fbpx
Таг: Кирил Миноски

таг: Кирил Миноски

Миноски: За исплата на субвенциите, чекаме да се објави одлуката на Уставен суд

Министерот за финансии, Кирил Миноски, денеска изјави дека буџетот е ликвиден, а за исплата на земјоделските субвенции ќе се чека да се објави одлуката на Уставниот суд на официјалната веб-страница или во „Службен весник“. - Треба да ја видиме одлуката и да видиме кога ќе биде објавена. Доколку не е спорна и ако не постои законска пречка, ќе може да...

Миноски само наоѓа изговори да не ги исплати субвенциите, велат земјоделците

Претседателот на Сојузот на синдикатот на земјоделците во Струмичкиот Регион, Ристо Велков, вели дека министерот за финансии, Кирил Миноски, само си наоѓа изговори во Изборниот законик за да не се исплатат субвенции. „Или нема пари, или политика е во прашање. Нека ми каже министерот кои избори се планирани во догледен период за да бидат пречка да не се исплатат субвенциите или,...

Миноски: Пари за субвенции за земјоделците има, чекаме на Уставен суд

- Доколку Уставниот суд го оспори членот од Изборниот законик, нема да постојат пречки за исплата на субвенциите. Имаме соодветна ликвидност - изјави министерот за финансии, Кирил Миноски, за „Телевизија 24“. Тој се надева дека парите ќе се исплатат во законски предвидениот рок до 30 јуни. Од Уставниот суд за „Алсат-М“ потврдиле дека ќе решаваат дали министерот за финансии во заминување,...

Земјоделците ќе ги блокираат границите ако до петок не ги добијат субвенциите

Револтирани поради неисплатата на субвенциите, земјоделците денеска од 12 до 13 часот блокираа повеќе патни правци низ државата. Тие бараат до петок да се сретнат со министерот за земјоделство, шумарство и за водостопанство, Михаил Цветков, министерот за финансии, Кирил Миноски, и со директорот на Платежната агенција, Игор Златков. - Бараме средби во трите надлежни институции за да видиме кој лаже и...

СДСМ: Миноски без потреба ги задолжи граѓаните за уште 6,56 милиони евра

„Министерството за финансии денеска ги задолжи граѓаните со нов нето-долг од 6,56 милиони евра. Техничкиот министер за финансии во заминување, Кирил Миноски, ќе мора да објасни пред граѓаните зашто ги задолжи со нови 6,56 милиони евра, ако се знае дека оваа недела нема доспеани обврски за враќање“, порача СДСМ. Партијата вели дека е недозволиво да се врши неконтролирано и нетранспарентно...

СДСМ: Миноски да не помисли да ги задолжи граѓаните повеќе од доспеаните обврски

„Го предупредуваме Кирил Миноски, кој во моментов извршува техничка функција како министер за финансии и е во заминување, да не ги задолжува граѓаните на Македонија повеќе од потребниот износ за враќање на доспеаните долгови за оваа недела“, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека обврските што стасуваат за наплата оваа недела изнесуваат 88 милиони евра и...

Миноски: СДСМ да се откаже од платформата, па ќе ја поддржиме и нивната економска програма

„Зоран Заев заедно со неговите пулени во обидот да го дефокусира вниманието од прифаќањето на тиранската платформа, денеска се обидува да ги презентира проектите од т.н. економска програма на СДСМ. Таа, покрај неспособноста на СДСМ за позитивни економски резултати, ќе биде поддржана од ВМРО-ДПМНЕ ако СДСМ се откаже од платформата“, рече на прес-конференција денеска Кирил Миноски, член на извршниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Секој кој ќе излезе на улица, може да види во чие време се градело

Македонија денес е една од најмалку задолжените земји во Европа и покрај европската должничка и светската економска криза, што е резултат на успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ, во кое се повикува министерот за финансии, Кирил Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно. - Лагите на СДСМ...

СДСМ: Миноски да каже за што ги задолжувал граѓаните 40 милиони евра месечно

Министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, ќе мора да одговори за што ги задолжил граѓаните 484 милиони евра само во 2016 година. Тоа значи дека секој месец лани, оваа власт во заминување ги задолжувала граѓаните и државата со нови 40 милиони евра, се вели во соопштението на СДСМ. Од партијата додаваат дека со 40 милиони евра, за само еден месец...

