fbpx
Таг: клинички центар

таг: клинички центар

Пропадна првиот, ќе се распишува втор тендер за изградба на монтажни гаражи на Клинички

Ниту една компанија не пројавила интерес за да ги гради двете монтажни катни гаражи во Клиничкиот центар - Скопје. Од Министерството за здравство за „Мета.мк“ информираат дека ниту една понуда не пристигнала на јавниот оглас за доделување на договор за јавно - приватно партнерство, којшто беше распишан на почетокот од август годинава. Ова значи дека за неколку месеци ќе...

Вонреден инспекциски надзор по случаите на хепатит Ц на штипска Ортопедија

На Одделението за ортопедија во Клиничката болница во Штип е извршен координиран вонреден инспекциски и санитерно епидемиолошки надзор од страна на Институтот за јавно здравје, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Центарот за јавно здравје од Штип, којшто следува по регистрираните 11 случаи на хепатит Ц кај пациенти што се лекувале на ова одделение. Како што информираат од Министерството за...

Десет пациенти од штипска Ортопедија досега заразени со хепатит Ц

Центарот за јавно здравје од Штип потврди уште два нови случаи на болеста хепатит Ц кај пациенти, коишто претходно биле лекувани на Oдделението за oртопедија во Клиничката болница во Штип. Со ова, бројката на заболени со оваа болест кај поранешни пациенти порасна на десет. Првите пациенти беа регистрирани во текот на август. Засега нема потврда дека токму условите, лекувањето...

Д-р Беговиќ: Добро е што новите гаражи ќе ја намалат цената за паркинг на Клинички

Ако цената за месечен билет на Клинички центар се намали со изградбата на нови монтажни катни гаражи, тогаш таа одлука е за поздравување, бидејќи тоа е нешто за што ние како синдикат се боревме. Ова за Мета.мк го изјави д-р Горан Беговиќ, претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи. Реакцијата...

Се бара компанија што ќе го гради новиот Клинички центар

Министерство за здравство го распиша тендерот за изградба на новиот Клинички центар на локацијата „Веле Поле“ во општината Ѓорче Петров. Се работи за комплекс објекти што ќе се градат на грин-филд локација, по модел „клуч на рака“. Оние компании (и домашни и странски), кои ќе учествуваат на тендерот, треба да извршат проектирање, планирање и подготовка на документација, потоа изградба, опремување...

Проблемот со паркингот на Клинички ќе се решава со монтажни гаражи преку јавно-приватно партнерство

Нова монтажна катна гаража ќе никне на местото на старата зграда на Клиниката за гинекологија, и уште една спроти Клиниката за трансфузиологија. Министерството за здравство отвори постапка за јавно-приватно партнерство за изградба на две катни монтажни гаражи, кои се очекува да го решат проблемот со паркирањето на клиниките. Министерот Венко Филипче за Мета.мк вели дека се очекува до Нова година...

Изградбата на новиот Клинички центар ќе трае седум години, ќе чини 500 милиони евра

Новиот клинички центар ќе биде целосно готов за седум години, а целиот проект ќе чини 500 милиони евра, пари кои ќе ги обезбедиме преку банките ,,Ерсте груп", ,,Рајфајзен банк" и ,,Уникредит банка", информира министерот за здравство Венко Филипче. Изградбата најави дека ќе започне на почетокот на идната година. - Првата фаза ќе биде готова за 3,5 години кога би се...

Не е изграден ветениот универзитетски клинички центар во Скопје

Ќе изградиме современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.     Ветувањето на СДСМ дадено за предвремените парламентарни избори (декември 2016 г.), дека во првите две години по доаѓањето на власт „ќе изградат современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје кој ќе обезбеди високо квалитетни здравствени услуги на...

Дане Талески на местото на Стево Пендаровски

На 135-та седница одржана вчера, Владата донела одлука Дане Талески, советник за надворешна политика на премиерот да ја презеде позицијата национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, која досега ја извршуваше новиот претседател на државата, Стево Пендаровски. Неговата нова функција е неспоива со позицијата национален координатор. Владата исто така донела одлука за нивелација на плати...

Владата ќе бара заем за да го гради новиот Клинички центар

Владата издала задолжение на Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство, да подготви оглас за барање заем за изградбата на новиот Клинички центар. Планот е да се земе заем од финансиски институции, билатерални кредитори или странски комерцијални банки. Со Информацијата за постапката за изградбата на новиот клинички центар што била усвоена на вчерашната 134. седница на Владата, направена...

