fbpx
Таг: Клиника за детски болести

таг: Клиника за детски болести

Стефанија и Хатиџе, девојчиња со цистична фиброза се чувствуваат подобро после примената „Трикафта“

Стефанија (13) и Хатиџе (15) се две млади пациентки со цистична фиброза, хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а кои минатата недела во четвртокот го примиле лекот „Трикафта“. Нив денеска ги посети новиот министер за здравство Илир Демири. Овој скап лек, кој државата го набавува етапно, досега го примиле 32 пациенти, а вкупно со оваа дијагноза во Македонија се...

Стаса лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, стручна комисија одлучува кој ќе го прими

Новите количини на лекот „Трикафта“ се веќе на Универзитетската клиника за детски болести. Лекот, како што беше најавено пред шест дена, ќе го добијат 12 пациенти. Кои ќе бидат тие, ќе одлучува стручна комисија од клиниката која претходно ќе направи медицински прегледи на пациентите. Денеска министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека за оваа намена, биле потрошени 100 милиони денари,...

Се истражува како се исплаќале плати и надоместоци на Клиниката за детски болести

Во тек е вонредна ревизија на досегашното работење во различни домени меѓу кои и исплата на плати и надоместоци на плата, дежурства и надоместоци за прекувремена работа на Клиниката за детски болести, соопштија попладнево оттаму. Ова следува откако беа објавени информации за работењето на поранешните директори Аспазија Софијанова и в.д. организациониот директор Мемеди Аљадин. „По завршување на предметните ревизии и...

Стојка Нацева-Фуштиќ и Виолета Клисаровска се нови в.д. директорки на клиниките за детски болести и за онкологија

Министерот за здравство Беким Сали, ја назначи д-р Стојка Нацева-Фуштиќ за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести. Освен тоа, нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, ја именува д-р Виолета Клисаровска. Овие промени доаѓаат откако Сали пред два дена ги разреши д-р Аспазија Софијанова и д-р Нино Васев. Како што информираат од...

Клиниката за хематологија успешно одвоила матични клетки од дете за пресадување на близок роднина

Министерството за здравство (МЗ) извести дека на Универзитетската Клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската Клиника за детски болести денеска се реализирала афереза (одвојување) на периферни матични клетки од деветгодишно дете, кои ќе се искористат за лекување за неговата сестра, која боледува од акутна леукемија и на која ѝ е потребен третман со трансплантација на матични клетки. „Со оваа соработка...

Словачка донираше четири респиратори за Клиниката за детски болести за лекување на ковид-пациенти

Аспазија Софијанова
Република Словачка донираше четири респиратори на Универзитетската клиника за детски болести, медицинска опрема со која што ќе се лекуваат децата заболени од ковид-19. Според директорката на клиниката Аспазија Софијанова, оваа донација ќе значи спасување на детски животи. Таа информираше дека во моментов на клиниката се лекуваат 15 деца со 15 мајки, кои се стабилни и не се во животозагрозувачка состојба....

Почина 13 годишно дете од компликации од грип

Како резултат на компликации од грип, почина 13 годишно дете на Клиниката за детски болести, информираат оттаму. - На Универзитетската клиника за детски болести, вчера почина 13 годишно дете како последица од компликации од грип. Детето од раѓање боледувало од хронична енцефалопатија, дијагноза која дополнително го зголемила ризикот за ваквиот исход од инфекцијата. Во моментов на клиниката се хоспитализирани 17...

Пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега на Клиника за детски болести

Денеска е пуштен во употреба реновираниот оддел за интензивна нега и терапија на Клиниката за детски болести. „Одделот за интензивна нега ќе работи со истиот капацитет како и досега, со можност да се зголеми со нови вработувања на медицински персонал, со што ќе се испочитуваат високите стандарди на згрижување на најтешко болните деца и ќе се гарантира безбедноста на пациентите“, се вели...

Четиригодишно дете со нилска треска примено на Клиниката за детски болести

Четиригодишно дете од Струмица со симптоми на западнонилска треска било примено на Клиниката за детски болести. Од Клиниката велат дека детето не било надвор од Македонија, дури и во период од месец дена не било надвор од Струмица. Вирусот кај детето не оставил посериозни компликации, но сè уште е хоспитализирано на клиниката. Ова е прв случај на западнонилска треска годинава во Македонија....

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...