fbpx
Таг: Клиничка болница Штип

таг: Клиничка болница Штип

Нов рентген апарат донираше јапонската амбасада за болницата во Штип

Јапонија овозможи Клиничката болница во Штип да добие нов „Shimadzu“ подвижен дигитален рентген апарат на одделот за инфективни болести, во вкупен износ од 55.882 евра. Амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори, денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во јавната здравствена установа (ЈЗУ) Клиничка болница Штип. Церемонијата беше организирана од страна на градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов и...

Награда од 30.000 денари за 7.600 болничари, сестри, лекари што работат со ковид-пациенти

Министерот за здравство д-р Венко Филипче при денешната посета на Клиничката болница во Штип, во изјава за медиумите информираше дека 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти ќе добијат еднократна награда од 30 илјади денари. „Инвестираме во инфраструктура, медицинска опрема, во здравствените работници со зголемувањето на платите. По имплементирањето на таа политика, сега за новогодишните празници сите...

Филипче ја најави модуларната болница во Штип за крајот на јануари, медицинарите ќе добијат по 30.000 денари

Се поставуваат монтажните бараки во кругот на Клиничката болница во Штип, каде ќе бидат сместени 46 кревети, дијагностички лаборатории, монтажни дигитални рентген и ехо апарати, како и посебен оддел за персоналот. Модуларната болница ќе има централен довод на кислород. Тука, на крајот на јануари следната година, се очекува да бидат префрлени сите пациенти заболени со ковид, со цел да...

Привремено стопирани операциите што не се итни во Клиничката болница во Штип

Втора недела како се одложени операциите на хируршкото одделение во Клиничката болница во Штип, а веќе некое време не се прават ниту зафати на око на очното одделение, потврди денеска на прес конференција директорот Ален Ѓеоргијев. Причина е состојбата со ковид-19 и отсуството на дел од персоналот на хируршкото одделение и на рендгенологија, каде има заболени и вработени што...

Инспекција во Клиничката болница во Штип по смртта на 41 годишна пациентка

Случајот со смртта на 41 годишната пациентка која почина на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, го истражуваат државните санитарни и здравствени инспектори, кои во моментов спроведуваат вонреден инспекциски надзор за конкретниот случај, информираат во Министерството за здравство. Ова следува откако синоќа за случајот на „Фејсбук“ реагираше ќерката на починатата пациентка. Таа објави пораки во кои се гледа дека...

Поради три случаи на ковид-19 намален е капацитетот на лабораторијата на Клиничката болница во Штип

Десет лаборанти се на домашно лекување или во изолација, откако се појавија првите три позитивни случаи на ковид-19 помеѓу овој медицински персонал во Клиничката болница во Штип. Услугите од лабораторија во Клиничката болница ги вршат преостанатите тројца вработени, кои држат по една смена од 24 часа. - Редовните контроли се префрлени во Здравствениот дом – Штип, додека во болничката лабораторија...

За четири дена, во штипската болница починаа пет пациенти од ковид-19

Изминатата недела, во перидот од 17 до 20 септември, на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип починаа двајца пациенти од Делчево во ист ден, на 17- ти септември, еден виничанец, кој починал следниот ден, а две пациентки од Штип починале на 20-ти септември. Ова е најцрниот биланс во една седмица од почетокот на епидемијата во штипската болница, каде...

Со растот на новозаболени од ковид-19 во Штип, Клиничкиот центар побара монтажна болница

Од неколку текстилни компании доаѓаат новите потврдени случаи на ковид-19 во Штип, кои според Центарот за јавно здравје денеска се над дваесет. Бројката не е целосна, бидејќи се очекуваат резултатите од земените брисеви од уште неколку лаборатории. Две текстилни компании привремено се затворени, додека трета со над 300 вработени, делумно ги ослободи од работа работниците кои имаат симптоми. Сопственикот најави...

Заболени двајца специјалисти и четворица здравствени работници од болницата во Штип

Вкупно шест здравствени работници од штипската Клиничка болница се позитивни на Ковид-19, меѓу кои и доктор специјалист - инфектолог. Една медицинска сестра од Одделението за ортопедија на штипската Клиничка болница е позитивна на Ковид-19, по што уште тројца здравствени работници од ова одделение се во изолација. Ова го потврди директорот на болницата, Ален Георгијев. - Во моментот кога е потврдено...

80-годишна штипјанка со Ковид-19 пренесена на Инфективната клиника во Скопје

Жената со потешка клиничка слика, три дена откако била примена на Инфективното одделение во Клиничката болница во Штип, синоќа е пренесена на Инфективната клиника во Скопје. Како што потврди инфектологот Дијана Шишкова, на пациентката ѝ било потврдено присуството на корона вирусот. На Инфективното одделение во Штип се наоѓа уште еден пацинет, кој беше хоспитализиран во текот на викендот. Д-р Шишкова...