Новиот клинички центар во Ѓорче Петров може да биде готов за четири години

Новиот клинички центар, кој ќе се гради во Ѓорче Петров, би можело да биде готов за четири години, информира на денешниот брифинг со новинарите министерот за здравство, Венко Филипче. - Иницијативата за локацијата во Ѓорче Петров ја даде пратеникот Илија Димовски. Општината достави елаборат, врз основа на што Владата одлучи дека таму ќе се гради. За два месеци ќе биде...

Владата одлучи да ја отстрани оградата, новиот Клинички ќе се гради во Ѓорче Петров

На својата вчерашна 118-та седница, Владата ја одредила најповолната локација за новиот Клинички центар, а тоа е месноста Веле Поле во Ѓорче Петров, а донела и одлука да ја отстрани железната ограда околу владиното седиште. Исто така е донесена одлука да се отворат амбасада во Атина и генерален конзулат во Солун. Владиниот кабинет го прифатил извештајот на работната група во...

Ѓорчев до Заев: Ништо не преземавте за полнењето кутии за референдумот

За време на референдумот на некои избирачки места за пола час „гласале“ 500 луѓе, а не се ни потпишале на избирачкиот список, а кутиите беа наполнети со 50.000 ливчиња, рече денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев за време на собраниската седница за пратенички прашања. - Ниту поддржувам ниту сакам во мојата земја од било кој човек да се случуваат вакви...

Тевдовски: За сегашната нова зграда на Клинички парите ќе се враќаат

Државата ќе врати 70 милиони евра во Банката на Советот на Европа што беа наменети за проектот за изградба на Клинички центар и од септември, заедно со оваа институција и експерти од Европската комисија, ќе почне да се работи на изноѓање решение за Клинички центар што ќе даде современа здравствена услуга на едно место. Тоа беше кажаното од министерот за...

Дел од Хематологија во Клинички центар ќе се префрли на Дерматологија

Клиниката за хематологија во скопскиот Клинички центар поради реновирање од 1 август ќе префрли дел од одделите во просториите на Клиниката за дерматологија, односно во „Машки оддел“ во објектот на Интерни клиники. Како што соопштија од Хематологија, таму ќе бидат преселени амбулантите и шалтерот.

„Комунална хигиена“ ќе го преземе чистењето на Клинички центар

Екипи на јавното претпријатие „Комунална хигиена - Скопје“ утрово спроведоа чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а како што велат од Град Скопје, планирано е ова претпријатие да го преземе чистењето на болничкиот комплекс. Но за тоа да се случи ќе треба да „ги решиме правните аспекти на набавката“, велат од Град Скопје, апелирајќи граѓаните повеќе да внимаат на...

Филипче: „Комунална хигиена“ од денеска го расчистува ѓубрето во Клинички центар

Со градоначалникот на Град Скопје, постигнавме договор од денеска ЈП „Комунална хигиена“  да почне да го расчистува ѓубрето во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, односно дивата депонија кај Ургентен центар, а направивме и договор и во следниот месец тековно да се расчистува ѓубрето, сè додека не се избере на тендер фирма што ќе го врши чистењето, рече министерот...

Архитектите ја поздравија одлуката новиот Клинички центар да се гради во Злокуќани

Асоцијацијата на архитекти на Македонија ја поздрави одлуката на Владата и Министреството за здравство, со која се разреши дилемата околу изградбата на новиот Клинички центар, кој треба да се гради во Злокуќани. „Истовремено изразуваме целосна поддршка за определбата на Владата новиот Клинички центар да се гради на друга локација, надвор од центарот на Скопје, што беше заложба на Асоцијацијата на...

Архитектите бараат дислокација на Клиничкиот центар

Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) порача дека не смее да се случи ново „Скопје 2014“ и побара од Владата да ги вклучи во донесувањето оценка при изборот на локацијата за изградба на најзначајниот здравствен комплекс во земјава. Претседателот на ААМ, Мартин Пановски вели дека од ниту една релевантна институција, која се занимава со архитектура и урбанизам, не е побарано...

Новиот Клинички центар ќе чини 120 милиони евра и ќе се гради 3,5 години

Владата до крајот на февруари ќе ја донесе одлуката за тоа, дали ќе гради нов Клинички центар. Од таму, не сакаа да откријат дали Клиничкиот центар ќе се гради на нова локација или новиот објект ќе биде изграден кај веќе постоечките болници. - Рокот за изградба на новиот објект ќе биде 3,5 години и дополнителна 1,5 година за реконструкција на постојната...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...