fbpx
Таг: КФОР

таг: КФОР

Македонија испраќа дополнителни 35 војници во „КФОР“ во Косово

Владата на вчерашната седница донела одлука за изменување на одлуката за испраќање на припадници на Армијата на С.Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово. Со одлуката е предвидено зголемување на учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во операцијата „КФОР“ во Република Косово со дополнително испраќање на еден вод од 35 лица. „Одлуката е донесена врз...

Контраспин: Левица спинува дека Македонија е вклучена во репресии на Србите на Косово

Реагирајќи на одлука на Влада за испраќање на 31 припадник на АРМ на Косово на шест месеци, Левица спинува дека КФОР е репресивна сила која често употребува прекумерна сила врз Србите, дека со одлуката на Владата и земјата е вклучена во такви репресалии, дека над 90 отсто од македонското население ја осудува таквата одлука и дека мисијата не е...

Курти со „предлог“ за северот на Косово, во Косовска Митровица станува тензично

Премиерот на Косово, Албин Курти, појасни дека денеска на меѓународните претставници им предал свој предлог од пет точки за решавање на ситуацијата на северот на Косово, меѓу кои и распишување вонредни локални избори таму, како што бараше ЕУ и меѓународната заедница, јавуваат српските медиуми. Сепак, како прва точка, односно услов, тој наведува спроведување на законот во четирите општини со српско...

И денеска насобрани лица пред општинската зграда во Звечан, протести и во Зубин Поток

По нередите во неделата во Звечан и судирите на демонстрантите – Срби со косовската полиција, утрово повеќе лица повторно се собраа пред општинските згради во Звечан и Зубин Поток. Состојбата пред зградата на општина Звечан сè уште е стабилна, јавува KoSSev. На граѓаните таму им се придружил и поранешниот градоначалник на општината, Драгиша Миловиќ, инаку еден од повредените во нередите...

Командантот на КФОР ги повика српската и косовската страна да преземат одговорност наместо да се кријат зад лажни наративи

Бројот на ранети војници на КФОР за време на вчерашните немири во Звечан се искачи на 30, информираат од оваа мисија. Меѓу нив се 11 војници од италијанскиот и 19 од унгарскиот контингент, пишува KoSSev. Како што прецизираат од КФОР, војниците се здобиле со повеќе повреди, меѓу кои и скршеници и изгореници од „импровизирани експлозивни направи“. КФОР соопшти дека тројца унгарски...

Ден после нередите, на северот на Косово мирно, но уште има протести

Денешното претпладне по вчерашните нереди во Звечан и судирите на демонстрантите - Срби со косовската полиција, денеска на северот на Косово ситуацијата е мирна, јавува онлајн-медиумот „Косово Север“. И утрово граѓани и вработени во српските привремени општински органи се собраа пред општинските згради во коишто од петокот се наоѓаат припадници на Специјалната единица на косовската полиција. Станува збор за општините...

Се очекува повлекување на полицијата во Звечан до 15 часот

Четворицата Срби што беа приведени вчера по немирите пред општинската града во Звечан ќе бидат пуштени, а до 15 часот ќе бидат повлечени и припадниците на косовската полиција, јави онлајн-медиумот „Косово Север“. Вчера попладне дојде со судир меѓу Србите и КФОР пред зградата на општината во Звечан, во кој беа повредени десетици граѓани и 25 припадници на КФОР. https://meta.mk/megjunarodnata-zaednica-so-ostra-osuda-za-nasilstvata-vo-zvechan-na-kosovo/ По преговорите синоќа...

Судири меѓу српското население и КФОР на Северот на Косово, над 50 повредени

Повеќе од 50 лица побарале лекарска помош по денешните судири во општина Звечан на Северот на Косово меѓу српското население и КФОР. Како што објави порталот KoSSev, директорот на Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Косовска Митровица, д-р Златан Елек вели оти меѓу повредените е и поранешниот градоначалник на Звечан, Драгиша Миловиќ. Повреден е и маж со иницијали Ц.С. „Тие се...

Повторно тензии на северот на Косово, српски претставници преговараат со КФОР

Локалните Срби од општините Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток на северот на Косово повторно се обидоа да ги спречат новите градоначалници, избрани на локалните избори на 23 април кои ги бојкотираше локалното српско население, да влезат во општинските згради при што полицијата употреби солзавец. Тие на разглас пуштаат народна музика и на оклопните полициски возила ставаат српски знамиња. Два...

Столтенберг: Сега е важно брзо и целосно да се спроведе договорот меѓу Белград и Приштина

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг го поздрави договорот за нормализација на односите од Охрид и ги повика Белград и Приштина брзо и целосно да го спроведат. „Го поздравувам договорот и сега е важно брзо и целосно да се спроведе договорот меѓу Белград и Приштина. И, се разбира, ние силно го поддржуваме дијалогот со посредство на ЕУ. Сојузниците во НАТО...

