fbpx
Таг: книга

таг: книга

В среда промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од Иван Џепароски во Театар Комедија

Во среда, на 20 март, со почеток во 12 часот на малата сцена во Театар Комедија ќе се одржи јавна промоција на книгата „Комичното и хуморот“ од професорот Иван Џепароски. Книгата ќе ја претстават писателот и професор Александар Прокопиев и професорката и театролог Ана Стојаноска. Книгата е сочинета од девет поглавја, за кои професорот Џепароски во прологот ги „групира“ во...

Објавена студија за романите „Папокот на светот“ и „Еретички писма“

Верица Мукоска насловна од дело _се користи со дозвола
Македонскиот книжевник Верица Мукоска ја објави книгата „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски (компаративна анализа)“. Таа деновиве излезе од печат и наскоро ќе може да се купи во книжарниците и ќе биде достапна во библиотеките низ земјава. Мета.мк неодамна со Верица Мукоска неодамна објави интервју. Таа е македонски...

Промоција на книгата за творештвото на босанската уметница Камериќ на фестивалот КРИК

Програмата на осмото издание на КРИК – фестивалот за критичка култура во организација на Контрапункт продолжува со промоција на книгата за творештвото на познатата босанска уметница Шејла Камериќ. Од фестивалот велат дека по минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и фестивалот „Прво па женско“ заеднички ја организираа во Националната галерија – Чифе Амам, оваа година ќе биде...

Благоја Стојков, авторот на „Пеколен меден месец“: Во книгите сакав да го допрам туѓото, мистериозното и забранетото

Авантурите, драмите и романсите со одлични жанрови кои често ги чита, но за нив вели оти се дел од секојдневието. Тоа што сакал да го „допре“ во своите досега издадени книги е „туѓото и несекојдневното, мистериозното и забранетото“ – она што на сите им е возбудливо и интересно, но ретко кој сака да го доживее, затоа што таму се...

Објавена книгата „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска

Објавена книгата која е посветена целосно на Скопје - „Варшава го исцртува Скопје“ од полската авторка Кинга Нетман-Мултановска, информираат од издавачката куќа „Бегемот“. Оваа книга фрла поглед на голем период на историјата на Скопје, од историското освојување на Османлиите, па сѐ до денешен ден. Во оваа книга акцентот е ставен врз помошта што полските урбанисти и архитекти ја даваат на...

Промоција на книга за тајното женско училиште во Струга од Дијана Петрова

Во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје утревечер со почеток во 19 часот ќе биде промовирана книгата „Излегувањето од сенка“ од Дијана Петрова. Промотор на романот е Иван Антоновски, модератор на настанот е Александра Јуруковска, а фрагменти од делото ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Настанот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“. Романот „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“...

На насловната на книгата на Груевски не пишува „Се враќам“

Насловната страница на книгата од поранешниот премиер, Никола Груевски, со фотошопираната реченица „Се враќам“, ја манипулира јавноста. Фактите покажуваат дека содржината е изменета и заради тоа е невистинита, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   На објава на социјалната мрежа Фејсбук e споделена насловната страна од новата книга за поранешниот премиер Никола Груевски која што е со...

„Отуѓување“: Роман за битката на еден човек кој се бори со системот за да си го види своето дете

На одбележувањето на Светскиот ден на борбата против родителското отуѓување, во Домот на АРМ вчера беше промовиран романот „Отуѓување“, напишан според вистинска приказна. Автор е Ѓорѓи Мешков, која ја пренесува потресната животна битка на кавадарчанецот Бранко Брковиќ, кој шест години се бори со центрите за социјални работи за да си го гледа синот, но не успева во тоа, поради...

Промоција на книгата „Дух во школка“ од Сунчица Уневска

Новата книга со рецензии од новинарката и филмска критичарка Сунчица Уневска, „Дух во школка“ ќе биде промовирана утре (15 септември) во рамки на Скопскиот филмски фестивал. Промоцијата ќе започне во 19 часот и ќе се одржи во киносалата на Кинотеката на Македонија. Според најавата промоцијата ќе биде интерактивна дискусија во која ќе можат да се вклучат и присутните. Ова е четврта...

Промоција на книгата „Тупаници“ со присуство на писателот Пјетро Гроси во „Буква“

Во сабота, на 27 август, во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 20 часот ќе се одржи промоцијата на книгата „Тупаници“ со присуство на италијанскиот писател Пјетро Гроси. Промоторки на книгата ќе бидат Ирина Талеска и Катерина Сотирова, која воедно и ја преведе книгата на македонски јазик. Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ книгата ја издаде неодамна како 207. издание во едицијата „ПРОаЗА“. Преводот...

