fbpx
Таг: Катар

таг: Катар

Арапските земји воведоа санкции за организации и лица поврзани со Катар

Група арапски земји стави 12 организации и 59 поединци на листа на санкции поради наводната поддршка на тероризмот и поврзаноста со Катар. Одлуката за санкциите, која е соопштена утринава во Ријад, дополнително го изолира Катар, кој е обвинет за тероризам и врски со Иран, регионалниот ривал на Саудиска Арабија. Спорот со Катар го водат Бахреин, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски...

МНР: Граѓаните добро да се информираат пред да патуваат во Катар

Министерството за надворешни работи ги советува македонските граѓани, кои патуваат во Катар, добро да се информираат за можните промени и за начинот на нивното патување, поради дипломатската криза што настана помеѓу неколку арапски земји од регионот на Персискиот Залив и Катар. „Иако забраните и рестрикциите во патувањата не се однесуваат на граѓани на други земји кои патуваат во Катар, Министерството...

Јордан ги ограничува дипломатските односи со Катар

Портпаролот на јорданската влада, Мухамед Мумани, соопшти дека земјата ќе го ограничи своите дипломатски односи со Катар и ќе ги затвори локалните канцеларии на „Ал Џазира“ во оваа земја. Мумани соопшти дека одлуката е донесена за да се осигури регионална безбедност, за да се координира политиката на арапските земји и да се стави крај на кризата во регионот. Одлуката следи откако Саудиска...

Трамп се заложи за единство на земјите од Персискиот Залив

Американскиот претседател Доналд Трамп се заложи за единство на земјите членки на Советот за соработка во Персискиот Залив, во телефонскиот разговор со саудискиот крал Салман, соопшти Белата куќа. Во синоќешното соопштение се наведува дека Трамп му рекол на Салман дека единството на Персискиот Залив е „клучно за успешна борба против тероризмот и за промовирање на регионалната стабилност“. Оваа е промена на...

Катар ги повика арапските земји на дијалог

Шефот на катарската дипломатија, Мухамед бин Абдул Рахман, денеска ги повика на дијалог арапските земји кои ги прекинаа дипломатските односи со неговата земја, уверувајќи дека врските на Катар со Соединетите Американски Држави ќе останат цврсти, јавуваат светските агенции. Помалку од 24 часа од одлуката на Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати, Јемен, Египет и на Либија да ги прекинат дипломатските...

Египет: Смртна казна за шпионажа во корист на Катар

Египетскиот суд денеска осуди на смрт шест поранешни функционери на забранетата група Муслимански браќа во Египет, кои беа обвинети за шпионажа во корист на Катар. Пред да станат правосилни, пресудите мора да добијат одобрение од високиот муфтија на Египет. Во меѓувреме, судот го одложи за 18 јуни објавувањето на пресудите против главниот обвинет во случајот - поранешниот претседател Мохамед Морси, и против...

Ѓоковиќ триумфираше на турнирот во Доха

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, ја освои титулата на АТП-турнирот во Доха, Катар, откако во денешното финале го совлада вториот носител, шпанецот Рафаел Надал, со убедливи 2 - 0 во сетови. Српскиот тенисер двата сета ги доби убедливо, првиот со 6 - 1, а вториот со 6 - 2 во гемови. Со триумфот во Доха, Ѓоковиќ се наметнува како еден од...

Лавров: Да се истражат наводите за користење хемиско оружје во Сирија

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека е потребна темелна и непристрасна истрага за употреба на хемиско оружје во Сирија. Лавров на состанокот со катарскиот министер за надворешни работи во Москва, рече дека извештаите за употреба на хемиско оружје се појавиле откако екстремистите дошле до хемиско оружје. - Тоа се случи откако борците на Исламска држава зазедоа такви фабрики...

Киднапирани 26 катарски ловџии во Ирак

Непознати напаѓачи денеска киднапирале најмалку 26 катарски државјани на нивната база за лов во ирачка пустина, поставена во близина на границата со Саудиска Арабија, соопшти полицијата. Двајца полицајци од Самава го потврдија киднапирањето и соопштија дека безбедносните сили покренале голема потрага. - Вооружената група се возела со десетина камиони и киднапирала најмалку 26 катарски ловџии од нивната база во пустината во...

Турција ќе се снабдува со гас од Катар

Турција и Катар склучија договор за долгорочна испорака на природен гас. Договорот доаѓа по шпекулациите дека Русија би можела да ја прекине испораката на гас за Турција, како дел од воведените трговски санкции. Прелиминарниот договор за испорака на гас од Катар во Турција, го склучиле државната турска корпорација за промет со нафта и со гас, „Боташ“, и Катарската национална нафтена...

