе бидат исплатени 35 милиони евра и над 250 компании ќе бидат помогнати. Инаку денеска, премиерот Зоран Заев, директорот на...

Италијанските компании заинтересирани за учество во развојни капитални проекти

Искуствата, технологиите и знаењата на италијанските компании во фазите на проектирање, изведба и надзор на градежните проекти кои се планира да се реализираат во Македонија се добродојдени, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на отворањето на бизнис-форумот кој го организира канцеларијата на италијанската Агенција за трговија во Скопје. На бизнис-форумот присуствуваа претставници од 15 италијански компании, со меѓународно искуство во...

Анѓушев: Се надевам дека набрзо ќе се формира една регионална берза на електрична енергија

Македонија денеска, како актуелен претседавач, е домаќин на 16. состанок на Советот на министри на Енергетската заедница на која учествуваат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев, министерот за економија Крешник Бектеши, кој претседава со Советот заедно со директорката за енергетска политика во Европската комисија, Меган Ричардс. Заев истакна дека мисијата на оваа заедница е да воспоставува стабилна регулаторна и пазарна...

Започна со работа мешовитиот управувачки комитет со Владата на Германија

Првиот состанок на мешовитиот управувачки комитет помеѓу владите на Македонија и СР Германија се одржа денеска во Владата. Телото е формирано на германска иницијатива, а во насока на интензивирање на економската соработка на двете земји. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој е претседавач на телото од македонска страна истакна дека Македонија и Сојузна Република Германија имаат одлична економска соработка,...

Анѓушев: Со 1,5 милиони евра кредит, „Југохром“ ќе се рестартира до јуни 2019 година

По одлуката на владата за обезбедување кредит од 1,5 милиони евра за комбинатот „Југохром“ од Јегуновце, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев при посетата на фабриката порача дека комбинатот може профитабилно да работи, а работниците можат да ја гледаат својата егзистенција во „Југохром“. - Преку одобрувањето на кредитот е постигнат договор за рестартирање на „Југохром“. Повторно ќе работаат најголемите печки,...

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...