fbpx
Таг: Каталонија

таг: Каталонија

Пуџдемон денеска пред суд, нови протести во Каталонија

Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон денеска треба да се појави пред суд во Германија по неговото апсењето викендов, јавуваат светските медиуми. На денешното рочиште само ќе се утврди неговиот идентитет, а потоа ќе биде отворена процедура за испорачување, која може да потрае и до два месеци. Пуџдемон во неделата беше уапсен откако се обиде од Данска да влезе во Германија. Шпанските...

Пучдемон ќе мора да се врати во Каталонија за да биде шеф на регионалната влада

Уставниот суд на Шпанија едногласно одлучил дека поранешниот каталонски лидер, Карлес Пучдемон мора да се врати во земјата и да биде присутен во регионалниот парламент за да може повторно да биде кандидат за шеф на владата на Каталонија, јавуваат светските медиуми. Уставниот суд навел дека седницата на каталонскиот парламент, која е закажан за во вторник, ќе биде откажана доколку...

Шпанската влада бара судот да го спречи изборот на Пуџдемон за лидер на Каталонија

Владата на Шпанија побара од Уставниот суд да го блокира изборот на Карлес Пуџдемон за лидер на Каталонија. „Владата мора да ги употреби сите сили предвидени со закон и Устав, за да се осигура дека бегалец не може да биде избран за претседател на регионалната влада“, велат од таму. Пуџдемон ја напушти земјата минатата есен и замина во Белгија, откако Каталонија...

Пучдемон: Можам да управувам со Каталонија од Брисел со помош на новите технологии

Сменетиот претседател на Каталонија по референдумот за независност, Карлес Пучдемон изјави дека има право повторно да биде избран за лидер на овој регион и дека може да управува од странство со помош на новите технологии. Пучдемон, по неговата смена од страна на шпанската влада и поведената судска постапка, замина во Брисел. - Јас сум член на парламентот кој совршено...

Кризата во Каталонија ја чини шпанската економија една милијарда евра

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос изјави дека кризата во Каталонија, по повод иницијативата за независност на тој регион, ја чинело државата една милијарда евра и дека локалната економија се уште ги чувствува последиците. Де Гуиндос изјави дека, успорувањето на економскиот пораст во Каталонија влијае на вкупната шпанска економија, која е четврта по големина во еврозоната. „Каталонија имаше пораст повисок...

Шпанија повлекува полицајци од Каталонија

Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека од Каталонија повлекува неколку илјади полицајци, испратени во регионот како засилување пред референдумот. Министерот Хуан Игнацио Соидо рече дека околу 5.000 дополнителни полицајци повеќе не се потребни во регионот затоа што ситуацијата се вратила во нормала. Шпанија беше мета на критики поради полициската употреба на сила при спречување на референдумот, при што беа повредени...

Каталонските сепаратисти ја губат поддршката, тврди Рахој

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека каталонските сепаратисти ја губат поддршката „но не толку колку што би сакале“. Ова го изјави во првиот јавен настап откако сепаратистичката партија однесе тесна победа на вчерашните вонредни избори кои Мадрид ги распиша за да ги деморализира сепаратистите во Каталонија. - Прва задача на сите партии е да работат заедно за да го доведат в...

Ослободени шест од осум каталонски политичари

Шпанскиот Врховен суд одлучи да пушти на слобода шест од осум членови на поранешната каталонска влада, кои се сменети и уапсени по прогласувањето независност. Судот, меѓутоа, го одби барањето за ослободување со кауција на поранешниот каталонски потпретседател Ориола Жункерас и регионалниот министер за внатрешни работи Жоаким Форна. За шестeмина поранешни членови на каталонската влада кои беа притворени во рамките на истрагата за...

Имало надворешно мешање во Каталонија, тврди шефот на шпанската дипломатија

Шефот на шпанската дипломатија, Алфонсо Дастис изјави дека ќе ги запознае колегите од ЕУ со наводното „кибернетичко мешање“ од Русија и други делови од светот. Дастис рече дека податоците покажуваат дека имало „интернет сообраќај“ на медиумските мрежи во Русија и други земји после забранетиот референдум за независноста на Каталонија. Говорејќи за неодамнешниот состанок во Лондон на основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж...

Пучдемон се жали дека го третираат како педофил и сериски убиец

Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пучдемон наведе дека откако е пуштен на условна слобода во Белгија, јавноста го третира како педофил. Пучдемо во моментов се наоѓа во Брисел, каде замина откако Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталонската влада. Тој и четворица министри, откако Шпанија распиша европска потерница им се предадоа на белгиските власти, а беа пуштени на условна слобода...

