fbpx
Таг: коалиции

таг: коалиции

На изборите на 12 април сакаат да се натпреваруваат 15 коалиции и политички партии

Фото: Борче Поповски
Државната изборна комисија (ДИК) до синоќа на полноќ примила кандидатски листи на 15 коалиции и политички партии за предвремените парламентарни избори што треба да се одржат на 12 април. Станува збор за 84 листи со вкупно 1.578 имиња на кандидатските листи, кои допрва треба да бидат потврдени од ДИК. За учество во гласањето на дијаспората се одлучиле шест политички...

Заев и Ахмети апелираат за демократски избори и во втор круг

Постојано сме работеле на демократските процеси и затоа посакуваме тие стандарди да се имплементираат и на 29 октомври, затоа што тоа е многу значајно за нашата заедничка иднина, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети во Тетово, каде што вечерва се одржа митинг. По митингот, Ахмети на кратко се сретна со премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев. Заев од граѓаните побара да...

Заев: Парламентарното мнозинство ќе зајакнува со пратеници од опозицијата

Парламентатното мнозинство ќе зајакнува бидејќи има многу демократи и чесни луѓе од опозицијата, кои не се согласуваат со политиките на поделби, национализам и на антагонизам. Ова денеска го изјави лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, за време на посетата на Штип, во рамките на кампањата за вториот круг од локалните избори. - Јас верувам дека неколку пратеници ќе се...

СДСМ на 19. место, ВМРО-ДПМНЕ седма на гласачкото ливче за локалните избори

Денеска, со жрепка, во Државната изборна комисија (ДИК) беше утврден редоследот на кандидатите за градочалници и за советници на гласачките ливчиња за претстојните локални избори закажани за 15 октомври. Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции. Како што одреди жрепката, прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора - Коалицијата Алијанса на Албанците и...

Во Косово денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори

Предвремени парламентарни избори денеска се одржуваат во Косово на кои, до 11 часот, на гласање излегле 8,5 проценти од гласачите. Шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Јан Брату, изјавил дека гласањето се одвива мирно, а изборниот процес го следат 200 набљудувачи. За 120 пратенички места се натпреваруваат 971 кандидат од пет коалиции на 19 политички партии и од две граѓански...

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот зад затворени врати предизвикува сомнеж и тензии

Прифаќањето платформи на туѓи држави како основа за преговори и за формирање коалиции е процес кој води кон разградување и кон редефинирање на државата, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат дека извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница ја анализирал политичката состојба по постигнувањето договор меѓу СДСМ и ДУИ, со кој биле обезбедени потписи за барање мандат за составување на...

Бушати: Албанија не се меша во можните коалиции во Македонија

Шефот на албанската дипломатија, Дитмир Бушати, вчера изјави дека официјална Тирана немала никаква улога во однос на можните владини коалиции во Македонија, јавува дописникот на „Мета“ од Тирана. Бушати истакна дека Албанија не се меша во внатрешните работи на соседната земја, ниту, пак, вршела некакво влијание за можните коалиции и додаде дека ќе поддржат кој било процес што ќе осигура демократија...

За што, според Уставот, е неопходно двотретинско мнозинство во Собранието

Актуелниот распоред на силите во Собранието на Република Македонија по предвремените парламентарни избори, на ниту една партија или коалиција, како и да биде скроена (освен ако влада не формираат сите партии), не ѝ овозможува двотретинско мнозинство во законодавниот дом. Двотретинското мнозинство, односно 81 од вкупнот број пратеници, е неопходно во носењето на дел од одлуките и на законите во Собранието,...

Весела владина математика: 49+10+5+3 или 49+10+5+3+2 или 51+10+2 или 51+10+3+2?

Откако Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека и по прегласувањето во Теарце, соодносот во новиот собраниски состав меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува 51 - 49, почнуваат да течат роковите за формирање нова влада, но и да се прават извесни комбинаторики и математички формули, кои сите како суштинска ја имаат бројката од најмалку 61 пратеник. Во очекување на официјалните и конечни резултати,...

Ванхауте постизборно напиша „Поуки за Македонија – демократија во изработка“

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, денеска на својот блог, по предвремените парламентарни избори од 11 декември, објави текст насловен „Поуки за Македонија – демократија во изработка (прв дел)“. Во текстот тој наведува дека неважно е да сте најголема партија по изборите, особено во демократии со пропорционален систем и во ситуација кога немате мнозинство. „По изборите од...

СДСМ во Струмица, ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во неколку скопски општини

Политичките партии уште денеска и утре ќе имаат можност на митинзи и на средби со граѓаните да ги претстават своите програми, пред да почне предизборниот молк за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 11 декември. На претпоследниот ден од изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во скопските општини Бутел (17 часот), Гази Баба (19...

Политичките партии денеска ќе одржат митинзи во Скопје, Охрид, Куманово и во Кочани

Политичките партии влегуваат во последната недела од изборната кампања со митинзи и со средби со граѓаните, на кои ги претставуваат политичките програми за изборите на 11 декември. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода и Центар, а Kоалицијата за живот во Македонија предводена од СДСМ вечерва ќе биде во Дебар, Струга и во Охрид. Коалицијата Алијанса за Албанците...

ВМРО-ДПМЕ денеска во Крива Паланка, СДСМ во Битола, а ДУИ во Куманово

На 13. ден од изборната кампања, политичките партии продолжуваат со митинзите и со средбите со граѓани на кои ги претставуваат своите изборни програми за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе одржат митинзи во Кратово во 12 часот, во Пробиштип во 17.30 часот и во Крива Паланка во 20 часот. Социјалдемократскиот сојуз на...

Политичките партии денеска ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори

Согласно одредбите на Изборниот законик, политичките партии учесници во изборите на 11 декември, денеска во 14 часот ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори во Државната изборна комисија (ДИК), која првпат го организира овој настан. - За таа цел, ги повикуваме претседателите на политичките партии кои ги предводат коалициите учесници на изборите, како и претседателите на политичките партии кои самостојно...

Само разузнавачи не недостигаат на листите за пратеници

Политичките партии ги скроија кандидатиските листи за претстојните предвремени парламентарни избори, а она што, меѓу другите изненадувања, боде очи е што во првите редови во трката за пратеничкото столче на 11 декември се најдоа, како ретко досега, повеќемина поранешни шефови и високи функционери на тајната полиција и на МВР. Ова се случува во време кога Македонија е потресена од политичка...

Партиите добија 48 часа да ги отстранат недостатоците на листите

Државната изборна комисија синоќа ги разгледала кандидатските листи на политичките партии и на коалициите и на дел од нив им дала рок од 48 часа да ги отстранат констатираните недостатоци. Како што соопштија од ДИК, најголем дел од забелешките се однесуваат на достава на трансакциска сметка за изборна кампања, уверение за неосудуваност, изјави и копии од лични карти на кандидатите...

Зекири: Ако ДУИ победи кај Албанците, СДСМ ќе мора да коалицира со нив во владата

Владиното мнозинство го прават бројките и СДСМ нема да може да оди против волјата на гласачите ако тие повторно дадат доверба на ДУИ, вели членот на централниот одбор на СДСМ, Мухамед Зекири, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“, во одговор на прашањето дали е можна постизборна коалиција СДСМ - ДУИ. Сепак, тој додава оти не верува дека Албанците по...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...