fbpx
Таг: Катимерини

таг: Катимерини

Ципрас поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА

По изборниот пораз што го доживеа на парламентарните избори што се одржаа изминатиов викенд, Алексис Ципрас си поднесе оставка од претседателската функција во СИРИЗА, пренесува грчкиот весник Катимерини.  „Се одлучив да се повлечам. Имам верба во човечкиот капитал на нашата партија и во неисцрпливите сили на општеството и Левицата“, рече Ципрас во своето денешно обраќање. Ципрас ја раководеше СИРИЗА во изминативе...

Радев: Во ЕУ не треба да се гради идентитет врз историски фалсификати

Властите во Северна Македонија треба да бидат поттикнати да преземат активни чекори за вистинска демократизација и да докажат дека анти-бугарската идеологија што вирее таму, припаѓа на минатото и нема да ја загрози иднината, порача бугарскиот претседател Румен Радев, кој е во официјална посета на Атина, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. „Во Европската Унија не треба да се гради сопствениот...

„Катимерини“: Грција го замрзнува усвојувањето на три меморандуми по „твит“ на премиерот Заев

Завчерашниот „твит“ на премиерот Зоран Заев од фудбалскиот натпревар меѓу С. Македонија и Холандија повторно ја налути грчката влада. Грчките власти имаат забелешка на користењето на терминот македонски, односно македонската фудбалска репрезентација, што договорот го дозволува. Грчкиот весник „Катимерини“ пишува дека парламентот во Атина ќе ја одложи ратификацијата на три меморандуми што беше планирано да се усвојат во јули,...

Заев ги фрли коцките: Застојот во евроинтеграциите го загрозува Преспанскиот договор

Во интервју за сервисот на „Еуроњус“ на грчки јазик дадено вчера, македонскиот премиер Зоран Заев вели дека одлуката да не се додели датум за почетокот на преговорите на Северна Македонија, го става во ризик Преспанскиот договор. Поточно, тоа значи дека деловите за внатрешната употреба на новото име ќе бидат блокирани и не ќе може да се спроведат. Заев објаснува дека...

Пајат: САД нема зошто да се меша во спроведувањето Преспанскиот договор

Во однос на сите работи околу Преспанскиот договор, ќе оставам грчката влада да зборува за тоа. САД се фокусирани на зачленувањето на Северна Македонија во НАТО и на тоа ќе се насочиме и есенва, вели амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, во интервју за грчкиот весник „Катимерини“. - Посебно во поглед на Преспанскиот договор, ќе оставам да зборува грчката...

Владата не ги коментира стенограмите од лидерските средби објавени во „Катимерини“

Владата засега не дава дополнителни информации во врска со стенограмите од лидерските средби во Македонија, што вчера ги објави грчкиот весник „Катимерини“. – И ние ги видовме објавени во медиумите и претходниот ден во дел од германските медиуми, но во моментот не би можел да ви дадам никаква дополнителна информација во врска со објавените документи, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски...

Атина: Изјавата на Димитров фрла сенка врз преговорите и посетата на Коѕиас

Изјавата на министерот за надворешни работи Никола Димитров кој наводно, при контактитe со европски колеги рекол дека некои грчки ставови за името се „блиску до апсурдни“ го намалија оптимизмот во Атина за брз исход од преговорите. Оваа изјава грчките медиуми ја припишуваат на „добро информирани дипломатски извори“ и сметаат дека ќе фрли сенка, или како што вели „Катимерини“, „облаци на хоризонтот“ врз...

„Катимерини“: Нимиц сака преговорите да ги подигне на министерско и премиерско ниво

Медијаторот за спорот за името Метју Нимиц е охрабрен од последниот развој на настаните и е убеден дека ќе се постигне решение, пишува грчкиот весник „Катимерини“, додавајќи дека како неформална временска рамка за решавањето на проблемот е самитот на ЕУ во јуни и самитот на НАТО во јули следната година. Весникот коментира дека Нимиц во оваа фаза од преговорите нема...

„Катимерини“: Следната година може да биде клучна за решавање на спорот за името

Следната година може да биде клучна за решение на долготрајниот спор меѓу Грција и Македонија за официјалното име на државата, пишува грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори. Официјални претставници во Европа и во Вашингтон сметаат дека може да се открие можност за решавање на спорот за името во периодот меѓу локалните избори во октомври оваа година и претседателските...

„Катимерини“: Неопходна е стабилна влада во Македонија за преговори во спорот за името

Изборните резултати во Македонија, во Грција го отвораат прашањето кој и каков ќе биде новиот соговорник околу преговорите за името. Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на извори од Обединетите нации, пренесува дека посредникот Метју Нимиц е подготвен да ги реактивира преговорите кои се на стенд бај поради внатрешно-политичките проблеми во Македонија и во Грција изминативе две години. „Нимиц сака да што побргу...