Заболената докторка не била на симпозиумот за дерматологија во Штип

Кратко време откако министерот за здравство Венко Филипче објави дека докторка е заболена со корона вирусот, почнале телефонските повици до организаторите на Меѓународниот симпозиум за дерматологија, што на 28 и 29 февруари се одржа во Штип и Скопје. Организатор на симпозиумиот е Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Само првиот ден, на симпозиумот во Штип, имало околу 400 учесници –...

Клиничката болница – Штип апелира да престане ширењето на лажни вести

Најавата од Министерството за здравство дека штипската Клиничка болница ќе стане изолациски центар наиде на осуда кај дел од граѓаните во Штип, додека опозициската ВМРО - ДПМНЕ обвини дека власта, со ова, го загрозува здравјето на граѓаните. - Во град со 50.000 жители, каде секојдневно доаѓаат и заминуваат работници и ученици, во срцето на административниот центар на Источна Македонија, се предвидува карантин...

Повторно стопирани градежните работи на новата Клиничка болница во Штип

Веќе неколку недели не се работи на зградата на новата Клиничка болница во Штип. Ова е четврти целосен прекин на работите за изградба на здравствениот комплекс. По пропаѓањето на „Бетон“- Штип, градежните активности како изведувач ги презеде грчката компанија „Интеркат“. Овој пат, како што објаснува државниот секретар во Министерството за здравство, Владимир Милошев, причина е барањето на изведувачот за...

Стопирани три објекти од „Скопје 2014“ поради проблемите на „Бетон“ – Штип

Skopje i Vodno sonce sonchevo krstot od Kale
Целосно застанаа градежните работи на објектите на ФИНКИ, Градска куќа и Офицерскиот дом, дел од проектот Скопје 2014, откако штипски „Бетон“ се најде во предстечајна постапка. Во вторник во Основниот суд во Штип се очекува предстечајниот управник Драги Димовски да поднесе извештај за состојбата во „Бетон“. Потоа главните доверители, кои побараа отворање на постапката, ќе одлучуваат дали ќе му дадат...

Раскинат договорот со „Бетон“ – Штип, Грците сами ќе ја градат штипската болница

Грчки „Интеркат“ кој го доби тендерот за изградба на новата Клиничка болница во Штип, еднострано го ракинал договорот со „Бетон“ - Штип, откако со месеци стагнираше градбата. Се пробија сите договорени рокови, по што, грчката компанија одлучила да работи без ангажираниот подизведувач. Работниците на „Бетон“ си ги собираат машините и алатот од недовршената болница, а „Интеркат“ се соочи со тужба...

Машина притисна рудар во рудникот „Саса“

Со повреди завршил 55-годишен рудар во рудникот за олово и цинк  „Саса” од Македонска Каменица, откако го притиснала машина со која работел во рударската јама. Несреќата се случила во 6:30 часот, во рударска јама, потврди портапролката на СВР Штип, Гордана Панајотова. Машината му го повредила градниот кош на рударот. Со возило на Итната медицинска помош од Македонска Каменица, рударот е хоспитализиран...

Штипската Клиничка болница плати над 346.000 евра долг кон вработените

Со аванс од Фондот за здравствено осигурување, Клиничката болница од Штип им го плати долгот на болничарите, медицинските сестри и докторите, кои во периодот 2015-2017 година не добивале надоместок за дежурство. Над 80% од персоналот ангажиран во дежурствата имаше извршни решенија за наплата, со што на болницата и се закануваше блокада на сметката. Покрај основниот долг од 364.000 евра,...

Беровец тврди дека бил нападнат од физиотерапевт од болницата во Штип

Беровецот Адем Чандаров, тврди дека бил нападнат од физиотерапевт, вработен во Клиничката болница во Штип, затоа што додека бил на посета, побарал помош за неподвижна болна пациентка. Раководството на болницата, пак, го тврди спротивното и од таму велат дека нивниот вработен се здобил со повреди на раката, крв увото, носот, за што има и лекарско уверение. Настанот се случил пред...

Казнети лекари и сестри од Штип кои славеле Нова година и Василица на работа

Со еднократно намалување на платата за 30 отсто, казнети се лекарите и персоналот на гинеколошко-акушерското одделение на Клиничката болница во Штип, бидејќи го прославувале дочекот на Нова година, а потоа и на Стара нова година со алкохол и со колачиња во облик на женски полов орган. Ваква одлука донела дисциплинската комисија, која повела постапка откако фотографии од прославите се појавиле на...

Благајник од штипската болница осомничен за проневера на пари

Штипската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против П.М. (55), главен благајник во Клиничката болница во градот, осомничен дека присвојувал пари од благајната на здравствената установа, информираат од МВР. Според пријавата на СВР Штип, осомничениот се товари за кривичното дело проневера во службата. Како што информираат од МВР, осомничениот во периодот од јануари 2011 до декември 2013 година,...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...