fbpx
Таг: коалиција

таг: коалиција

Димовски: Ќе ги поддржиме законите поднесени од СДСМ по скратена постапка

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија имаат намера да гласаат позитивно за трите закони по скратена постапка што се поднесени од СДСМ, но бараме политички начин да извршиме притисок врз СДСМ тие да гласаат за трите закони што ги поднесоа ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, рече денеска на прес-конференција координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски. Тој додаде дека...

НСДП ќе коалицира со СДСМ на локалните избори

НСДП денеска во Скопје одржа седница на централниот одбор, на која било одлучено партијата да продолжи со учеството во коалицијата предводена од СДСМ и на претстојните локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври. „Беше констатирано дека општинските организации на партијата кадровски и оперативно се целосно подготвени да го дадат својот придонес за убедлива победа на кандидатите за градоначалници...

СДСМ во Кичево нема да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ за локалните избори што ќе се одржат во октомври нема намера да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, оти му се битни концептите што се битни за граѓаните, а не етничкиот концепт, рече пратеникот од СДСМ, Петре Шилегов, одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Собранието на Република Македонија. Прашан дали е можна соработка во општина Кичево со ВМРО-ДПМНЕ,...

Законот за употреба на јазиците, Османи го очекува на владина седница следната недела

Законот за употреба на јазиците би требало набргу, во наредните денови, да биде подготвен од Владата, а по новите изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го ревидира својот став кон Албанците, изразуваме очекување таа партија да го ревидира својот став и со консензус да го донесеме законот за јазиците, рече вицепремиерот Бујар Османи. Одговарајќи на новинарско прашање пред денешната заедничката работна средба...

ВМРО-ДПМНЕ ќе побара информации за новите вработувања во институциите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за подобра Македонија ќе поднесат барање да им се достават информации за тоа колку нови луѓе се ангажирани или вработени во државните институции на определен, неопределен период, засновале работен однос врз основа на договор за дело, авторски или друг договор, информираше на денешната прес-конференција пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев. Тој додаде дека во согласност...

Села: Ако во првите 100 дена не биде усвоен законот за јазиците, ќе ја напуштиме Владата

Лидерот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, денеска на редовното партиско собрание во Тетово рече дека доколку во првите 100 дена од новата влада не биде усвоен законот за проширена употреба на албанскиот јазик, неговата партија ќе ја напушти коалицијата. Села смета дека тоа би била последна мерка за која се надева дека ќе нема потреба да се...

Лидерите на Западен Балкан на самит ќе потпишат договор за основање комисија за воени злосторства

Коалицијата за основање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства (РЕКОМ) направени за време на војните во поранешна Југославија од 1991 до 2001 година, ќе ги повика лидерите на Западен Балкан на самит на 12 јули во Трст да потпишат политички договор за основање на таа комисија. Основачката на Фондот за хуманитарно право, Наташа Кандиќ, вели дека...

Заев: Време е парламентарното мнозинство да си ја преземе одговорноста

„Како парламентарно мнозинство што ја доби довербата, оставивме овие пет недели целата јавност да се увери на каков лажен патриотизам се подготвени Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нема сомнеж дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ не сака да ја предаде власта бидејќи се плаши од одговорност. Бегање од одговорност нема, амнестија нема, ќе се оди на суд толку често колку...

Партиите во Албанија бараат продложување на рокот за регистрација на коалиции

Денеска е краен рок за регистрирање на коалиции за претстојните парламентарни избори во Албанија, но ниту една коалиција помеѓу партиите не е регистрирана во Државната изборна комисија на Албанија, јавува дописничката на „Мета“ од Тирана. Според албанскиот изборен законик, политичките партии требаше да се пријават за учество на изборите до 10 април, но тоа не го сторила ниту една опозициска партија. Социјалистичката...

Активистите против новите мерки за загадениот воздух

Прагот на алармирање за ПМ10-честичките да биде поставен при достигнување на просечна вредност поголема од 70 илиграми на еден кубен метар, два дена по ред, без оглед  дали станува збор за викенд или работен ден и без скриени услови. Ова е барањето што членовите на коалицијата за чист воздух „О2“ и на граѓанските здруженија „Ние сме Карпош 4“, „Воздух сега“ и...

