fbpx
Таг: Клиничкицентар

таг: Клиничкицентар

Дали безбедносните камери го снимиле пукањето на Клинички?

Три дена по вооружениот инцидент, во кој беше ранет лекар хирург на Клиниката за дигестивна хирургија, надлежните не кажуваат дали дивеењето на осомничените било снимено на камерите од видеонадзорот и дали тие воопшто работат. Во 2008 година, Министерството за здравство набави и инсталираше околу 1.200 камери во Клиничкиот центар и во другите здравствени објекти за што се потрошени околу еден...

Лекарите во знак на револт се собраа во кругот на Клинички центар

Во кругот на Клинички центар „Мајка Тереза“ попладнево, група лекари се собраа во знак на револт против посегнувањето по животот на нивни колега. Претходно тие има координативен состанок во амфитеатарот на клиничкиот центар. Според лекарот психијатар Викторија Вујовиќ, тој што кренал рака на бел мантил, исто како да кренал рака врз целиот свет. - Тоа што се случи утрово е недозволиво. Сите ние...

Украден сеф од благајната на Клиниката за инфективни болести

Вчера попладне, во периодот меѓу 15 и 19.30 часот, непознат сторител провалил во благајната на Клиниката за инфективни болести во Скопје и украл сеф во кој имало пари, картички за точење гориво и други предмети, информира полицијата. Според полицијата, крадецот, најверојатно, со автомобил влегол во кругот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и дошол до Клиниката за инфективни болести, каде со...

Работник загинал при пад од бетонски столб

Работник го загубил животот при пад од бетонски столб од висина од околу шест метри, информира полицијата. Педесет и тригодишниот Алекса М. од селото Удово, со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје, но, како што информираат од полицијата, на влезот во Скопје им подлегнал на повредите. Претходно, лекарите во Медицинскиот центар Гевгелија, каде му била укажана...

20-годишна гостиварка ранета со огнено оружје

Синоќа, триесетина минути по полноќ, во гостиварската полиција било пријавено дека во медицинскиот центар била донесена 20-годишната Ф.Е. од Гостивар со рана од огнено оружје во стомакот, соопшти полицијата. Поради сериозноста на повредите девојката била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје. Полицијата ги истражува причините и околностите во кои девојката била ранета и работи на целосно расчистување на случајот.

Клинички центар затворен за новинари

Репортерот на „Мета“ јавува дека Клинички центар, каде што се префрлени неколкумина повредени полицајци по вооружената престелка во Куманово, е забранет влез за новинари и не се даваат официјални информации за бројот на повредени. Се забележува зголемено присуство на полициски службеници. Директорот на центарот вели дека нема да дава изјави за медиуми, дека тоа ќе го направи или министерот за здравство, Никола...

Албански државјанин го избол со нож зетот во скопско Долно Мојанци

Скопската полиција поднела кривична пријава против албанскиот државјанин Б.Ш. (34), осомничен дека пред три дена со нож го избол сопругот на неговата сестра, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, осомничениот во саботата отишол во домот на неговиот зет Ј.Ш. (61), во селото Долно Мојанци, и без повод и причина го нападнал со кујнски нож, нанесувајќи му убодна рана во левата...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...