fbpx
Таг: клинички центар

таг: клинички центар

Инцидент на Клиниката за радиологија поради презакажан „Мој термин“

Вчера околу 15 часот на Клиниката за радиологија, во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, 46-годишниот И.И. револтиран бидејќи му бил пресакажан рокот за „Мој термин“ почнал да го навредува персоналот, а потоа нападнал болничар и го искршил стаклото од вратата во ходникот, соопшти полицијата. Како што информираат оттаму, по инцидентот веднаш интервенирало обезбедувањето на Клиниката. Лицето било приведено во полициската...

На границата е мирно, еден од повредените полицајци задржан на клиника

Еден од полицајците што вчера беа потешко повредени во инцидентот на јужната граница, е задржан на понатамошно лекување во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, додека четворица се пуштени на домашно лекување. Вчера при интервенцијата на македонските безбедносни сили кон толпата од неколку илјади мигранти, кои се обидоа нелегално да влезат на македонска територија од Грција, беа повредени вкупно 14...

Четири момчиња нападнале соученик пред скопската гимназија „Лазар Танев“

Ученик од трета година во скопското средно училиште „Лазар Танев“ вчера бил физички нападнат од негови соученици пред влезот на гимназијата, информираат од полицијата. Момчето, по инцидентот, со возило на итната медицинска помош било пренесено во Клиничкиот центар, каде му била укажана лекарска помош. Екипа од полициската станица Карпош привела тројца малолетници, ученици во гимназијата, како и 19-годишниот М.Д., поранешен ученик...

Скопското обвинителство поднесе обвинение за пукањето во хирургот во Клинички центар

Скопското основно јавно обвинителство поднело обвинителен акт против осомничениот кој пукаше и го рани абдоменалниот хирург Љубомир Огненовиќ на клиниката за дигестивна хирургија во ноември минатата година, соопшти Јавното обвинителство. Според обвинителството, тој се товари за обид за убиство и за неовластено изработување, држење и посредување и тргување со оружје и со распрскувачки материи. Против неговиот брат, кој учествуваше во инцидентот,...

Кривична пријава за џебни кражби извршени во Клиничкиот центар

Единицата за имотни деликти и малолетничка деликвенција на СВР-Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство со кривична пријава го предаде лицето С.И.М. (53) од бугарскиот град Плевен, поради основано сомневање дека извршила две кривични дела џебна кражба, соопшти МВР. Судија на претходна постапка ѝ одреди мерка забрана за влез во Република Македонија во времетраење од пет години. Бугарската државјанка кривичните дела ги извршила...

Новороденче починало на пат од Куманово кон Клиничкиот центар во Скопје

Ноќеска во полициската станица Центар, кумановец пријавил дека новороденчето што на свет го донела неговата снаа, починало неколу часа по раѓањето. Како што информираат од МВР, ноќеска, околу 2 часот, во полициската станица Центар во Скопје, 54-годишниот Н.Н. од Куманово пријавил дека во понеделникот вечерта во 22 часот, на одделот за гинекологија во кумановската болница била породена неговата снаа А.Г.,...

Караѓозов: До петок нема да оперираме поpади револт од известувањето на медиумите

Лекарите на Клиниката за дигестивна хирургија во наредните три дена ќе работат само на итни случаи, а ваквата одлука, според директорот Александар Караѓозов, пренесува МРТВ, била донесена поради револт за начинот на кој медиумите известувале за вооружениот инцидент во кој беше ранет хирургот Љубомир Огненовиќ. Караѓозов изјавил дека за одлуката добиле поддршка и од министерот за здравство, Никола Тодоров, со...

Двајца браќа осомничени за пукањето во хирургот во Клинички центар

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава против И.Н. (34) и против неговиот брат А.К.Н. (36) за вчерашниот вооружен инцидент во клиничкиот центар, во кој беше ранет абдоминалниот хирург Љубомир Огненовиќ. Според МВР, И.Н. се товари за обид за убиство и за недозволено држење оружје или распрскувачки материи, а неговиот брат А.К.Н., според кривичната пријава, е осомничен за соизвршителство, насилство...

СДСМ: Што уште треба да се случи за Никола Тодоров конечно да замине?

Толку е лоша состојбата со здравството во Македонија, што денеска беше пукано во лекар, a уште три лица беа поврдени во престрелка на Клиниката за абдоминална хирургија, реагираат од опозицискиот СДСМ. - Со Никола Груевски и со Никола Тодоров, каубојските филмови станаа реалност и во болниците. Недозволиво е во еден клинички центар во кој секојдневно влегуваат и излегуваат илјадници луѓе,...

Вооружен инцидент во Клиничкиот центар во Скопје

Утрово во Клиничкиот центар во Скопје се случил вооружен инцидент. Според неофицијални информации, во инцидентот имало повредени лица, односно бил ранет лекар од абдоминална хирургија, а во него, наводно, стрелал незадоволен пациент. Полицијата привела две лица, но од МВР нема потврда на информацијата. Влезот во болницата бил забранет и имало зголемено присуство на полицијата и на специјалните сили. Од Секторот за внатрешни работи Скопје...

Исчезна 74-годишен човек од Клинички центар

М.В. (74) исчезнал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а случајот го пријавил неговиот син К.В., во полициската станица Центар. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...