fbpx
Таг: канцелар

таг: канцелар

Олаф Шолц е новиот канцелар на Германија

Олаф Шолц од Социјалдемократската партија е новиот, деветти канцелар на Германија. Тој ја наследи досегашната канцеларка Ангела Меркел со голема поддршка од членовите на Бундестагот. Шолц доби 395 од 707 дадени гласови, што е многу над потребното мнозинство од 369 гласа во Бундестагот со 736 места. Коалицијата на Социјалдемократската партија (СПД), Зелените и Слободните демократи (ФДП), има 416 места во...

Новиот канцелар на Австрија, Александар Шаленберг, положи заклетва

По оставката на Себастијан Курц, министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, положи заклетва со што стана новиот канцелар на Австрија, пренесе Ројтерс. Курц претходно изјави дека „неговата оставка е привремена и дека планира да се врати на функцијата кога обвинувањата на обвинителството ќе се покажат како неосновани.“ Тој и уште деветмина, вклучително и високи соработници, беа под истрага минатата недела под...

Меркел се повлекува од партиското претседателство

Германската канцеларка, Ангела Меркел им пренела на првите луѓе во нејзината Христијанско-демократска унија (ЦДУ) дека нема повторно да се кандидира за претседател на партијата на изборната конференција што ќе се одржи в декември, јавија светските агенции, повикувајќи се на некои германски емдиуми. „Блумберг“ јави дека веднаш по објавувањето на веста во Берлин, бил забележан пад на еврото на берзата. „Билд“ пишува...

Курц дојде во Скопје со поддршка за Договорот

Македонија е на историска пресвртница на патот кон ЕУ. Во пресрет на референдумот, закажан за 30 септември, решението за прашањето за името ја има нашата целосна поддршка, порача во видео порака австрискиот канцелар Себастијан Курц,  кој претпладнево пристигна во посета на Скопје. Курц заедно со австриската делегација претпладнево беше свечено пречекан на платото пред Владата на Република Македонија, а подоцна...

Заев и Груевски изразија сочувство за смртта на Хелмут Кол

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, испрати телеграма со сочувство за смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол до канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел, и до граѓаните на Германија. „Граѓаните на Сојузна Република Германија загубија голем човек и политичар, кој го препозна обединувањето како вредност и пат што води напред и успеа да ја обедини Германија...

Почина поранешниот германски канцелар Хелмут Кол, еден од „уривачите“ на Берлинскиот ѕид

На 87-годишна возраст, во својот дом во Лудвигсхафен, почина поранешниот долгогодишен германски канцелар Хелмут Кол, еден од учесниците во паѓањето на Берлинскиот ѕид, јавија светските медиуми. Кол беше канцелар на Германија од 1982 до 1998 година. Тој ја поведе иницијативата за соединувањето на Западна и на Источна Германија и беше „движечка сила“ за воведувањето на единствена европска валута, убедувајќи ги...

Мартин Шулц е избран за нов претседател на германските социјалдемократи

Германската социјалдемократска партија (СПД) денеска одржа конвенција на која за нов претседател на партијата едногласно е избран поранешниот претседател на Европскиот парламент и актуелен кандидат за германски канцелар, Мартин Шулц, пренесува ХРТ. Новиот претседател на СПД е сè поголема закана за Ангела Меркел, која сè до неодамна имаше отворен пат до нов мандат, но последните анкети покажуваат дека таа и...

Меркел реизбрана за лидер на Христијанско-демократската унија

Германската канцеларка Ангела Меркел повторно е избрана за лидер на Христијанско-демократската унија (ЦДУ). На конгресот кој се одржал во Есен, Меркел добила 89,5 проценти од гласовите на делегатите, односно за неа гласале 845 од 949 присутни делегати. Мандатот на Меркел ќе трае две години, а демохристијаните таа ќе ги предводи и на парламентарните избори во 2017 година. Меркел минатиот месец најави дека ќе...

Кристијан Керн е нов канцелар на Австрија

Кристијан Керн, генералниот директор на Австриски железници, е именуван за нов лидер на Социјалдемократската партија (СПО) и за австриски канцелар. Канцеларот Вернер Фајман поднесе оставка на 9 мај на двете функции, две недели откако неговата партија доживеа неуспех во првиот круг на претседателските избори. СПО ја сочинува владејачката коалиција со центристичката Народна партија. Во првиот круг на претседателските избори на 24 април,...

Австрискиот канцелар Вернер Фајман поднесе оставка

Австрискиот канцелар Вернер Фајман соопшти дека поднесува оставка од сите државни и партиски функции. Фајман поднесе оставка две недели по неуспехот на својата Социјалдемократска партија во првиот круг на претседателски избори. Во краткото обраќање пред новинарите, тој изјави дека донел одлука да се повлече од местото лидер на Социјалдемократската партија, како и од позицијата шеф на владата. Одлуката на Фајман била објавена изненадно,...

Австрискиот канцелар до Германија: Преземeте ги мигрантите од Грција

Австрискиот канцелар Вернер Фајман ја повика Германија директно да ги преземе бегалците од Грција и од соседните држави на Сирија, така што ќе издава документи за нивно патување до целната дестинација. Но, како што вели Фајнман, претходно е неопходно германската влада да утврди квоти за бегалците од Грција, Турција или Јордан. Фејман за австриски „Курир“ изјави дека тој документ треба да им...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...