fbpx
Таг: Капиштец

таг: Капиштец

Уставниот суд ја укина одлуката со која Општина Центар донесе ДУП во 2014 година

Уставните судии на денешната седница ја укинаа одлуката со која на 18 јули 2014 година, Советот на Општина Центар го донесе Деталниот урбанистички план Градска четврт Ј07, со локалитети Капиштец, Завод за медицинска рехабилитација, Старо Водно, Долно Водно, Мало Курило, Цвеќара. Судиите оцениле дека одлуката за ДУП е спротивна на Законот за локална самоуправа, поточно, спротивна на членот 62...

Казна од 6.000 евра поради гласна музика и бучава за кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец

Општина Центар соопшти дека по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, кои се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот, општинската Инспекција за животна средина на кафе барот, поради гласна музика му изрекле мандатна глоба во висина од 6.000 евра во денарска противредност. „Проблемот со гласната музика и бучавата...

Молк за истрагата со тепачките меѓу деца во Капиштец, работилници и средби со родителите

Нема одговор од надлежните во Министерството за внатрешни работи (МВР) на прашањето на „Мета“, до каде е истрагата во врска со „гладијаторските“ борби што се воделе меѓу ученици во населбата Капиштец, а за кои објави неодамна Институтот за комуникациски студии во соработка со Македонската телевизија. Сѐ уште е непознато кој ги организирал борбите меѓу малолетниците, како и тоа дали...

„Нетпрес“ демантира – не се самоубил нивниот сопственик

Новинската интернет-агенција „Нетпрес“ вечерва излезе со демант, во кој се наведува дека се невистинити информациите дека се убил нивниот сопственик. „Во врска со информацијата која попладнево беше објавена на одредени интернет-портали дека сопственикот на „Нетпрес“ се самоубил, информираме дека станува збор за неточна информација. Лицето за кое се објавува информацијата воопшто не е сопственик на „Нетпрес“. Сопственик на „Нетпрес“ не...

Пукање во Капиштец, нема повредени

Попладнево, околу 13.20 часот, жители на улицата Народен фронт во населбата Капиштец пријавиле пукање од огнено оружје, потврдија за „Мета“ од СВР Скопје. Полициските екипи што излегле на терен, констатирале дека во пукањето било оштетено комби. Оттаму информираат дека во случајот нема повредени лица, а во тек е истрагата која треба да утврди кој, од каде и зошто пукал. Дел од медиумите...

Заев: Има докази дека „врхушката на власт“ ги организирала кумановските настани

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва пред жителите на скопската населба Капиштец, меѓу другото, рече дека има сериозни докази дека кумановските настани од 9 и од 10 мај минатата година ги организирала „врхушката на власт“. „Кумановските настани имаат оставено сериозни докази дека врхушката на власт ги организирала. И, на крајот, ја гледате ли бесрамноста? Еден ден по кумановските настани, каде што...

Кредитот предвиден за катна гаража, Општина Центар ќе го пренамени за изградба на новото училиште

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, достави предлог до Советот на општината за основање ново општинско основно училиште. - За изградба на училиштето, Општината ќе земе заем во износ од 297.750.000 денари. Ова задолжување нема да биде ново оптоварување на буџетот, туку практично пренамена на средства од веќе планирани задолжувања. Имено, Општината го раскина договорот, потпишан од претходниот градоначалник Тодоровиќ, за...

Едно лице загина во сообраќајна несреќа во Капиштец

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на улицата Васил Ѓоргов во населбата Капиштец. Автомобилот, поради неприлагодена брзина, удрил во жената која починало на самото место и притоа завршил во еден од излозите во зградата пред трговскиот центар „Зебра“. МВР и јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата.

Во Капиштец се гради модерна градинка

Старата, дотраена и нефункционална градинка „Кочо Рацин“ замина во историјата, а првпат по цели 40 години, во општина Центар се гради нова. Во неа се вградени најсовремени материјали, а објектот ќе има енергетски ефикасна фасада, со тројна термичка заштита. - Првпат во Македонија во образовна институција се поставува ваков кровен противпожарен панел кој издржува до 180 минути. Подовите се антиалергени,...

Тепачка помеѓу две групи во скопски Капиштец

Вчеравечер, околу два часот по полноќ, на улицата Народен фронт  во скопската населба Капиштец, настанала тепачка помеѓу две поголеми групи лица, информираат од МВР. При тепачката, оштетен е еден автомобил марка „бе-ем-ве“. Лицата се приведени во полициската станица Центар, а против девет лица, учесници во тепачката, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ЕУ воведе санкции кон Русија поради смртта на Навални

Вчера Европската Унија одговори на смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нови санкции, јавува ДПА повикувајќи се на дипломатски извори. Санкциите претходно ги најави шефицата на германската дипломатија Аналена...