КФОР го одби барањето на Србија за враќање на српската војска во Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија го добила одговорот од КФОР на барањето на официјален Белград српските сили да се вратат во Косово, пренесува телевизијата Н1. Вучиќ во обраќањето до српската јавност рече дека КФОР испратил внимателно составено писмо до српската влада, во кое тие одговориле оти сметаат дека нема потреба од враќање на српската армија на територијата на...

КФОР на северот на Косово ги отстранува возилата преостанати од српските блокади

Мисијата КФОР соопшти дека на северот на Косово во тек е отстранување на некои возила што останале на патиштата по кревањето на блокадите поставени од косовските Срби, што со седмици на таков начин протестираа поради апсења на поранешни полицајци. „Мисијата на КФОР спроведува инженерски операции на северот од Косово со цел да се отстранат некои возила блокирани на патот и...

Србија бара КФОР да дозволи српска војска на Косово, за Курти тоа е враќање во времето на Милошевиќ

Србија одлучи да достави барање до командантот на КФОР на административните гранични премини за враќање на српските воени и полициски сили на Косово. Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека барањето синоќа требало да биде испратено до КФОР и по електронска пошта, пренесе Би-Би-Си на српски јазик. Според Вучиќ, враќањето на српската војска на Косово би ги намалило тензиите, но...

Одѕивот на локалните избори во Косово 43,09 проценти, полицијата со детали за напад со огнено оружје на Јариње

Денеска редовни локални избори се одржуваат и во Косово. До 19 часот гласале 43,09 проценти од гласачите, објави Централната изборна комисија на Косово (ЦИК) на официјалната веб-страница. Најголем одѕив имало на северот на Косово во Звечан каде гласале 82,68 проценти, во Лепосавич 74,26 проценти и во Северна Митровица каде излезноста била 65,55 проценти. Најмал одѕив имало во Драгаш каде...

Се смирува ситуацијата на северот на Косово, барикадите на патиштата се тргнати

По вчерашните инциденти, утринава во северниот дел на Митровица е мирно, а барикадите што беа поставени на локалните патишта се отстранети, пренесе Н1. Надвор од животна опасност е и лицето кое вчера беше рането во полициската акција: Повредениот е опериран и сè уште е на интензивна нега. Косовскиот министер за внатрешни работи, Џеваљаљ Свечља, на прес-конференција рече дека акцијата не е...

Началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски во дводневна работна посета на Косово

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Косово, информираат од Генералштабот на Армијата на Северна Македонија. Генералот Ѓурчиновски во текот на денешниот ден ќе ја реализира редовната годишна средба со командантот на мисијата КФОР, генерал-мајор Франко Федеричи, по што ќе ја посети и регионалната команда на мисијата во Пеќ,...

Столтенберг: Во интерес на НАТО и ЕУ е да има заеднички долгорочни решенија во регионот

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска се состана со претставникот на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак. Тема на нивниот разговор беше договорот за регистарски таблички меѓу Косово и Србија. По средбата Столтенберг на Твитер соопшти дека во интерес на НАТО и ЕУ е да имаат заеднички долгорочни решенија во регионот. Тој во твитот нагласи дека КФОР ќе обезбеди безбедна...

Од утре припадници на АРМ ќе бидат распоредени во командата на КФОР на Косово

Контингент од 44 припадници на АРМ, штабни офицери и вод за обезбедување, ќе бидат распоредени во главната команда на мисијата КФОР на Косово и во командата „Запад“, соопшти Генералштабот на Армијата. Контингентот утре ќе биде свечено испратен од касарната „Илинден“ во Скопје, со церемонија на која ќе присуствува државниот и воениот врв. - Армијата на Република Северна Македонија како 30та...

Со еден вод и штабен персонал ќе учествуваме во мисијата на НАТО во Косово

Владата на 78. седница ја разгледа и усвои Информацијата за учество на Република Северна Македонија во мисијата на НАТО во Косово – КФОР, информираат од владината прес-служба. „Владата го задолжи Министерството за одбрана да преземе потребни мерки и да ги регулира сите прашања со надлежните институции на НАТО и КФОР, за распоредување на единица во јачина на еден вод и...

Неизвесна средбата со Тачи, Вучиќ ги прекина контактите со КФОР и косовската полиција

И претпладнево е неизвесно дали средбата на претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, под посредништво на ЕУ, ќе се одржи во Брисел. Непознато е и дали српскиот претседател ќе отпатува во посета на српските енклави на Косово викендов. Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ утрово соопшти дека Вучиќ решил да прекинат комуникациите со косовската...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...