fbpx
Таг: Клиничка болница Тетово

таг: Клиничка болница Тетово

Доктор Илир Демири e нов директор на Клиничката болница Тетово 

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, кој на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор на ковид-19 центарот, информираа од Министерството за здравство. Доктор Демири е специјалист инфектолог, кој на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од...

Две условни казни и една ослободителна пресуда за пожарот во тетовската модуларна болница

Поранешниот директор на тетовската болница Флорим Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми добија условни казни од една и пол година за пожарот во модуларната болница во Тетово, во кој животот го загубија 14 лица во септември 2021 година. Двајцата нема да лежат во затвор, доколку не сторат ново кривично дело во наредните три години, пресуди судијата...

Порталб: Не се знае кога ќе се отстрани модуларната болница во Тетово, иако помина една година од трагедијата

Наскоро навршува една година од трагедијата со пожарот во модуларната болница во Тетово каде животот го загубија 14 лица, а опожарениот објект сѐ уште не е отстранет. Здравствените власти за Порталб.мк велат дека во тек е постапка за собирање понуди за отстранување на тоа што останало, пишува Портал.мк. За многу граѓани овој објект се претвори во ноќна мора и буди...

Заев не ги прифати оставките на Филипче и Хасани за пожарот во Тетово

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека не ги прифаќа оставките на министерот за здравство Венко Филипче и заменик-министерот Илир Хасани за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе. „По повод понудените оставки од страна на министерот за здравство Венко Филипче и заменик министерот за здравство Илир Хасани, внимателно ги прочитав наодите на истражителите за причините на...

Порталб: Три недели по пожарот во Тетово, вештачењата уште не се доставени до Обвинителство

Поминаа три недели од трагичниот настан во тетовската модуларна болница, при што животот го загубија 14 лица, од кои 12 пациенти и 2 членови на нивните семејства, но од обвинителството сè уште немаат конкретни детали за трагичниот настан, пишува Порталб.мк. Од Основното јавно обвинителство - Тетово за Порталб велат дека се прибираат вербални и материјални докази со кои треба да...

Заев: Прво извештај за истрагата од пожарот во тетовската модуларна болница, потоа став за оставките

Премиерот Зоран Заев денеска рече оти германските експерти треба да го дадат својот извештај околу истрагата за пожарот во тетовската модуларна болница за 10 до 15 дена, додека истражните органи од земјава треба да го направат тоа неделава. Премиерот инсистира дека за понудените четири оставки ќе донесе одлука откога ќе бидат објавени извештаите од истражните органи за пожарот. „Нашите извештаи...

Светска банка за Порталб: Од близу ја следиме истрагата за пожарот во модуларната болница во Тетово

Имајќи го во предвид фактот дека преку заем од Светската банка се изградени модуларните болници низ Северна Македонија, меѓу нив и тетовската, која изгоре, Порталб се обрати до оваа институција барајќи податоци во врска со тоа како го проверуваат квалитетот на проектите за кои доделуваат средства. Од таму одговорија дека внимателно ја следат истрагата и причините за оваа трагедија,...

ОЈО ќе ја одзема документацијата од правно лице од Велес за изградбата на модуларната болница во Тетово

Основното јавно обвинителство (ОЈО) информира дека петтемина обвинители поднеле барање за пружање помош во кривична постапка до Основно јавно обвинителство во Велес, за од правно лице од Велес да се одземе целокупната документација по однос на градбата на Модуларната болница во Тетово. Од ОЈО денеска соопштија дека е донесена писмена наредба до Министерството за здравство на Република Северна Македонија за...

Вистиномер: Во пожарот во тетовската модуларна болница не загинаа 30, туку 14 лица

Откако во Тетово избувна пожар, во кој до темел изгоре ковид центарот сместен во модуларната болница и откако стана јасно дека во трагичниот настан има и починати граѓани, медиумите почнаа да лицитираат со неточни бројки на починати што предизвика паника кај граѓаните и семејствата, анализира „Вистиномер“. Текстот објавен вчера го пренесуваме во целост: Медиумот Точка објави дека меѓу починатите имало и...

Германски експерти од Федералната криминалистика ќе помогнат околу истрагата за несреќата во Тетово

Германски експерти од Федералната криминалистика (Bundeskriminalamt) пристигнуваат деновиве во Северна Македонија за да ја помогнат истрагата околу несреќата во Тетово, информираат од Владата на РСМ. „Утрово е потврдена поддршката од НАТО сојузникот Германија, со што се одобрува во земјава да пристигнат стручни лица со највисок степен на експертиза во истраги при несреќи за да помогнат во утврдувањето на причините за...

