fbpx
Таг: книга

таг: книга

„Лавиринт“ нова книга од Ристо Лазаров

Издателството „Везилка 2011“ ја објави новата, 32. поетска книга „Лавиринт“ од Ристо Лазаров. Како и последните десетина книги на овој автор, и оваа содржи 50 песни, седум циклуси со седум песни и една воведна песна. Авторот на поговорот кон книгата, професорот Ферид Мухиќ, оваа книга ја нарекува поетска ревизија на архетипските митови. Класичните антички митови, оценува Мухиќ, од Тројанската војна и...

Промоција на книгата „Македонскиот народ во Албанија“ од Спасе Мазенковски

Во организација на Иницијативата за семакедонско обединување од Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата „Македонскиот народ во Албанија“, чиј автор е Спасе Мазенковски, интелектуалец, новинар од селото Леска во Мала Преспа, Албанија. Настанот е закажан за 18 часот, во градската библиотека „Борка Талески“, додека промотор е професор д-р Виолета Ачкоска. Книгата содржи повеќе податоци за етничките Македонци во Република Албанија,...

Промоција на книгата „Македонските бронзи“ со записи за предмети пронајдени во Охрид

Центарот за истражување на предисторијата, вечерва од 20 часот, во Археолошкиот музеј на Македонија организира промоција на книгата „Македонските бронзи: религијата и митологијата на железнодобните заедници од Средниот Балкан“, на проф. д-р Никос Чаусидис. Монографијата ги обработува македонските бронзи – археолошки предмети од осмиот до шестиот век пр.н.е., пронајдени, главно, во Охрид, но и во други делови од Македонија. Голем дел...

Книгата на Трамп што Груевски „ја препорачува“, ја нема во нашите книжарници

Книгата „Повторно величествена“ (Great Again: How to Fix Our Crippled America), чиј автор е новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, а со која поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се одмора во Маврово, не може да се најде низ книжарници во Скопје. Примерок од оваа книга имало само во книжарницата „Матица“, но не на македонски, туку на...

Промоција на „Трофеј“ на Весна Петрушевска во Штип

Денеска напладне во спомен-собата на поетот Ацо Шопов во Дом на културата во Штип, ќе се одржи промоција на автобиографската книга на Весна Петреушевска – Бејби, насловена „Трофеј“. Издавачката куќа „Три“, делото на популарната актерка и водителка го најавува како неверојатно искрена и трогателна исповед, преку која Весна ќе ја запознаеме од различни аспекти на нејзината личност од минатото и...

Меѓународната награда „Книжевно перо“ за македонскиот писател Петко Шипинкаровски

Македонскиот писател Петко Шипинкаровски е добитник на меѓународната награда „Книжевно перо“, што по петти пат ја доделува Хрватското книжевно друштво од Риека, Република Хрватска. Наградата на Шипинкаровски ќе му биде врачена на Меѓународната манифестација „Денови на пријателите на книгата“, што ќе се одржи од 17 до 20 ноември. - Со искрено задоволство ја примив веста за Меѓународната награда „Книжевно перо“ на...

Рама: Односите меѓу Албанија и Србија се променети на подобро

Еди Рама, премиерот на Албанија, синоќа во Белград го промовираше српското издание на книгата „Жртвување“. Тој вчера оцени дека изминатите две години, колку што поминале од неговата последна посета во Белград, односите меѓу двете држави се променети на подобро. - Работите се променети. Се сеќавам на изразот на лицето на вашиот премиер пред две години, кога го споменав Косово. Мислев дека...

Книги од македонски автори промовирани во Корча

Македонскиот културен центар „Сонце“ од Корча организираше промовирање на две книги од македонски автори. Ицо Најдовски, кој живее во Австралија, историчар и новинар, ја промовираше својата книга „Македонско -австралиски народен сојуз 1946-1958“. Книгата го опишува формирањето на една македонска културно-патриотска организација во Австралија, од македонски емигранти кој доаѓале од Пустец, Костур, Лерин, Битола, Прилеп и од други места. -Целта на овој сојуз...

Промоција на дела за македонската историја во Корча, Албанија

Денеска попладне, во библотеката „Тими Митко“ во Корча, Албанија, ќе се одржи промоција на книгата „Македонско-австралиски народен сојуз 1946-1958“ од македонскиот иселеник Ицо Најдовски-Перин. Исто така, ќе биде промовирана и книгата „Кратка историја на македонскиот народ“ од авторот Спасе Мазенковски, кој живее во селото Леска, Општина Пустец. Промоцијата на книгите ја организира  Македонскиот културен центар „Сонце“.

„Рапави стихови“, нова книга од Милован Стефановски

Издаваштвото „Везилка 2011“ во својата едиција „Проза“ го објави најновиот роман „Рапави стихови“ од познатиот македонски писател и поет Милован Стефановски. Ова е четврти роман на Милован Стефановски и седумнаесетта објава во неговиот богат книжевен опус. Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“ на „Струшки вечери на поезијата“, наградата „Роман на годината“ на „Утрински весник“, како и на наградата за поема...

