fbpx
Таг: Катица Јанева

таг: Катица Јанева

Притворот за Јанева е продолжен за уште 30 дена

Кривичниот суд денеска ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за уште 30 дена. - Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка од 21.08.2019 година за К.Ј., по разгледување и...

Рускоска побара продолжување на притворот на Катица Јанева

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција,Вилма Рускоска побарaла притворот на поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, да биде продолжен, а барањето било испратено денеска. Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува Јанева, вчера поднесе барање за укинување на мерката притвор. Рускоска продолжувањето на притворот го бара поради опасност од бегство и опасноста да влијае врз сведоци...

Доставено барање до Судот да се укине притворот на Јанева

Адвокатката на Катица Јанева, Ирена Фрчкоска доставила барање до Судот за укинување на мерката притвор. Таа очекува до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука. Фрчкоска за дел од медиумите изјави дека основите за определување мерка притвор се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од...

Советот на јавни обвинители едногласно ја разреши обвинителката Катица Јанева

Советот на јавни обвинители на вечерашнава вонредна седница ја разреши специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева. За нејзино разрешување гласаа сите осум пристуни членови на Советот. - Советот на јавни обвинители на денешната седница едногласно одлучи да ја разреши од функцијата специјален јавен обвинител Катица Јанева поради нестручно, незаконско и несовесно работење - изјави претседателот на Советот на јавни обвинители, Ацо...

Собранието ја разреши Катица Јанева

Собранието денеска со големо мнозинство гласови (102) ја разреши специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Одлуката треба да биде верификувана од Советот на јавни обвинители кој за попладнево закажа седница. Постапката за разрешување започна поради незаконито, несовесно и нестручно вршење на функцијата, откако Катица Јанева заврши во притвор како осомничена за случајот „Рекет“. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески рече...

Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на Јанева

Претсeдателот на Собранието, Талат Џафери за утре во 13 часот ја закажа седницата за разрешување на осомничената обвинителка Катица Јанева, со единствена точка на дневниот ред. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека парламентарното мнозинство и Талат Џафери одбиле да свикаат итна седница за разрешување на Катица Јанева, на нивно барање. „СДСМ и Зоран Заев очајно на секој начин пробуваат да...

Џафери ќе ја закаже седницата за разрешување на Јанева пред истекувањето на мандатот

Претседателот на Собранието, Талат Џафери најави седница за разрешување на Катица Јанева пред крајот на нејзиниот мандат кој истекува на 15 септември. Џафери рече дека по обезбедувањето на писмена согласност од сите партии има доволно време седницата да биде закажана. „Согласно законот тоа е моја обврска и јас ќе ја испочитувам“, потенцираше Џафери објаснувајќи ја целата процедура. Денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ,...

Димовски: Едногласно и без дискусија Комисијата донесе одлука Јанева да биде разрешена од функцијата

Комисијата за избори и именувања, без дискусии со едногласна одлука го утврди предлогот до Собранието, Катица Јанева да биде разрешена од функцијата специјален јавен обвинител заради незаконитo, несовесно и нестручно раководење со институцијата Специјално јавно обвинителство, информираше претседателот на Комисијата, Илија Димовски. Тој додаде дека во текот на денот предлогот ќе биде доставен до претседателот на Собранието, Талат Џафери, по...

Заев: Предлогот на Јанева предметите да преминат во Јавно обвинителство е логично решение

Премиерот Зоран Заев го коментираше писмото на Катица Јанева, со кое бара обвинителите од СЈО да ги пренесат сите предети и истраги на Јавното обвинителство. - Тоа што сум информиран од работните групи, тоа е и логичното решение кое и во разговорите со ВМРО-ДПМНЕ го имаме, но е логично решение и во сите околности. Посакуваното решение е да се постигне...

Расправата за разрешување на Јанева денеска зад затворени врати

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за денеска во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Вчера, Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесен до Собранието. – Советот...

Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на Јанева

Советот на јавни обвинители го отфрли барањето за декласификација на извештајот за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднесен до Собранието. – На одржаната седница на Советот на јавните обвинители на 4 септември, Советот донесе заклучок дека барањето за декласификација на извештајот за утврдена фактичка состојба број 03-133/6 од 29.08.2019 година поднесено до Собранието не може да се прифати...

Димовски за в четврток ја закажа седницата на Комисијата за разрешување на Јанева

Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски, за в четврток во 12 часот ја закажа седницата на која ќе се разгледува извештајот на Советот на јавни обвинители за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Димовски информира дека сè  уште не се знае дали за извештајот ќе се расправа зад затворени врати или седницата ќе биде јавна,...

Советот на јавни обвинители едногласно донесе одлука да почне постапката за разрешување на Јанева

Советот на јавни обвинители едногласно одлучи дека се исполнети услови за да започне постапка за разрешување на специјалната обвинителка Катица Јанева, информираше денеска по седницата, претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев „За тоа да го направиме Советот треба да изготви Извештај со утврдена фактичка состојба и да го достави до Собранието, кое, согласно своите надлежности, понатаму да ја...

Рускоска: Камчев во исказот за споменува дека само го пријавил „Рекет“ кај Заев

Обвинителката Вилма Рускоска денеска информираше дека премиерот Зоран Заев бил споменат во исказот на бизнисменот Орце Камчев за предметот „Рекет“, но само еднаш и во поинаква конотација од она што беше објавено во дел од медиумите деновиве. - Заев не е споменат во исказот на Камчев, освен во делот дека кај него прво го пријавил рекетот - изјави обвинителката Вилма...

Спротивставени реакции на власта и опозицијата по приведувањето на Јанева

Власта и опозицијата излегоа со дијаметрално спротивни реакции по проведувањето на специјалната обвинителка Катица Јанева. Владиниот портпарол Муамет Хоџа денеска изјави дека одговорност за предметот „Рекет“ мора да има за секој инволвиран, повикувајќи на темелна и независна истрага за овој случај. Хоџа наведе дека со денешното приведување на Катица Јанева се потврди оти пред правдата и законите буквално секој е...

Обвинителството бара притвор за Катица Јанева за случајот „Рекет“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева е уапсена по налог на Обвинителството за организиран криминал и корупција, потврди републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески. Поранешната шефица на СЈО е новото осомничено лице во предметот „Рекет“, а се товари за кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“. Обвинителката Вилма Русковска на денешната прес-конференција потврди дека уапсената Јанева прво е однесена во просториите...

Приведена Катица Јанева

Полициски сили предмалку влегоа во домот на Катица Јанева во скопската населба Козле. По наредба на шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, специјалната јавна обвинителка е приведена. Како што потврдија од Обвинителството, Катица Јанева е приведена поради кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластувањата“ за предметот „Рекет“, за кој веќе се во притвор Бојан Јовановски...

Катица Јанева одлучила да не ги изземе Фетаи и Бубевски од „Титаник 3“

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева донела одлука да не ги изземе обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3“, пренесуваат медиумите сите повикувајќи се на неофицијални извори од СЈО. Писмената одлука на шефицата на СЈО денеска е испратена до скопскиот Кривичен суд. Одлуката на Катица Јанева доаѓа откако утрово адвокатот на одбраната Еленко Миланов во предметот „Титаник 3“...

Кичеец беше на распит за „Рекет“, утре – Катица Јанева

Второосомничениот во предметот „Рекет“ Зоран Милески - Кичеец денеска бил на распит во Обвинителството за гонење на организиран криминал. Тој утрово од затворот Шутка бил однесен во обвинителството. Зоран Милески - Кичеец се сомничи за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. На распит денеска била повикана и пензионерката Лилјана Тодоровска, која е потписничка на проектот за европски центар за...

Рустеми: Не почувствував закана или влијание од Јанева што да кажам на распитот

Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми, кој денеска сведочеше пред обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска за истрагата за „Рекет“ не даде детали за исказот, туку потенцираше дека немало обид да се влијае врз него. - Можам да кажам само дека јас лично не почувствував закана или влијание од некого за што да кажам или што да не кажам...

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...