fbpx
Таг: клевета

таг: клевета

Македонија не ја бомбардирала Србија, ама „Ало“ ги бомбардираше етиката и здравиот разум

Српскиот таблоид „Ало“, инаку познат по „турбо-жолтите“ содржини и многу клеветнички содржини што се вон сите новинарски стандарди, притоа „бранејќи ја Србија“ и честопати навивајќи за Русија, вчера објави текст за оцрнување на македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров, но и за Македонците воопшто. Имено, по насловот „МАКЕДОНСКИОТ МИНИСТЕР ШОКИРАШЕ И ние помогнавме да се бомбардира Србија“, текстот на...

„Србија данас“ ги помеша лончињата со платата на Груевски

Српската информативна веб-страница „Србија данас“ завчера вечерта на веста за укинувањето на пратеничката плата и другите бенефиции како пратеник на поранешниот македонски премиер Никола Груевски стави наслов што е клеветнички и не ги претставува фактите. Имено, пишувајќи „ ЗАЕВ НАСИЛНО ГРАБА ПАРИ: Со овој потег Македонија ја вовлече раката во џебот на поранешниот премиер Груевски“, информативната страница ги обвини и...

Продолжува судењето против „Република“ за жигосување и злоупотреба на лични податоци на активистите

Во Основен суд Скопје 1 денеска со почеток во 13 часот ќе продолжи судењето против Доне Доневски и Друштвото за новинско издавачка дејност Прва Република – ДООЕЛ, односно издавачот на магазинот и веб-страницата „Република“. Тужителите, истакнати професори, новинари, аналитичари и граѓански активисти, ја обвинуваат „Република“ и непознати лица вработени во Управата за јавни приходи дека на 27 мај 2016 година...

ВМРО-ДПМНЕ 11 пати му се извини на Рашковски за искажани клевети

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на својот „Фејсбук“ профил објави дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ 11 пати му се извинила за 11 обвинувања кои ги искажале за него откако тој поднел тужби за клевета. Во напишаното тој вели дека добил извинувања за обвинувањата за непотизам, кумски врски, присвојување на материјална корист, незаконско работење и се што требало да доведе до...

Елена Трифуновска: Не треба да се меша говорот на омраза со клеветата и навредата

Станува тренд да се пријавуваат дискриминацијата и говорот на омраза во онлајн сферата за да се спречи да се развиваат, но важна е и техничката неутралност. Поточно, колку брзо се развива информатичката технологија, исто толку брзо треба да се развиваат и да се приспособуваат и тие механизми, но едукацијата на корисниците не ја следи секогаш брзината на технологијата, рече,...

Богоевски ги наклеветил Ахмети и Џафери за митото во „Маѓар телеком“, одлучил судот

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и поранешниот вицепремиер за рамковни прашања и висок функционер во партијата, Муса Џафери, ја добија тужбата против поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Слободан Богоевски, кого го тужеа за клевета, објавија дел од медиумите. Според одлуката на Основниот суд Скопје 2, Богоевски ги клеветел Ахмети и Џафери дека примиле мито во случајот „Маѓар...

Судењето за Слободан Богоевски одложено за 5 септември

Основниот суд Скопје 1 за 5 септември го одложи судењето по тужбата за клевета и за навреда на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и на Муса Џафери, против поранешниот разузнавач Слободан Богоевски за негово сведочење пред Окружниот суд во Њујорк. На рочиштето бил сослушан нотарот пред кого Слободан Богоевски го дал сведочењето. Нотарот се повикал на доверливост и тајност на...

Пратениците се надмудруваат кој колку тужби за клевета и навреда поднел

На седмото продолжение на Конститутивната седница, пред паузата за ручек, пратениците наместо за точката на дневен ред односно за изборот на претседател и членови на Комисијата за избори и именувања расправаа кој колку тужби за клевети и навреди поднел. Откако независниот пратеник од коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски за месец март потрошил 184.000 денари...

СОС сака да го оцрни граѓанското општество со невистини и со манипулации

Јавно извинување и повлекување на сите лаги, клевети и дезинформации изнесени од „Стоп операција Сорос“ (СОС), побара 21 граѓанска организација денеска на прес-конференција. Доколку не добијат јавно извинување, тие велат дека ќе бидат принудени правдата да ја бараат на суд, односно ќе поднесат тужби за клевета и за навреда. - На СОС и на неговите налогодавци очигледно им пречат слободното и...

