fbpx
Таг: Кочо Анѓушев

таг: Кочо Анѓушев

Агелер: Анѓушев има право да најми адвокати во САД

Амбасадорката на САД, Анџела Агелер денеска на брифинг со новинарите ги објаснуваше причините за назначувањето на Кочо Анѓушев на американската „црна листа“, поради вмешаност во повеќе случаи на корупција. Таа кажа дека негово право е да најми адвокати во САД и да се обиде да промени одлуката, но, одлуката за ставање на црна листа е донесена по разгледување на...

По забраната за влез во САД, Анѓушев повеќе не е почесен конзул на Малта

Поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев повеќе не е почесен конзул на Малта, пренесе весникот „Тајмс оф Малта“. Оваа функција на која што беше именуван во 2021 година, му била прекината од страна на Министерството за надворешни работи на Малта, откако пред два дена Стејт департментот соопшти дека Анѓушев е генерално неподобен за влез во САД, „поради вмешаност во значителна корупција“. „Со...

Ивановска: Уште во 2019 констатиравме судир на интереси кај Анѓушев, Владата не го разреши

Секоја помош од меѓународните институции, од нашите пријателски држави, особено САД, кои се стратешки партнер, е добредојдена и очекувам меѓународните и домашните институции понатаму да ги преземат сите неопходни мерки согласно укажувањата, изјави денеска вицепремиерката задолжена за добри политики на владеење Славица Грковска, откако САД вчера го прогласија генерално неподобен за влез во земјата поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и...

Откако САД го прогласи за неподобен во земјата, Анѓушев ќе се жали

Откако Соединетите Американски Држави (САД) го прогласија Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во САД поради неговата вмешаност во значително висока корупција, тој реагира преку соопштение, велејќи дека ќе ја обжали одлуката. „Силно ги негирам сите сомневања изразени во документот објавен од почитуваниот Стејт Департмент и сакам да известам дека ќе ја обжалам одлуката...

Црвен картон од САД за Кочо Анѓушев – прогласен за неподобен за влез во земјата

Соединетите Американски Држави (САД) го прогласија Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во САД, поради неговата вмешаност во значително висока корупција, соопшти Стејт департментот. „Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси, поткопувајќи ја довербата на јавноста во Северна Македонија во нивните владини институции...

ЗНМ: Претставка до Судски совет за судијата Спировска Панева за неправедно исклучување од рочиште

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) поднесе барање до Судски совет за поведување на постапка за утврдување на одговорност на судијата Јованка Спировска Панева од Основен граѓански суд Скопје за сторена дисциплинска повреда - нестручно и несовесно вршење на судиската функција, информираат од ЗНМ. На 13-ти октомври се одржа рочиште за постапка поведена по поднесена тужба за утврдување на граѓанска...

ЗНМ и ССНМ: „Фероинвест“ да престане со етикетирање и притисоци врз новинарите од ИРЛ

Компанијата „Фероинвест” чиј сопственик е поранешниот вицепремиер за економија - Кочо Анѓушев, прави обид за јавна дискредитација на трудот на работата на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), по најавата на нивната нова емисија за компанијата „Брако“ и модуларните болници, се вели во реакцијата на новинарските здруженија ЗНМ и ССНМ. Емисијата, како што велат, е поврзана и со трагедијата, односно пожарот во...

ЗНМ: Апелациониот суд донесе срамна одлука на штета на новинарството

Советот на Апелациониот суд - Скопје, ја укина пресудата на Основниот граѓански суд во корист на новинарите и повторно го врати на судење предметот во кој поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев ги тужи Сашка Цветковска и Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ). Оваа одлука е срамна, оцени Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). „Советот на Апелациониот суд составен од судиите Гордана Ѓорчева, претседател...

Велешки „Брако“ со нови 8 милиони евра инвестиции во производствени хали, погони и машини [галерија]

Велешката компанија „Брако“ денеска ја промовираше новата инвестиција од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини, како и првото македонско хидрогенско возило за чистење улици и јавни површини кое веќе се извезува. Премиерот Зоран Заев денеска беше во посета на „Брако“, при што истакна дека е горд што повеќе од 60 инженери, кои што се дел од „Брако“...

Тендерот за струјата не е за Анѓушев, тој веќе две години не е газда на ЕДС

Насловот „Анѓушев од функционер пак газда, а Шеќеринска за да му тргне бизнисот го мотивира со тендер од 1,6 милиони евра?!“ дезинформира бидејќи поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев повеќе не е сопственик на „Енерџи деливери солушн ЕДС“ ДООЕЛ, фирма со која Министерството за одбрана склучило едногодишен договор за јавна набавка на струја. Имено, Анѓушев го продаде ЕДС...