Објавена книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“ со трудови за истакнатите македонски писатели

Објавена е книгата „Низ лавиринтите на книжевното писмо“, со книжевни студии од македонскиот писател Ранко Младеноски. „Низ лавиринтите на книжевното писмо“ содржи анализи и интерпретации на семиотичките лавиринти на книжевно-уметнички дела на автори од современата македонска книжевност, две компаративни студии и два осврта за книги на странски автори. Тоа се анализи, толкувања и осврти на книжевни дела кои оставиле значајни...

Издадена книгата „Раскази на љубовта“ во која емоциите играат главна улога

Издавачката куќа „Готен“ ја објави збирката раскази „Раскази за љубовта“ од еден од најпопуларните современи чешки писатели, Михал Вивег. „Збирката раскази „Раскази за љубовта“ ги содржи главните карактеристики на прозното писмо на Вивег – одлично чувство за раскажување приказни, дозиран хумор, луцидно согледување на односите меѓу луѓето. Млади љубовници и постари љубовници, парови во брак и разведени, неженети мажи и вдовици, отворени...

Издаден „Столб што пее“ – четвртиот роман на Томислав Османли

Деновиве излезе од печат новиот роман на истакнатиот македонски писател Томислав Османли, „Столб што пее“. „Романот е со сложен хронотоп и наратив составен од девет меѓусебно поврзани текови, соединети во матицата на романот, којшто го следат и го засилуваат впечатливи документарни елементи: автентични фотографии, агенциски вести, tweet-ови, два природно вметнати расказни цитати од „Делата апостолски” на Новиот завет, интернет адреси...

Саем на книга 2022: Кај читателите е зголемен интересот за домашна литература

Изминатава недела, почнувајќи од минатиот вторник, па сè до денеска, под покровителство на Министерството за култура на Република Северна Македонија се одржа 34 меѓународен Саем на книга 2022. Повеќе посетители и љубители на книгата од земјава и странство имаа прилика да ги посетат бројните штандови со најразлична литература напишана и преведна на македонски, албански и турски јазик. По пауза од две...

МАИ ги додели книжевните награди во периодот меѓу двата саема, „Арс ламина“ доминира со 4 признанија

Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) денеска, на вториот ден од Саемот на книга 2022 по шести пат ги додели своите награди за најуспешните изданија во периодот меѓу ланскиот и годинешниот саем. Доделувањето на признанијата за најголемите издавачки дострели во периодот меѓу двата саема се врши во осум одделни категории и три најдобро рангирани позиции во секоја од нив. Оваа година...

Објавена книгата „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова

Објавена е книгата со наслов „Јазикот е чудна ѕверка“ на Марина Костова која претставува хибридна збирка со куси лични истории, рецензии и есеи. На 6 мај од 17-19 часот во салата „Борис Трајковски“ каде се одржува Саемот на книгата, посетителите ќе имаат можност да ја купат оваа книга со посвета од авторката. „Јазикот е чудна ѕверка“ е конципирана како флуиден текст...

На 3 мај започнува 34-то издание на скопскиот Саем на книгата

Саемот на книга оваа година се враќа во својот редовен пролетен термин на одржување, од 3 до 9 мај во салата Борис Трајковски во Скопје. „Сите значајни домашни издавачки куќи најавија дека ќе се претстават со своите најнови наслови-изданија за 2022 година. Свое учество најавија и издавачки куќи од регионот, од Србија, Албанија, Косово и претставници од Република Турција“, се вели...

Вечерва промоција на „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска

Вечерва со почеток во 20:00 часот во кафе книжарницата Буква ќе се одржи промоција на збирката раскази „Скопје во високата зона“ на професорката Калина Малеска. Станува збор за книга составена од раскази кои, низ четири циклуси, сосредоточени на различни визии што временски и просторно се шират во и околу Скопје, истражуваат различни потенцијални начини на постоење и доживување на искуствата,...

Друштвото на писателите на Македонија ги додели книжевните награди за 2021 година

Друштвото на писателите на Македонија ги додели традиционалните книжевни награди за најдобри поетски и прозни остварувања во 2021 година. Во конкуренција за книжевните награди беа значајни македонски писатели, но при изборот стручното жири мораше да селектира четири најдобри романи и поетски книги. За најдобра книга за деца и млади со наградата „Ванчо Николески“ беше избран романот „Имаш пчела на носот: роман...

„Бункер“ го објави графичкиот роман „Вавилон Берлин“, за кој во Германија се сними и популарна серија

Криминалистичкиот роман на Фолкер Кучер, за којшто во Германија се снимија дури четири сезони од истоимената популарна серија, во земјава доби своја верзија во вид на графички роман (стрип-книга) на македонски јазик. Автор на графичкиот роман „Вавилон Берлин“ е Арне Јиш, додека издавач на македонски јазик е „Бункер“. Сценариото во графичкиот роман на Јиш е малку поразлично од сценариото на...

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...