fbpx
Таг: Клуб на пратеници

таг: Клуб на пратеници

Грковска: Криминалците се жилави во изигрување на законот

Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри кога станува збор за избегнување на одговорност и зачувување на криминално стекнатиот имот, истакна денеска заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, која...

Заев ја пофали ДУИ за доблеста, Ахмети му призна на Заев за храброста

На денешната прес-конференција на двајцата претседатели на најголемите партии во старо-новата владина коалиција, СДСМ и ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети не ги штедеа убавите зборови еден за друг, иако во екот на изборната кампања се чинеше дека се противници. „ДУИ покажа големина и доблест за иднината на сите граѓани и државата. При таа доблест е утврдено јас да ја...

Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција ги повика лидерите на партиите на одржување на лидерска средба, в петок во Клубот на пратениците, во 14 часот. Тој упати порака до лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети и на Алијансата за Албанците Зијадин Села. На лидерската средба, како што посочи Заев, би се разговарало за нов изборен законик и изборен...

Столтенберг денеска доаѓа во дводневна посета на Македонија

Денеска, во дводневна официјална посета на Македонија, доаѓа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг кој треба да има средби со премиерот Зоран Заев, со министерката за одбрана Радмила Шекеринска, претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Талат Џафери и други високи официјални претставници. Столтенберг ќе слета вечерва, а ќе го пречека министерката Шекеринска. Средбата со Заев ќе се одржи утре во Клубот...

Мицкоски: Да превенираме каков било обид да се изигра волјата на граѓаните

По четиричасовната лидерска средба во Клубот на пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски рече дека лидерите на четирите најголеми политички партии за некои од прашањата имаат приближување на ставовите, а за некои немаат. Тој апелираше вистинските европски вредности да бидат реални, а не декларативни и дека сите партии треба да се однесуваат според тие вредности. - Тоа значи почитување на законите...

Заев: Компромиси за стратешките цели нема, разговорите продолжуваат в недела

За некои прашања полесно се договараме за некои потешко, разговорите ќе продолжат или в недела вечер или в понеделник сабајле, кога очекувам да се најде конкретно решение за формирање на ДИК и за референдумот, изјави премиерот Зоран Заев по лидерската средба во Клубот на пратеници. - Долги се разговорите за референдумот и за ДИК, но продолжуваме со преговорите. Сакам да...

Владата жали што поради безбедносни постапки имало непријатности за фоторепортерите

Владата соопшти дека со внимание ги прифатила и анализирала реакциите по инцидентот со фоторепортерите вчера при лидерската средба во Клубот на пратениците и нагласува дека се спроведувале безбедносните насоки, изразувајќи жалење што поради тоа фоторепортери биле оневозможени да работат. „Водена од врвниот принцип да го почитува и да го овозможува правото на медиумите за непречено, одговорно и професионално известување од...

Почна лидерската средба во Клубот на пратеници

Со половина час задоцнување, започна лидерската средба помеѓу лидерите на владејачкото мнозинство и лидерите на опозицијата од македонскиот и албанскиот политички блок. На средбата присуствуваат премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, лидерот на ДУИ, Али Ахмети со вицепремиерот за економски прашања Бујар Османи, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски придружуван од професорката Татјана Каракамишева,...

ААВМУ и СЕММ бараат да престане арогантното и недолично однесување кон медиумските работници

По вчерашниот инцидент со тројца фоторепортери на лидерската средба во Клубот на пратениците, со осуда се огласија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) и  Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ). Двете тела побараа да се стори сè да им се овозможи на медиумските професионалци да ја извршуваат својата работа и да се сопре со арогантното...

ССНМ и ВМРО-ДПМНЕ реагираат за инцидентот со фоторепортерите, Забрчанец со друга верзија

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) и ВМРО-ДПМНЕ остро реагираа на, како што велат, „спречувањето на тројца фоторепортери да си ја извршуваат својата работа“ на лидерската средба во Клубот на пратениците, нарекувајќи го однесувањето на претставниците на власта „непримерно и израз на ароганција“. Од владата пак одговорија дека станува збор за несоработка од страна на тројцата фоторепортери. Фоторепортерите...