Се зголемува бројот на бегалци кои се обидуваат нелегално да преминат во Македонија

Затворањето на најголемиот бегалски камп кај Идомени, според грчкиот весник „Катимерини“, не стави крај на бегалските обиди за нелегално преминување кон Македонија. Грчкиот весник пренесува дека три месеци по затворањето на кампот, ситуацијата околу македонско-грчката граница повторно почнува да зоврива, со нови протести на бегалците и обиди за тајно преминување на македонска страна, со желба да се стигне до...

„Катимерини“: Нема покана за членство во НАТО за Македонија во Варшава

Се смирува грчката вознемиреност дека Македонија може да добие покана за членство во НАТО на јулскиот самит на Алијансата во Варшава. Весникот „Катимерини“ пренесува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас добил уверување од меѓународните партнери дека во јули на новиот самит нема воопшто да се разговара на темата за членството на Македонија во НАТО. Причината за тоа Македонија и оваа година да помине...

Попоски за „Катимерини“: Македонија и Грција треба да си дадат шанса

Ниту затворањето на границите, ниту навивањето Грција да излезе од шенген-зоната, но ни користењето на ситуацијата со бегалците за Македонија да поентира за влез во Европската унија (ЕУ) и во НАТО не ѝ оди во прилог на нашата земја. Ова го посочува министерот за надворешни работи, Никола Попоски, во колумна во весникот „Катимерини“ околу бегалската криза и проблематичната ситуација со македонско-грчката...

Атина: Мигрантската криза полека работи во прилог на Македонија

„Постои опасност ние да останеме заглавени, а вистинската европска граница да стане БЈРМ. Во опасност сме да се најдеме со илјадници луѓе, бегалци и мигранти без документи, кои не можеме да ги контролираме и ние како држава немаме јасни приоритети и цели“, рече поранешниот шеф на грчката дипломатија и екслидер на ПАСОК, Евангелос Венизелос, во интервју за телевизијата „Скај“. Загриженост...

„Катимерини“: Привремената влада во Македонија нова можност за спорот за името

Привремената македонска влада, која треба да биде избрана на 15 јануари следната година, во Грција и понатаму се истакнува како можност за придвижување на работите во спорот за името. Весникот „Катимерини“ во анализа на состојбата во која се наоѓа отворениот спор забележува дека периодов се отвора прозорец на можности за решавање на прашањето. Според весникот, иако прашањето не е на врвот...

„Катимерини“: Македонија почна да крева ограда на границата со Грција

Македонија крева ограда на границата со Грција за да се справи со напливот на бегалци и на мигранти кои се насочени кон Централна Европа, јавува грчкиот весник „Катимерини“. Советот за безбедност на Македонија викендов оцени дека можно е да се подигне ограда на границата со Грција, доколку не се намали напливот на мигрантите и нареди веднаш да се почнат подготовки на...

Попоски за „Катимерини“: Опасни се флертовите со идеите за големи нации

Секаков флерт со теориите за големи држави или нации и идејата за менување на границите е неодговорен и опасен, вели македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски, во интервју за весникот „Катимерини“. Грчкиот весник објави долга репортажа од Куманово во врска со вооружените инциденти, разговор со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, за денот на престрелките и интервју со министерот...

„Катимерини“: Реакциите на Германија и на САД го најавуваат политичкиот крај на Груевски

Дипломатските реакции на амбасадорите на Германија и на САД во Скопје и барањето оставки од македонската влада не ја оставија рамнодушна Атина. Грчкиот весник „Катимерини“ пренесува дека дипломатски извори во Атина забележале дека овие чекори од дипломатските претставништва на клучни меѓународни играчи ќе го доведат до безизлезна ситуација, како што посочиле, „автократскиот“ премиер Никола Груевски, и со тоа ќе создадат...

МНР: Атина побара 30 дена да предложи мерки за доверба

Македонското МНР за новинската агенција „Мета“ соопшти дека засега нема разговори за мерките за градење доверба бидејќи на Атина ѝ бил потребен еден месец за да излезе со предлог-мерки.  Грција ја обвини Македонија за ширење иредентизам преку училишните учебници, географските карти, како и со изјавите на високи државни функционери. Владата во Атина е загрижена дека Македонија има територијални претензии, поради што бара разговори за мерките за...

ЕЛИАМЕП: Предлогот на Нимиц за „Горна …“ е добар, логичен и ја задоволува Грција

Генералниот директор на грчката тинк-тенк организација за надворешна политика ЕЛИАМЕП, Танос Докос, го оценува наводниот предлог-пакет за името - „Горна Македонија“, како добра основа на грчката страна за напредок и за развивање на преговорите кон компромисно решение. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, пак, испрати демант на текстовите објавени во македонските медиуми за овој предлог, порачувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...