Расказот „Т’чка на агонија“ првонаграден на Конкурсот „Живко Чинго“

Расказот „Т'чка на агонија“ е прогласен за годинашен добитник на наградата „Живко Чинго“. Конкурсот, претходно го распиша градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Од пристигнатите 90 ракописи, тричлената комисија, во состав проф. д-р Димитар Пандев - претседател и членовите, Мирко Томовски и Смиле Наумоски, го избрале расказот „Т'чка на агонија“, бидејќи се издвоил...

Годинешните „Струшки книжевни средби“ во знакот на 155-годишнината од Зборникот на Миладиновци

Од денеска до 9 јули, во Струга, Охрид и во Вевчани се одржува манифестацијата „Струшки книжевни средби – 2016“. Програмата почнува на Вевчански извори, каде ќе се одржи Меѓународно поетскo матине, а свои песни ќе читаат поети од Македонија, Албанија, Бугарија, БИХ, Полска, Романија, Словенија, Србија, Хрватска… Хрватското книжевно друштво од Риека ќе се претстави со стихови на поетите: Хрвојка Миловановиќ-Салопек,...

Манифестацијата „Види музика, слушни слика, добиј книга“ посветена на Дејвид Боуви

Традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“ ќе се одржи утре во Градски парк, со почеток во 21 часот. Годинава манифестацијата која се одржува веќе девет години, e посветена на британската музичка легенда Дејвид Боуви, односно Македонска филхармонија ќе изведува дел од многубројните негови хитови. Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Емин Џијан и ќе изведе познати...

Нова книга од Ристо Лазаров

„(П)огледи“ е насловот на најновата книга есеи на македонскиот писател и новинар Ристо Лазаров. Повеќето од есеите во книгата се објавуваат првпат, а некои веќе се објавени во медиумите. Нивни заеднички именител се траумите што ги доживува Македонија во транзицијата, особено последниве години, и експлозијата на незадоволството од владеењето со државата. Во поговорот кон книгата, новинарот и публицист Бранко Героски оценува дека...

Македонското книжевно творештво ќе се промовира на Меѓународниот саем на книгата во Солун

Македонското литературно творештво ќе биде претставено пред грчката публика на 13. Меѓунарароден саем на книгата во Солун. Во организација на Генералниот конзулат на Македонија во Солун и на покана на грчката Фондација за култура, нашата држава ќе има свој штанд и активности на саемот, кој почнува денеска и ќе трае до 15 мај. На саемот ќе биде промовирано современото книжевно...

Книгата „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“ од Мишо Јузмески и на холандски јазик

Во издание на НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид, од печат излезе најновата книга од охридскиот писател и публицист Мишо Јузмески со наслов „Македонци, А. ден Долард и други Холанѓани“. Книгата е објавена на холандски јазик, додека на оригиналниот македонски јазик беше објавена на почетокот од оваа година. Централна фигура е холандскиот писател и новинар А. ден Долард, најголемиот промотор на Македонија,...

Промовирана книгата „Никој не ме праша за име“ посветена на Мајка Тереза

Амбасадата на Црна Гора во соработка со невладината „Љубав“ и Спомен-куќата на Мајка Тереза, вчера организираше промоција на книгата посветена на добитничката на Нобелова награда за мир, родена скопјанка, позната како светицата од Калкута, од авторот Весна Мартиновиќ. Книгата насловена „Никој не ме праша за име“ ја промовираше новинарката Јасмина Миронски, автор на книга и на монографија за Мајка Тереза, која...

Утре промоција на книгата „Утринска молитва“ од Шипинкаровски

Утре во Скопје ќе се одржи промоција на книгата „Утринска молитва“ од струшкиот писател Петко Шипинкаровски. Промотори на книгата ќе бидат Васил Тоциновски и Марина Мијаковска. Промоцијата е закажана во Клубот на љубители на книгата при здружението на пензионери „Солидарност“ во Аеродром, со почеток во 18 часот.

На македонски јазик издадена стихозбирката „Да се биде“ од Дејан Алексиќ

Во издание на книгоиздателството „Везилка 2011“, излезе од печат стихозбирката „Да се биде“ од Дејан Алексиќ, еден од водечките српски поети од помладата генерација. Алексиќ (1972) е добитник на престижните книжевни награди во Србија: „Бранкова награда“, „Бранко Миљковиќ“, „Меша Селимовиќ“ и други. Неговата книга на македонски јазик ја препеа Ристо Лазаров, кој е и автор на поговорот. - Средбата на читателот со...

Полска поетеса објави книга на македонски јазик во Бугарија

Во Плевен, Бугарија, објавена е поетската книга „Кога си со друга“ од полската поетеса Калина Изабела Зиола. Издавач на книгата е „Бран“ од Струга, а печатена е во печатницата „Нома“ од Плевен. Автори на препевот се бугарската поетеса Вања Ангелова и македонскиот писател Петко Шипинкаровски, кои воедно се и рецензенти.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...