fbpx
Таг: кинотека

таг: кинотека

На 3 ноември во Кинотека започнува недела на јапонски филм

На 3 ноември во 20 часот, по шеснаесетти пат ќе започне „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Северна Македонија. Годинешната програма на јапонската филмска недела ќе обработува теми од секојдневните предизвици со кои се соочуваат претставници од различни демографски групи во јапонското општество. „Тоа ќе ѝ овозможи на публиката полесно да се идентификува и приближи до културата која е далечна,...

Бесплатно „Кино за млади“ в понеделник и вторник во Скопје

Два филма од поновата европска продукција на 28 и 29 ноември (понеделник и вторник) бесплатно ќе се прикажуваат во Кинотека на Македонија во рамки на проектот „Кино за млади“. Програмата почнува в понеделник во 12 часот со проекција на швајцарската драма „Атлас“ во режија на Николо Кастели. Утедента, исто така со почеток во 12 часот ќе, се прикажува италијанско-белгискиот трилер „Смената„...

Изложбата на фотографот Иван Блажев „Сето време е сето време“ поставена во Кинотека

Во Галеријата на Кинотеката на Македонија синоќа беше поставена изложбата на фотографии „Сето време е сето време“ на фотографот Иван Блажев. Оваа изложба е заокружување на истоимениот циклус фотографии снимени во Дрезден во 2018 и 2020 година. Првично, избор од фотографиите беше прикажан во Скопје на изложбата „Дрезден: време/простор/лица“, како заедничко претставување на Иван Блажев, Александар Кондев и Матијас Шуман...

Bо Кинотека ќе бидат прикажани трите филмови од серијалот „Кум“

Во рамки на годинешната програма на Скопје филм фестивал ќе биде одбележана 50. годишнината од првиот од серијалот „Кум“ (1972) во режија на Френсис Форд Копола. Трите филмови од серијалот „Кум“ ќе бидат прикажани утрe (12.09), вторник (13.09) и среда (14.09), а проекциите во Кинотека почнуваат од 20 часот. Вечерва на програмата се филмовите „Корсет“ (од 20 часот) и „Римини“...

Филмови за Том Вејтс и за Брајан Ино на „Скопје синема сити Chill Out“

Филмскиот фестивал „Скопје синема сити“ организира дводневен летен филмски настан, Chill Out, во отворениот простор на Кинотека на Македонија, в четврток и в петок ( 27 и 28 август). Настанот ќе се отвори со изложба на визуелниот уметник Стефан Шашков „Мешање звуци“, која е инспирирана од музиката на авангардните амбиент-музичари Брајан и Роџер Ино, Џон Хасел, Харолд Бад и Роберт...

Проекции на филмови за „Њу Ордер“ и Леонард Коен во Кинотека на 19 февруари

На 19 февруари во Кинотека на Македонија ќе бидат прикажани два музички документарни филмови „Њу Ордер – Декади“ и „Мериен и Леонард Коен: Зборови за љубовта“ во рамките на настанот „Загревање“ на „Скопје Синема Сити“. „Загревање“ е полугодишен настан каде се прикажува избор на филмови од претходното издание на фестивалот „Скопје Синема Сити“. Минатата година бенд во фокус беа манчестерскиот...

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Вториот филмски викенд во рамките на 6. издание на Филмскиот фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ ќе почне утре. Како и првиот викенд, така и овој ќе биде организиран во дворот на Кинотека на Северна Македонија. Утре со почеток од 19 часот, ќе бидат прикажани четири краткометражни македонски филмови, од кои три се анимираните филмови на режисерот Жарко...

Отворено кино „Мирно лето“ во Кинотека со 12 филмски прикажувања до 17 август

Кинотека на Северна Македонија организира отворено летно кино, на кое во периодот од 30 јули до 17 август ќе се одржат 12 филмски прикажувања за љубителите на седмата уметност. Во дворот во Кинотеката, во овој период ќе бидат прикажани филмовите „Убиството на светиот елен“, „Студена војна“, „Паразит“, „Павароти“, „Мирно лето“, „Каде припаѓаме?“, „Хронофобија“, „Тие“, „Битлси: осум дена во неделата“...

Летно кино во Кинотека ќе се одржи од 10 до 13 јули

Од 10 до 13 јули, во дворот на Кинотека започнува летна кино програма, а првиот викенд ќе го одбележи Eвропскиот филмски предизвик (European Film Challenge), со селекција на четири современи европски филмови. Летното кино ќе се отвори на 10 јули во 21 часот, со проекција на македонскиот филм - добитник на престижната LUX Prize за најдобар европски филм за 2019,...

Награда „Златен објектив“ за Коле Ангеловски и Зорка Тодорова Младеновиќ

По повод својот роденден, Кинотеката секоја година го доделува „Златниот објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. Овогодинешни добитници на наградата се актерот и режисер Коле Ангеловски и костимографката Зорка Тодорова-Младеновиќ. Наградите на Ангеловски и Тодорова-Младеновиќ ќе им бидат врачени кога ќе се создадат поволни услови за културни...

Списанието за филм „Кинопис“ e достапно онлајн

По повод 30 годишнината од излегувањето на првиот број на „Кинопис“ – списание за историја, теорија и култура на филмот и другите уметности – Кинотеката на својата веб-страница ги направи достапни за јавноста досегашните броеви на ова списание. „Во овие 30 години во списанието, едноставно, не остана „негибнат“ ниту еден сегмент, ниту еден аспект од – и ниту еден пристап...

Летната програма на Кинотека почнува со детски фестивал

Летната програма во Кинотека на Македонија почнува со филмскиот фестивал „Тинтири-минтири“, посветен на детските филмови, но и на филмови што ги изработиле деца, а ќе се одржува од 5 до 7 јуни. Во првите денови од јули, пак, во Кинотеката ќе се одржува „Скопје синема сити“ – фестивал на музички филмови. Ќе бидат прикажани шест документарци кои се однесуваат на популарната...

„Чекајќи го мај“ го отвори четвртиот „Анимакс-фест Скопје“

„Филмот „Чекајќи го мај“ (The Wait Of May) на бардот на италијанската анимација Симоне Маси, во четвртокот го отвори четвртото издание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм „Анимакс-фест Скопје“, што ќе се одржува до 6 декември во Кинотека на Македонија. Првиот фестивалски ден почна со утрински проекции на осум анимации за деца. Вечерта беше резервирана за повозрасната публика, која уживаше...

Почнува „Бугарски филмски понеделник“ во Кинотека

Кинотека на Македонија в понеделник ќе го почне веќе традиционалниот „Бугарски филмски понеделник“. Од 17 ноември, следните три понеделници ќе бидат прикажувани филмови од современата бугарска филмска продукција. Циклусот почнува со комедијата „Живи легенди“ на режисерот Ники Илиев, кој заедно со Сања Борисова е во една од главните улоги. На проекцијата ќе присуствуваат Ники Илиев и Сања Борисова, кои во Кинотеката веќе се...

Недела на израелски филм во Кинотека на Македонија

Ова е прво вакво претставување на израелската кинематографија во Кинотеката
Неделата на израелски филм во Кинотеката на Македонија ќе биде отворена в недела, а од понеделник, публиката ќе може да ги проследи петте филмови од овој циклус: „Посета на оркестарот“, „Стројникот“, „Летото на Авија“ и Скршено стакло“. Неделата на израелски филм ќе заврши со филмот „Ноќва“. Ова е прво вакво претставување на израелската кинематографија во Кинотека, од каде се надеваат дека ќе прерасне...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...