Европа да ги отфрли сепаратизмот и национализмот, порача Јункер од Шпанија

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска ја повика Европа да се спротивстави на сепаратизмот во време кога иницијативата за незaвисноста на Каталанија длабоко ја подели Шпанија, јавуваат светските агенции. - Национализмот е отров кој ја спречува Европа да функционира обединето - рекол Јункер во својот говор на универзитетот во шпанскиот град Саламанка, каде денеска му била врачена...

Шпанија разгледува можност да им дозволи на регионите да организираат референдуми

Шпанија би можела да направи промени во уставот на земјата што ќе им овозможат на регионите да организираат референдуми за независност во иднина, вели шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис за „Би-би-си“. Тој додава дека за ова прашање би требало да се одржи референдум на национално ниво. - Формиравме комитет во парламентот што ќе ја разгледа можноста да...

Повеќе од 200 градоначалници од Каталонија протестираа во Брисел

Околу 200 каталонски градоначалници денеска се собраа во Брисел за да му изразат поддршка на сменетиот претседател на овој шпански регион, Карлес Пучдемон, додека Мадрид бара негова екстрадиција. Собирот на градоначалниците се одржа во таканаречениот европски кварт на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, а во близина се собраа и стотина приврзаници за единствена Шпанија, кои носеа транспаренти на...

Пучдемон и министрите се предале на белгиската полиција

Според медиумите во Белгија, сменетиот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, ѝ се предал на полицијата. Освен Пучдемон, уапсени се и четворицата министри со кои тој пребега во Белгија, откако шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет. Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и на министрите во Шпанија. По поранешниот каталонски лидер, властите во Мадрид...

Бошњаците од Санџак бараат автономија од Србија

Претседателот на Бошњачкиот национален совет во Србија, Сулејман Угљанин, вчера побара од српските власти и од Европската Унија да се распишат „избори за формирање на територијална автономија на српската областа Санџак“, каде мнозинството од жителите се Бошњаци. Угљанин, кој е и лидер на Партијата за демократска акција на Санџак (СДА), го темели барањето на резултатите од референдумот за автономија на...

Во Каталонија затворени 15.000 работни места

Во Каталонија во октомври, во екот на политичката криза околу прогласувањето на независноста на овој регион, затворени се 15.000 работни места, соопшти шпанското Министерството за вработување и социјална безбедност. Политичката несигурност во Каталонија принудила 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови на Шпанија, од страв дека во случај на независност би можеле да останат надвор од заедничкиот европски пазар. Каталонија...

Шпанското обвинителство бара од судот да издаде европски налог за апсење на Пучдемон

Шпанското обвинителство денеска побарало од судот да издаде европски налог за апсење на разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и на уште четворица членови на неговата влада, откако не се појавија на сослушувањето во Мадрид, јавуваат светските медиуми. Судот сè уште не донел одлука по барањето на обвинителството. Пучдемон и 14 членови на каталонската влада беа разрешение на 27 октомври, откако еднострано...

Шпанското обвинителство бара притвор за осум каталонски министри

Шпанското обвинителство побарало притвор за осум членови на соборената сепаратистичка каталонска влада, додека трае истрагата, соопштија од Врховниот суд на Шпанија, во кој министрите беа сослушани. Како што се наведува, побарано е министерот Санта Виљ, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување на независноста минатиот петок, да биде ослободен со кауција од 50.000 евра. Соборениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и четворица министри одбија...

Мадрид го блокираше прогласувањето независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија на пленарна седница го блокираше прогласувањето на декларацијата за независност на Каталонија, јавува шпанскиот весник „Ел Мундо“. Уставниот суд ги предупреди членовите на канцеларијата на постојаниот претставник на парламентот во Каталонија, меѓу кои и претседателката на парламентот на Каталонија, Кармен Форкадељ, да прекинат со иницијативи што вклучуваат спроведување на декларацијата, наведува весникот. Освен до Форкадељ, предупредувањето е упатено...

Шпанскиот Врховен суд почна процес против каталонските законодавци

Шпанскиот Врховен суд почна да го процесуира обвинението за бунт поднесено против претседателката на каталонскиот парламент, Кармен Форкадела, како и други високи законодавци од тој регион, соопшти денеска портпаролот на судот. Шпанскиот државен обвинител, Хозе Мануел Маса, како што беше најавено во понеделникот, го обвини поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, за побуна, измама и за злоупотреба на јавните фондови. Сменетиот...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...