Денеска нова лидерска средба во Клубот на пратеници во 12 часот, но во потесен состав

Премиерот Зоран Заева синоќа најави нова лидерска средба денеска напладне во Клубот на пратеници, но овој пат на четирите најголеми политички партии, така како што бараше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој синоќа ја напушти лидерска средба еден час по почнувањето. - Сите што останавме на лидерската средба сме за успешен референдум, а однесувањето на Мицкоски демонстрирано во име на ВМРО-ДПМНЕ...

Заев лидерската ја закажа во Клубот на пратеници, денеска во 18 часот

Претседателот на Владата и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, закажа лидерска средба за утре во Клуб на пратеници во 18 часот, информираат од Владата. „Заради исклучителниот политички момент кој наложува проширување на институционалната рамка на лидерските состаноци, на оваа средба во формат 1+1 (лидерот на партијата плус уште еден претставник на политичката партија), се поканети партиите со...

Заев: Оптимист сум дека е можен национален консензус за прашањето за името

Јас сум оптимист дека е можно да се најде национален консензус по ова важно прашање, изјави премиерот Зоран Заев по петчасовниот координативен состанок на државно-политичкиот врв на кој беа разгледувани предлозите на медијаторот Метју Нимиц за решавање на спорот за името. - Вечерва имавме информативна средба на политичките претставници на која беа презентирани и дискутирани предложените идеи од медијаторот...

Почна координативниот состанок на државниот врв за предлозите на Нимиц

Почна координативниот состанок на државниот врв на кој ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Во Клубот на пратеници пристигнаа претседателот Ѓорге Иванов, со двајца претставници на неговиот кабинет, премиерот Зоран Заев заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан...

Државниот врв денеска на координативен состанок за предлозите на Нимиц

Државниот врв денеска на координативен состанок ќе ја разгледува иницијалната рамка за решавање на спорот за името, која ја предложи медијаторот Метју Нимиц. Состанокот, кој вчера и официјално беше најавен од Министерството за надворешни работи, ќе се одржи во 18 часот, во Клубот на пратениците. На состанокот ќе учествуваат претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи,...

Полицијата чува 3.570 вреќи со избирачки материјал во Клубот на пратеници

Во Клубот на пратеници, под силно полициско обезбедување се наоѓаат 3.570 вреќи со избирачки материјал. Синоќа по завршувањето на изборите, па сè до денеска, вреќите со избирачките ливчиња и другиот материјал за гласање од сите гласачки места се носат во Клубот на пратеници, каде што комисија на ДИК прави записници. Долж булеварот Теодосиј Гологанов има голем број комбиња, автомобили, но и...

Преговорите на политичките партии продолжуваат во Клуб на пратеници

Преговорите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино, денеска во 12 часот продолжуваат во Клубот на пратеници во Скопје. Се очекува да се разговара за последното отворено прашање, односно ингеренциите на министерот за внатрешни работи. Преговорите синоќа, пак, завршија без договор. Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, по средбата истакна дека на маса има интересен предлог и дека до...

Вонредна лидерска средба пред објавувањето на оцената за условите за избори

Лидерите на политички партии потписнички на Договорот од Пржино, во моментов се во Клубот на пратеници каде од 15 часот е закажана вонредна лидерска средба. На средбата, од засега непознати причини, не е присутен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, додека претседателите на СДСМ, ДУИ и на ДПА се во Клубот на пратеници, каде повеќе од еден час трае состанокот. На него,...

Ванхауте: Проблем се составот на Агенцијата за медиуми и владините реклами

Белгискиот посредник, Питер Ванхауте, пред почетокот на денешната средба на работните групи во Клубот на пратеници, на која се преговара за медиумите, рече дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека преговорите ќе продолжат. - ВМРО-ДПМНЕ денеска имаше консултации и наскоро ќе видиме дали има компромис и ако нема, дали ќе може да се постигне. Ако нема договор до петок...

Денеска во 13 часот средба на работните групи за медиуми

Работната група за реформа во медиумите денеска во 13 часот ќе одржи средба во Клубот на пратеници. Последна средба на работните групи се одржа во четвртокот, а преговорите се закочени од петокот, откако на билатералните средби со белгискиот олеснуваач Питер Ванхауте, преговарачите му ги повториле црвените линии од кои немаат намера да отстапат. На последната средба се зборуваше за законот што...

Израел: Ќе одговориме на иранскиот воздушен напад

Началникот на Генералштабот на израелската армија, Херзи Халеви, изјави дека Израел ќе одговори на иранскиот воздушен напад, но дека сè уште размислуваат кога и како ќе го направат тоа. Иранскиот...