fbpx
Таг: кире наумов

таг: кире наумов

Компаниите од денеска ќе може да аплицираат за Ковид 3 бескаматна кредитна линија преку Развојна банка

Од денеска почнува да се реализира Ковид 3 бескаматната кредитна линија со грант компонента преку Развојната банка. Јавниот повик е отворен за поднесување кредитни барања од денес до 30 декември 2020 година заклучно со 23:59 часот. Ова денеска на прес-конференција го истакнаа министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Развојната банка, Кире Наумов. Како што информираше министерот Бектеши, третата бескаматна...

Трета бескаматна ковид кредитна линија: 31 милион евра за микро и малите компании, трговски претријатија и занаетчии

Вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка Кире Наумов, ја промовираше новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а со која на располагање...

Наумов: Туризмот е трета најголема извозна гранка, треба да се искористат потенцијалите

Туризмот е третата најголема извозна гранка и Македонија треба да го искористи овој тренд и да најде начини за привлекување на што поголем број туристи, рече денеска заменик-министерот за економија, Кире Наумов, на доделувањето ги традиционалните награди на најдобрите хотелиери, угостители и туристички агенции по повод Светскиот ден на туризмот. Наумов додаде дека минатата година на светско ниво меѓународните граници ги поминале...

Министерство за финансии: Аукциите се во согласност со законите, Наумов шири невистини

Со ребалансот на буџетот, износот на аукции на државни хартии од вредност не е зголемен, туку е намален, велат од Министерство за финансии по повод соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во кое тој бара усогласување на задолжувањата од ДХВ со буџетот на РМ. - Владата на почетокот на годината носи одлука за максималниот износ за аукции на државни...

Наумов бара усогласување на задолжувањата од ДХВ со буџетот на РМ

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, бара итно усогласување на издавањето државни хартии од вредност со буџетот на РМ. Тој бара свикување на итна седница на Владата за усогласување на максималниот износ на ново задолжување преку државни хартии од вредност (ДХВ) за тековната година, кој е утврден со одлука на Владата на РМ, со буџетот за 2016 година. - Со актуелната одлука на Владата од 29 декмеври 2015 година, максималниот...

Опозицијата ги злоупотребува аукциите на државни записи за пропагандни цели

„Со пласирање невистини и полувистини во јавноста, опозицијата ги злоупотребува аукциите на државни хартии од вредност во пропагандни цели. Доказ за тоа е што и дополнителниот заменик-министер за финансии Наумов и одредени медиуми, во настојувањето да прикажат дека државата се задолжува, испуштија да споменат дека вчера во стопанството се вратени 12,2 милиони евра врз основа на државни хартии од вредност“,...

Наумов: Миноски ги задолжи граѓаните со 18 милиони евра

На денешното задолжување на домашниот пазар на капитал министерот за финансии, Кирил Миноски, иако побаруваше 12,1 милиони евра, ги задолжи граѓаните со нови 18 милиони евра, се вели во реакцијата од дополнителниот заменик-министер за финансии Кире Наумов, на денешното задолжување на државата. Во него се додава дека јавниот долг поради ова темпо на задолжување ги надминал критичните 50 проценти од...

Наумов: Јавниот долг и во ноември продолжува да се зголемува

„И покрај тоа што во периодот од 8 до 15 ноември, за кога е планирано ново задолжување на домашниот пазар на капитал, не доспеваат долгови за враќање, министерот за финансии на аукцијата на домашни хартии од вредност на 8 ноември побарува 12,2 милиони евра. Jавниот долг ќе го зголеми за нови 12,2 милиони евра“, се вели во соопштението од кабинетот...

Наумов: Kомпаниите сè уште функционираат без услови за работа во зоната во Визбегово

Претставниците на Здружeнието на стопанственици од индустриската зона во Визбегово го информирале дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, за проблемите со кои се соочуваат компаниите што се дел од оваа зона, а во која не се достапни бенефициите што ги имаат компаниите лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони. - Неправедниот третман што го имаат стопанствениците од индустриската зона Визбегово е огледало на третманот што го имаат малите...

Ново задолжување од 61,3 милиони евра кај домашните банки

Државата денеска ќе се задолжи со 61,3 милиони евра кај домашните банки и осигурителни компании. Според Министерството за финансии, околу 10,5 милиони евра од вкупната сума се со рок на достасување од шест месеци, 39,9 милиони евра доспеваат за една година, 5,5 милиони евра за две години, а 5,7 милиони евра за 15 години. Врз основа на доспеани обврски, утре државата треба да врати...