Прогласена тридневна жалост во Тетово

Советот на општина Тетово денеска прогласи тридневна жалост во Тетово по вчерашниот катастрофален пожар во ковид болницата, во кој животот го загубија 14 лица. Тетовската градоначалничка Теута Арифи на денешната прес-конференција рече дека откога ќе се знаат официјалните информации за жртвите, ќе се помогнат нивните семејства од итниот фонд на општината. Градоначалничката Арифи ги повика институциите што побрзо да ја...

Филипче: Досега 10 загинати лица од пожарот во ковид болницата во Тетово

Министерот за здравство Венко Филипче информира дека досега 10 лица загинале во пожарот што вечерва ја зафати ковид болницата во Тетово. Во неговиот твит на Твитер, тој дополнува дека бројот на загинати лица може да порасне. „Лекарите се борат за животите на повредените, да им посакаме среќа и да останеме со мислите со нашите сограѓани вечерва. Апелирам до медиумите и...

Филипче: Има жртви од пожарот во ковид болницата во Тетово

Министерот за здравство Венко Филипче пред малку на Твитер објави дека има жртви од пожарот што вечерва ја зафати ковид болницата во Тетово. „Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов“, напиша министерот Филипче. https://twitter.com/VFilipche/status/1435700984437788675 Филипче додаде дека пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените....

Порталб: Модуларната болница во Тетово – сите ги „завршиле“ работите, истата не е функционална

„Ние нашите работи и задачи околу ова ги завршивме“ беше идентичниот одговор на четирите надлежни институции за пуштање во употреба на Модуларната болница во Тетово. Сепак, иако на инфективното одделение во Тетово секој ден има сé помалку болнички кревети, Модуларната болница никако не се пушта во употреба, пишува Порталб.мк. Иако минатата година овој проект беше претставен како „спас“ за големиот број...

Порталб: Брзата помош во Тетово не асистирала поради состојбата со Ковид-19, институциите го негираат случајот

Жителка на Тетово достави до „Порталб.мк“ факти кои го докажуваат нејзиното лошо искуство, како оштетена страна во овој случај, со лекар од Брзата помош во Тетово. Тетовчанката Л.В. пред четири дена имала потреба од лекарска помош во нејзиниот дом, додека докторот од Брза помош ѝ рекол дека нема што да направи и дека поради ситуацијата со Ковид-19, не може...

Во Полог три години нема укажувачи, ниту барања за транспарентност на институциите

Во полошкиот регион три години немало ниедна пријава од укажувачи, а речиси воопшто не се користат ниту можностите за слободен пристап до информации од јавен карактер, ни правото да се поднесе претставка или предлог до институција. Ова се заклучоците од извештајот од мониторингот на примената на Законот за заштита на укажувачите, Законот за слободен пристап до информации од јавен...

Докторка Елези: Ќе погледнеме кон минатото и ќе чувствуваме задоволство за добиената „борба“ против короната

Освен јаката арома на средствата за дезинфекција, во болничките простории во последно време се чувствува и стравот, „аромата“ на одговорност која ние како лекари ја чувствуваме за луѓето и нашата околина, вака докторката Резеарта Елези ја опишува атмосферата во тетовската болница, нагласувајќи дека едвај чека да ја остави во минатото оваа ситуација и да го почувствува задоволството од фактот...

Општина Тетово ќе ги затвори сите пазари поради корона вирусот

На состанок со Штабот за управување со кризи на Општина Тетово било одлучено да се заострат мерките за спречување на коронавирусот на територијата на оваа општина. Една од мерките што е донесена од општинските власти е затворање на сите пазари на нејзината територија, јавува „Порталб.мк“. Заострените мерки за спречување на коронавирусот ги најави тетовската градоначалничка Теута Арифи преку видео -...

Медицинскиот персонал во тетовската болница е мобилизиран за справување со корона вирусот

До овие моменти на територијата на општина Тетово, односно тетовската болница состојбата е мирна, нема паника, а ние како медицински персонал сме максимално подготвени, вели Началникот на одделот за инфективни болести во Тетово, Али Исмаили во однос на состојбата со корона вирусот, пренесува „Порталб.мк“. Тој нагласува дека голем број лица во последниов период кои доаѓаат на преглед во болницата, и...

Заштитните ѕидови на Пена кај тетовската болница доцнат 6 месеци

Поминаа 6 месеци од почетокот на изградбата на заштитните ѕидови на реката Пена во близина на Клиничката болница во Тетово, а градежните работи сѐ уште не се завршени и со недели багерите не работат. Општина Тетово во ноември соопшти дека работите ќе завршат до крајот на декември. Денес, во јануари, вината за неизвршување на работата се префрлува на климатските...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...