Чешки „Локо транс“ ќе гради фабрика за шински возила во Скопје

Македонската влада и чешката компанија „Локо Транс“ денеска го потпишаа договорот за државна помош за инвестицијата во вредност од 15 - 20 милиони евра, со која се планира да се отворат од 250 до 300 нови работни места во новата фабрика за шински возила што ќе се гради во Скопје, се наведува во соопштението од владината прес - служба. Вицепремиерот...

Пуштен во употреба Транс-анадолскиот гасовод кој е важен и за Македонија

Пуштањето во употреба на Транс-анадолскиот гасовод (Trans Anatolian Natural Gas Pipeline - TANAP) е важно и за Македонија, бидејќи тој во делот на Грција продолжува во таканаречениот ТАП, (Транс-јадрански гасовод/Trans Adriatic Pipeline), оцени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој присуствуваше на свеченоста во Едрене во близина на граничниот премин помеѓу Грција и Турција. „Проектот кој што го имаме развиено...

Потпишан договорот за изградба на фотонапонска електрана во РЕК „Осломеј“

Турската компанија „Гиришим електрик“ ќе ја гради фотонапонската електрана со инсталирана моќност од 10 мегавати во РЕК „Осломеј“. Идниот енергетски капацитет треба да почне да произведува електрична енергија на есен 2020 година. Вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, присуствуваа на свеченото потпишување на договорот за изградба на фотоволтаична електрана Осломеј. Договорот го парафираа директорот на ЕСМ, Васко...

„Еуроникел индустри“ ја стартуваше втората печка во кавадаречки ФЕНИ

Втората печка за топење никелова руда во поранешен ФЕНИ денеска беше стартувана со работа. Една година по влегувањето во комбинатот, новиот сопственик „Еуроникел индустри“ го одбележа успешното работење и ги најави натамошните планови за работа. На денешната свеченост во кругот на фабриката присуствуваа премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. - Овој комбинат е клучен за овој регион затоа што вработува...

Антикорупциска утврди судир на интереси кај Анѓушев, тој вели не го прекршил законот

Антикорупциската комисија донесе иницијатива со која од премиерот Зоран Заев ќе бара да поведе постапка против вицепремиерот Кочо Анѓушев во однос на владината одлука да се намали цената на литиумските батерии за акумулатори. Како што пренесува „Радио Слободна Европа“, антикорупционерите во овој случај утврдиле судир на интереси, а за донесување на одлуката гласале мнозинството членови на комисијата. Анѓушев во реакцијата...

Анѓушев: Изградбата на интерконекторот кон Грција е важен заради квалитетна понуда на гас

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој вчера учествуваше на Самитот во Солун рече дека е важно да го изградиме интерконекторот спрема Грција за да можеме да се приклучиме на гасоводот на „ТАП“ и на „ЛНГ“ терминалите кои се наоѓаат на брегот на Егејското море. „Сега сме практично приклучени преку една точка на гас во Бугарија и ова ќе ни...

Заев ќе има разбирање за Анѓушев ако се повлече и се посвети на своите компании

Премиерот Зоран Заев ќе има разбирање доколку вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев се повлече од политиката. Според Заев, тој е сопственик на големи фирми кои вработуваат над 1.000 лица и ќе имам разбирање ако сака да се посвети на нив, но во истовреме, рече премиерот тој е потребен и на државата за успешно завршување на започнатите проекти. „Анѓушев е...

Анѓушев: РЕК Битола годинава заштеди 10 милиони евра и произведе 15 отсто повеќе струја

Од почетокот на годинава досега, РЕК Битола ги натфрлила предвидувањата, произведувајќи 15 отсто повеќе струја отколку што било прогнозирано. Притоа цената за киловат час била пониска за 10 отсто од предвиденото, со што од 1 јануари досега се заштедени околу 10 милиони евра, се пофали вчера вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по посетата на најголемиот производител на струја...

Анѓушев: 50-те милиони евра од капиталните инвестиции ќе се инвестираат во човечки капитал

Во однос на реакциите во јавноста дека со ребалансот на буџетот се скратени 50 милиони евра капитални инвестиции, вицепремиерот Кочо Анѓушев вели дека тие пари ќе бидат инвестирани во човечки капитал, во обезбедување соодветна работна сила, кадар што му недостига на македонскиот пазар на труд. Одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорите за капитални инвестиции преку Програмата за рурален...

Анѓушев: Спорно е финансирањето на доизградбата на автопатот Кичево – Охрид

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска од Охрид рече дека владата чека на одобрување нова транша од кредитот од кинеската Ексим банка за интензивирање на изградбата на автопатот Кичево - Охрид. - Тоа што се очекува сега да се случи е да продолжи кредитирањето од Ексим банка кое престана на 15 јануари. Финансирањето е спорно и тоа не зависи...

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...