Наумов: Јавниот долг ги надмина критичните 50 проценти од БДП

Министерот за финансии, Кирил Миноски, и официјално објави дека јавниот долг изнесува 4 милијарди и 760 милиони евра или 50,6 проценти од домпашниот бруто-производ (БДП), се вели во соопштението од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов. - За само девет месеци, јавниот долг е зголемен за 532 милиони евра. Во текот на 2016 година, јавниот долг дневно се зголемувал за...

Наумов – Хоџа: Компаниите со намалена ликвидност и тешко доаѓаат до поврат на ДДВ

„Извештајот „Дуинг бизнис“ на Светска банка најмногу се однесува на законите во одредена држава и на тоа колкав напредок направиле при нивно донесување, а за реалната состојба во економијата најдобро можат да кажат бизнисмените. Светска банка, исто така, имаше извештај во кој беа нотирана намалувањето на приватните инвестиции и лошите перспективи за пораст и за развој. Двете работи се...

И Наумов се жали на опструкции: Од Финансии не ми даваат никакви документи и податоци

„Министерство за финансии продолжува со ист начин на работа како и претходно и во последниот месец, откако сум повторно на функција, немаме никаква соработка“, се пожали дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, на средбата со претседателот на Стопанска комора на Сојузот на Северозападна Македонија, Неби Хоџа. Тој додаде дека ниту еден документ што го побарал од кабинетот на министерот за финансии,...

Наумов – Георгиева: Државата навреме да ги исполнува обврските кон приватниот сектор

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, се сретна со извршната директорка на Стопанската комора на Македонија, Јелисавета Георгиева. На средбата зборувале за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се во рамки на надлежностите на институции кои се поврзани со надлежностите на Министерството за финансии, како што се Управата за јавни приходи и Царинската управа. - Беше истакната неопходноста од навремено исплаќање на обврските...

Министерство за финансии: Сумата што неделава се враќа во стопанството е 31 милион евра

„Сумата што Министерството за финансии ја враќа во стопанството неделава врз основа на државни хартии од вредност изнесува 1,915 милијарди денари. На денешната аукција запишани се 1,959 милијарди денари, иако дополнителниот заменик-министер за финансии Наумов во своето соопштение до јавноста вчера тврдеше дека таа сума е за 17 пати повисока од сумата што се враќа во стопанството“, се вели во реакцијата на...

Наумов се сретна со претседателката на ССК, Арсовска

Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, денеска се сретна со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска. На средбата се зборувало за актуелните состојби во стопанството и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки на Сојузот на стопански комори на Македонија. Наумов бил информиран за проблемите со кои се соочуваат компаниите, а се однесуваат на надлежност на...

Наумов: За седум дена Миноски го зголеми јавниот долг за 12,7 милиони евра

Министерот за финансии со последните две аукции го зголеми јавниот долг за нови 12,7 милиони евра, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, по повод денешното задолжување од 31 милион евра. - Кирил Миноски изминативе седум дена ги задолжуваше граѓаните со 1,8 милиони евра на ден, што е далеку од приближување на нето-долгот кон нула на неделна...

Државата денеска ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар

На аукција на државни хартии од вредност, Министерството за финансии ќе се задолжи 31 милион евра на домашниот пазар. На домашните кредитори ќе им бидат понудени едногодишни и двегодишни државни обврзници. Дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов, во однос на оваа аукција смета дека се побаруваат 17 пати повеќе средства од долгот што доспева за враќање. - Оваа власт зад себе...

ВМРО-ДПМНЕ: Забавувањето на економскиот пораст е последица на кризата создадена од Заев

Светска банка јасно и недвосмислено посочи дека забавувањето на економскиот пораст, странските инвестиции, а со тоа и зголемувањето на буџетскиот дефицит за да се задржи порастот, се директна последица на политичката криза, која во Македонија ја создадоа аболираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на соопштението на дополнителниот-заменик министер за финансии, Кире Наумов. Според партијата на...

Наумов: Извештајот на Светска банка е загрижувачки

Загриженоста што ја изрази Светска банка за темпото на задолжувања во Македонија и за висината на јавниот долг е потврда на нашите предупредувања, се вели во реакцијата на дополнителниот заменик-министер за финансиии, Кире Наумов, за извештајот на Светска банка што денеска беше презентиран. Според него, начинот на кој владее актуелната власт, преку задолжувања, негативно се одразува на економијата. - Светска банка во извештајот ги потврдува податоците што ги соопштив...

Убиецот зад кочанскиот фемицид доби доживотна казна

Лицето кое ја уби 46-годишната Танкица Маладеновска во Кочани на 25 септември доби доживотна затворска казна, соопшти Јавното обвинителство. Основниот суд во Кочани донесе пресуда за злосторникот за кривичното дело...