fbpx
Таг: Кембриџ

таг: Кембриџ

Професори од Оксфорд, Сорбона, Колумбија… со поддршка за Преспанската спогодба

Повеќе од 40 универзитетски професори, интелектуалци, филозофи и студенти ја изразија својата поддршка за Преспанската спогодба на Македонија и Грција за решавање на спорот за името, оценувајќи го како пробој и најдобро решение за решавање на 27-годишниот спор на двете земји. Во писмо до британскиот весник „Гардијан“, потписниците кои се од некои од највидните светски универзитети, како Оксфорд, Сорбона, Лондон,...

Формиран Советот за правосудство, „она на М“ засега не се продава, од догодина нема Кембриџ

Владата го формираше Советот за следење на имплементација на стратегијата во правосудството 2017-2022, со кој ќе претседава премиерот Зоран Заев. На денешната седница е утврден и составот на Советот. Во него ќе членуваат министерот за правда Биљен Саљији, неговиот заменик Оливер Ристовски, Јавниот обинител Љубомир Јовевски, претставник од Врховен суд, Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, по еден претставник од...

Дескоска: И „Кембриџ“ предупредувал дека се брза со програмата за средно образование

Веднаш по одлуката за одложувањето на Кембриџ-програмата во средното образование, од „Кембриџ интернешнл“ бев информирана дека и тие со свои дописи уште во 2016 година изразиле загриженост за брзањето при воведување на оваа програма во средните училишта и со начинот на избор на учебниците, информираше министерката за образование и наука, Рената Дескоска. Образложувајќи го постигнатото во изминатите 100 дена, таа ги...

Кржаловски: СДС ќе ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа

Антиреформската влада предводена од СДС одлучи да ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа, со која во изминатите три години се издвоивме како единствена земја и лидер во регионот кога е во прашање модернизацијата на системот на образование до 18-годишна возраст, изјави денеска пред Министерството за образование и наука Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ - Наместо да обезбеди континуитет во воспитно-образовниот...

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против антиреформи. „Владата на Заев не губи...

Десковска најави блокада за Кембриџ-програмата во средното образование

Министерката за образование и наука, Рената Треневска-Десковска, денеска најави дека е почнат обид да се спречи воведувањето на Кембриџ-програмата во средното образование и вели дека е можно да се намали бројот на предметите во основното образование. Десковска рече дека се бараат правни механизми пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието. Министерката...

Програма по „Кембриџ“ од идната година и во средното образование

Примената на учебници по наставната програма од „Кембриџ“ за математика и за природни науки целосно заврши во основното образование, а од следната година проектот ќе продолжи и во прва година средно образование, соопшти денеска заменик-министерот за образование и наука, Спиро Ристовски. Заменик-министерот рече дека се завршени наставните планови и програми за учебници за 113 предмети за средно стручно образование кои...

Од септември и учениците од четврто до шесто одделение ќе учат по „Кембриџ“

Од септември и учениците од четврто, петто и од шесто оддление ќе учат по програмата „Кембриџ“. Нови наставни програми ќе има за математка и за природни науки. Книгите се во завршна фаза, чекаат одобрување во Лондон, а на почетокот од август ќе се печатат и ќе се диструбуираат до сите училишта на сите јазици. Во текот на летото, наставниците ќе мора...

СДСМ: Нема проект „Кембриџ“ во образованието

Има бизнис-скандал „Кембриџ“, тежок 12 милиони евра, во којшто се вмешани Владата и Министерството за образование, обвинува СДСМ. - Имаме писмо од професор Ристо Малчески, кој се обраќа до членовите на математичката академска заедница, меѓу другото, и во врска со донесените учебници. Еве го писмото. Во него професор Малчески вели дека на огласот за рецензенти за учебниците од „Кембриџ“, што го...

СДСМ: Реформата е само купопродажен договор од 12 милиони евра?

Дали молкот на Абдулаќим Адеми и на Спиро Ристовски значи дека проектот „Кембриџ“ е обичен купопродажен договор помеѓу Министерството за образование и издавачка куќа од Велика Британија, вреден 12 милиони евра, праша Сашо Тодоровски, член на комисијата за образование и наука на СДСМ. - Министерството за образование е должно да го покаже договорот помеѓу МОН и институцијата „Кембриџ“ во Лондон....

ВМРО-ДПМНЕ: Со Кембриџ-програмата сме лидери во регионот

Од оваа година нови наставни програми и учебници добија учениците од прво до трето одделение, за што, многупати информиравме дека вложени се 148 милиони денари, или околу 2,4 милиони евра, а не 12 милиони евра, реагираат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ. „Од 1 септември 2014 година, Република Македонија стана единствената земја во регионот којашто го воведува образовниот систем...

Наставните програми од „Кембриџ“ се воведуваат и за учениците од четврто до шесто одделение

Учениците од четврто до шесто одделение се вклучуваат во наставната програма на Меѓународниот центар за наставни програми „Кембриџ“, која годинава беше воведена од прво до трето одделение. Договор денеска ќе потпишат министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, заменик министерот Спиро Ристовски, заменик директорот на Бирото за развој на образованието, Ајше Селмани, и генералниот директор на Меѓународниот центар за наставни...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...