ДУИ размислува за повлекување на своите министри од Владата

На денешниот состанок на централно претседателство на ДУИ, кое веќе е во тек во седиштето на партијата во Мала Речица, ќе се расправа за повлекување на министрите на ДУИ од Владата, велат партиски извори за „Мета“. Доколку централното претседателство донесе ваква одлука, актуелната Влада ќе остане без една третина од министрите. Тоа, според нивните пресметки, би значело дека треба да се формира нова...

ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа е дело на Еди Рама и е подметната како кукавичко јајце

„Секојдневно се нижат искази и докази дека тиранската  платформа е дело на Еди Рама и дека таа има цел да ја турне Македонија во уште подлабока криза и да ја редефинира во согласност со визиите на соросовите играчи на Балканот“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „аболираниот криминалец Зоран Заев е само уценет човек,...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се лаже ако мисли дека нови избори нема да сменат ништо

Доколку Зоран Заев смета дека со прифаќањето на „тиранската платформа“ се подобрува рејтингот на СДСМ, нека излезе на избори и нека го провери тоа, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава на лидерот на СДСМ. „Ако навистина тој освои поголем број пратеници, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прифати волјата на народот. Доколку Заев смета дека теоретски нема ништо да се смени...

Шилегов: Неделава консултации за продолжување на конститутивната седница, потоа предлог до Иванов

„Ѓорге Иванов и Никола Груевски се единствените пречки за формирање нова влада. Иванов со одолговлекувањето да го даде мандатот за влада, го штити Никола Груевски и криминалното раководство од волјата на мнозинството граѓани, односно нова реформска влада“, рече портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов денеска, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СДСМ по денешното соопштено од...

Опозицијата во Албанија официјално се откажа од учество во изборите

Дваесет опозициски партии денеска испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите ниту како поединечни партии ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите. Тие велат дека ќе стојат на одлуката сè додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер избори. „Партиите од опозициската коалиција...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ќе коалицира со Села, човекот кој Македонците ги множи со нула

„Зоран Заев си поигрува со националните и со државните интереси. Разбираме дека е уценет поради криминалите во кои е заглавен до гуша, но тоа не го оправдува неговото неодговорно однесување. Затоа граѓаните го изразуваат својот револт секој ден сè погласно“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „последното кое граѓаните можеа да го видат...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Партијата да ги брани државните интереси по секоја цена

ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и националните интереси по секоја цена, е заклучокот од вчерашната седница на централниот комитет на партијата. ЦК на ВМРО-ДПМНЕ донел заклучок според кој извршниот комитет и партијата треба да продолжат да се спротивставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава. „Победникот во албанскиот блок...

Во седиштето на ДУИ најверојатно ќе се заседава долго во ноќта

Не може да се прогнозира до кога ќе трае седницата на централното претседателство на ДУИ во партиското седиште во Мала Речица, им беше соопштено на новинарите пред малку. Пред почетокот на седницата, попладнево претседателот на партијата, Али Ахмети, изјави дека лидерството на ДУИ денеска ќе разговара за формирањето на владата и за уставните можности за конституирање на парламентот. – На седницата...

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот зад затворени врати предизвикува сомнеж и тензии

Прифаќањето платформи на туѓи држави како основа за преговори и за формирање коалиции е процес кој води кон разградување и кон редефинирање на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја анализирал политичката состојба по постигнувањето договор меѓу СДСМ и ДУИ, со кој биле обезбедени потписи за барање мандат за составување на...

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици на СДСМ ќе предизвика долгорочна нестабилност

ВМРО-ДПМНЕ целосно се спротивставува на обидите да се игнорира и да се изигра волјата на мнозинството Македонци, но и волјата на припадниците на другите етнички заедници кои својот глас го дадоа за Коалицијата за подобра Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „реализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...