Серија деманти и најави за тужби од НВО и од граѓански организации за клеветите на СОС

Реакциите, демантите и најавите за тужби од голем број граѓански здруженија и асоцијации против тврдењата и клеветите на „Стоп операција Сорос“ (СОС) изнесени во саботата, продолжуваат. По реакциите од вчера, денеска со барања за извинување и со деманти се јавија и здружението „Регионален центар за одржлив развој“ од Кратово, Организација на жени од Струмица, Здружението „Факултет за работи што не...

Репортери без граници: Македонија на 118. место по слободата на медиумите

Македонија е на 118. место по слободата на медиумите во годинешниот извештај на организацијата Репортери без граници, зад Замбија, Нигерија, Конго и Катар. Во образложението на извештајот, за Македонија наведено е дека клеветата била отстранета од Кривичниот законик во 2012 година, но обвиненијата биле заменети со граѓански тужби со можности за високи казни и услови за одење во затвор за...

Турскиот премиер ги повлече тужбите за навреда и за клевета

Премиерот на Турција, Бинали Јилдирим, синоќа соопшти дека во понеделникот повлекол вкупно 1.500 тужби за навреди и за клевети насочени кон него или кон неговата функција. Меѓу лицата за кои се поднесени тужби има опозиционери, новинари и писатели. - Ги повлекувам обвиненијата зошто сум решен соработката со опозицијата да продолжи и да се зајакнува. Проблемите можеме да ги решиме низ...

Талевска го загуби спорот за клевета против Шилегов

Ивона Талевска, главната уредничка на дневниот весник „Вечер“, го загуби судскиот спор по тужбата за клевета и за навреда што ја поднесе против Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ. Од уредничката на „Вечер“ побаравме реакција за пресудата, но не добивме, а Шилегов на својот „Фејсбук“ напиша: „Да не бидам погрешно и лошо разбран: Првостепената пресуда со ’мечката од пештера’, не ми значи ништо. Повеќе би...

Гиевска: Изнесените клевети и навреди, Шилегов ќе добие можност да ги докаже на суд

Слободанка Гиевска, ќерка на уставната судијка Елена Гошева, денеска испрати демант на прес-конференцијата што портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, ја одржа во петокот. Шилегов на прес-конференцијата рече дека Гошеви не само што се директно поврзани и наградувани од ВМРО-ДПМНЕ со високи позиции во државата, туку ова семејство преку Слободанка Гошева учествувало и во слични изборни измами при гласањето за време на...

Агенција за медиуми за Латас: Непримерен начин на комуникација, кавга и навреди

Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман, со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено-политички теми, гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди, реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за односот на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, во интервјуто со претседателот на...

Обвинувањата на Ременски се обична клевета и манипулации

„Фросина Ташевска-Ременски од самиот почеток на добивањето на функцијата технички министер за труд и социјална политика, не ја крие добиената задача, а тоа блокирање на проектите во интерес на граѓаните и измислување и фабрикување афери. Нејзините обвинувања без поткрепа се обична клевета и манипулација“, реагираат од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за труд и социјала. „Ременски направи застој во решавањето на 230...

Заев го доби судскиот спор со штипски бизнисмен кого го тужеше за клевета

Бизнисменот Мики Наумов, кој пред неколку месеци тврдеше дека струмичкиот градоначалник и лидер на СДСМ, Зоран Заев, му барал мито, е прогласен за виновен од штипскиот Основен суд и на Заев треба да му плати отштета од 150.000 денари. Наумов, против кого Заев поднесе тужба, е прогласен за виновен, бидејќи според судот, со клеветата му нанел повреда на угледот и...

Од почетокот на годинава, 17 нови тужби против новинари

Според податоците на основните судови, што НВО Инфоцентар и ЦРМ ги добија преку пристапот до информации од јавен карактер, во периодот од две години, ноември 2012 – декември 2014 година, пред девет основни судови во Македонија (Гостивар, Велес, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Куманово и Скопје 2), се покренати вкупно 520 судски процеси за навреда и клевета, од кои 74,4 проценти се...

Апелацискиот суд ја укина пресудата за тужбата на Јанкулоска против Шилегов

Апелацискиот суд Скопје ја укинал пресудата со која портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, требаше да ѝ плати на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, отштета од еден милион денари за нанесена клевета, пренесува „Нова ТВ“. Јанкулоска го тужеше Шилегов откако тој на прес-конференција изнесе податоци за непропорционално зголемен имот на поранешната министрека додека била на власт, а Основниот суд...

За три месеци 44 судски случаи за навреда и за клевета

Околу 50 судски случаи за навреда и клевета мониторирал Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) во периодот од 14 јуни до 15 октомври оваа година. Во извештајот кој беше презентиран на денешната дебата „Навреда и клевета - јамка за слободното изразување“, која се одржа во Клуб на новинари, пишува дека во рок од три месеци биле мониторирани вкупно 44...

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...