Иванов се сретна со бизнис-делегација на Катар

Претседателот Ѓорге Иванов денеска прими бизнис-делегација на Катар, која на покана на шефот на македонската држава престојува во неколкудневна посета на Република Македонија. Целта на посетата е унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Катар, преку реализација на конкретни инвестициони проекти во различни области, соопшти кабинетот на претседателот Иванов. На средбата со катарските бизнисмени, Иванов истакнал дека Република Македонија има одлични...

Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра зиме

Сè погласно се зборува дека терминот на одржување на Светското првенство во фудбал во Катар во 2022 година ќе биде зиме. Официјалната одлука ќе ја донесе извршниот одбор на ФИФА на состанокот во Цирих, кој ќе се одржи наредниот месец. Предлогот СП во 2022 да се игра зиме се појави веднаш откако на Катар му беше доделена улогата на домаќин, а...

Авганистанските талибанци на мировни преговори со претставници на САД

Извори на авганистанските талибанци денеска изјавија дека нивните преговарачи ќе одржат прв круг мировни преговори со американските претставници во Катар во текот на денов. - Првиот круг ќе се одржи денеска во Катар, за потоа да има уште еден круг в петок. Ќе видиме што ќе се договори бидејќи претходните разговори не донесоа никакви резултати - изјавил талибанскиот претставник во телефонска изјава од...

Хрватска ја победи Германија и се пласираше на Летните олимписки игри

Хрватската ракометна репрезентација ја совлада Германија на Светското првенство во Катар, во разигрувањето од 5 до 8 место со резултат 28:23. Најефикасни стрелци беа Мануел Штрлек со осум и Иван Чупиќ со пет голови, додека за Германците, Уве Генсхајмер погоди седум. Со тоа ракометарите на Хрватска обезбедија пласман на наредните Летни олимписки игри во Рио де Жанеиро во 2016 година.

Полска и Германија се новите четвртфиналисти на СП во Катар

Осминафиналните натпревари денеска завршија со победа на Германија и на Полска, кои ќе бидат новите четвртфиналисти на Светското ракометно првенство во Катар. Германија ја победи репрезентацијата на Египет со 23:16, а Полска славеше над Шведска со 24:20. Во тимот на Германија најефикасни беа Уве Генсхајмер, кој постигна шест гола, и Патрик Грецки, кој реализира пет погодоци. Во четвртфиналето Германија ќе игра портив домаќинот...

За влез во полуфиналето, секој ракометар на Катар ќе добие автомобил, стан и еден милион долари

Откако селекцијата на Катар ја совлада Австрија со 29:27 на Светското првенство во ракомет, властите на оваа земја им ветија на ракометарите дека ако се пласираат во полуфиналето, секој од нив ќе добие автомобил „масерати“, стан во најелитниот кварт Перл и еден милион долари. Селекцијата на Катар, во четвртфиналето ќе игра со подобриот од денешниот дуел меѓу Германија и Египет.

Македонија елиминирана од Словенија на СП во Катар

Македонските ракометари загубија од репрезентацијата на Словенија со резултат 30:28 и не успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. -  Не постои ниеден сомнеж дека сакавме и дадовме сè од себе. Ова беше натпревар да се биде или не и нема шанси за поравен испит. Не треба да се срамиме, главите горе. Нè победи една квалитетна репрезентација....

Тупурковски се сртна со првиот човек на Катарскиот олимписки комитет

Во просториите на Катарскиот олимписки комитет во Доха, за време на СП во ракомет, претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Васил Тупурковски, се сретна со првиот човек на Катарскиот олимписки комитет, шеикот Ал-Тани. На точно пет години од потпишувањето на договорот за спортска соработка помеѓу Македонскиот и Катарскиот олимписки комитет, меѓу двајцата искрени и блиски пријатели беше договорена уште подиректна соработка...

Македонија поразена од Хрватска во Катар

Во тензичен и мачен натпревар, репрезентацијата на Македонија загуби од Хрватска на Светското првенство во Катар, со резултат 26:29. Во првото полувреме (14:15), македонските ракометари беа на нивото на задачата, но играта полека паѓаше со почетокот на второто полувреме. Македонија има обезбедено влез во осминафиналето, а од групното натпреварување преостанува в петок, во 17 часот, да се сретне со репрезентацијата на Австрија.    

Македонија во борба за првото место во групата, денеска игра против Хрватска

Попладнево, во 17 часот по македонско време, на Мундијалот во Катар ракометната репрезентацијата на Македонија игра со Хрватска во борба за првото место во групата. Поради труење од сладолед, пак, вчера во болница заврши Немања Прибак, а според доктор Никола Панчевски, по добиената инфузија неговата состојбата е стабилизирана. Денеска ќе се знае дали тој ќе настапи на денешниот натпревар. Против Хрватска,...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...