СДСМ: Миноски лажел, јавниот долг е сè уште повеќе од 50 проценти

Досегашната власт остава во наследство на граѓаните и на Република Македонија јавен долг поголем од 50 отсто од БДП, покажуваат вчера објавените податоци од извештајот на Министерството за финансии, за состојбата на јавниот долг заклучно со 31 декември 2016 година, реагираше денеска СДСМ. „Тоа значи дека министерот за финансии во заминување, Кирил Миноски, во изборната кампања ги лажел граѓаните дека...

СДСМ: Миноски побара 16,1 милиони евра, но ги задолжи граѓаните 24 милиони евра повеќе

Недозволиво е министерот за финасии во заминување, Кирил Миноски, да ги задолжи граѓаните со преку 24 милиони евра повеќе од пристигнатите обврски за плаќање, без да објасни зошто, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека Миноски побарал 16,1 милиони евра за доспеаните обврски, но ги задолжи граѓаните со 24 милиони евра повеќе. - За само 24 дена, министерот за финансии во заминување им натовари на граѓаните нов...

Тевдовски: Нема да ги намалиме платите, тие се најниски од цел регион

„Нема да ги намалиме платите, излезот за економската криза во Македонија е во нивно зголемување. Тоа ќе креира дополнителна потрошувачка и ќе биде стимул за зголемување на продуктивноста во македонската економија“, одговори на новинарско прашање претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски, откако вчера членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, ги обвини СДСМ дека пропагирааат отпуштања во јавниот сектор,...

Миноски: СДСМ ветуваше нови вработувања, а вчера навести отпуштања во јавниот сектор

СДСМ пред изборите, на граѓаните им ветуваше просечна плата од 30.000 денари, повисока минимална плата, нови вработувања, зголемување на пензиите и тоа не еднаш, туку двапати годишно, а веќе вчера пропагираше отпуштања во јавниот сектор, намалување на платите и на пензиите - изјави членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Миноски, на денешната прес-конференција. - Кога беше на власт, СДСМ ги...

Наумов бара усогласување на задолжувањата од ДХВ со буџетот на РМ

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, бара итно усогласување на издавањето државни хартии од вредност со буџетот на РМ. Тој бара свикување на итна седница на Владата за усогласување на максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност (ДХВ) за тековната година, кој е утврден со одлука на Владата на РМ, со буџетот за 2016 година. - Со актуелната одлука на Владата од 29 декмеври 2015 година, максималниот...

Наумов: Миноски ги задолжи граѓаните со 18 милиони евра

На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал министерот за финансии, Кирил Миноски, иако побаруваше 12,1 милиони евра, ги задолжи граѓаните со нови 18 милиони евра, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, на денешното задолжување на државата. Во него се додава дека јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги надминал критичните 50 проценти од...

Наумов: Јавниот долг и во ноември продолжува да се зголемува

„И покрај тоа што во периодот од 8 до 15 ноември, за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал, не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември побарува 12,2 милиони евра. Jавниот долг ќе го зголеми за нови 12,2 милиони евра“, се вели во соопштението од кабинетот...

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. - За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за...

Заштедите на граѓаните се зголемиле само 1 процент, најмалку од 2001 година

Заштедите на граѓаните изнесуваат 3,4 милијарди евра заклучно со септември и во овој квартал од годината се зголемиле само 1,3 отсто. Ова денеска беше истакнато во Стопанска комора, на одбележувањето на Светскиот ден на штедењето организирано од Здржението за банкарство. - Кон крајот на третиот квартал, имавме скромен пораст на заштедите од 1,3 отсто, што е најниско зголемување од 2001 година. Враќањето на...

Наумов: За седум дена Миноски го зголеми јавниот долг за 12,7 милиони евра

Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12,7 милиони евра, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, по повод денешното задолжување од 31 милион евра. - Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со 1,8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето-долгот кон нула на неделна...

Државата денеска ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар

На аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар. На домашните кредитори ќе им бидат понудени едногодишни и двегодишни државни обврзници. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во однос на оваа аукција смета дека се побаруваат 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање. - Оваа власт зад себе...

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...