fbpx
Таг: канали

таг: канали

Поплавени куќи, улици под вода и преполнети канали во Кочанско

Интензивниот дожд што и натаму паѓа во Кочани и околината, предизвика излевање на одводните канали и канализацијата, по што се поплавени делови од градот и рамничарските села. Поплавени се куќи, посеви, а зафатени се и амбарите со сточна храна во селата Горни и Долни Подлог. Цели улици се под вода, поради што жителите побараа интервенција од Општина Кочани и јавното...

МРТ од денеска започнува со емитување на четири нови канали, кои ќе се пуштаат етапно

Македонската радио телевизија информира дека дека од денеска почнува со емитување на четири нови телевизиски канали, и тоа МТВ 2 – 24 часовен канал на албански јазик, МТВ 3 – канал за спорт и забава, МТВ 4 – канал за останатите етнички заедници и документарна програма, МТВ 5 – специјализиран канал за детска програма. „Прв канал што ќе почне да емитува...

Се враќа слатководниот рак во Охридското Езеро

Членовите на нуркачкиот клуб „Акватек“ за време на едно од зимските нуркања, открија нови примероци слатководен рак, којшто е редок вид, во водите на Охридското езеро. Од „Акватек“ информираат дека колониите се откриени на 10 метри длабочина. Овие прастари жители на Охридското Езеро пред три децении беа на раб на исчезнување поради чума која беснеела во сите слатки води низ...

Три години не се исчистени каналите за наводнување во Општина Дебрца

Поради нефункционалното наводнување на земјоделските површини, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески оствари работна средба со граѓаните од Мешеишта, Волино, Климештани, Велмеј, Лешани и Издеглавје. Земјоделците ги изнесоа проблемите кои ги имаат со нефункционалното наводнување на земјоделските површини. Пред почетокот на сезоната за наводнување, каналите за наводнување не се исчистени, практика која по укинувањето на функционалните водни заедници, веќе трета...

ВМРО-ДПМНЕ: Георгиевски гласа против чистење канали, па приговара што не се чистат

„Борче Георгиевски без трошка срам излегува на прес-конференција и говори за чистење канали, иако самиот како советник во Општината Гази Баба гласаше против нивното чистење. Каналите во општина Гази Баба се чистат редовно и тоа го знаат и советниците на СДС кои на седниците на Советот на Општината ги гледаат извештаите за исчистените канали“, одговори ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на...

Министерство за земјоделство: Пари за чистење канали добија и фирми блиски до Заев

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги отфрла како клевети, манипулации и дезинформации обвинувањата што на прес-конференција денеска ги изнесе членот на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство, Љупчо Николовски, околу испалата на пари на фирми за чистење на каналите за одводнување и за наводнување, пренесува „Нова ТВ“. Од Министерството велат дека не делеле тендери на фирми...

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДСМ никогаш не биле заинтересирани за чистење одводни канали

Ноторна лага е дека СДСМ е заинтересиран за чистење на одводните канали и за безбедноста на граѓаните и нивниот имот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дамјан Манчевски и на Љупчо Николовски. „СДСМ е со години против одделувањето општински пари за чистење на одводните канали. Советниците на СДСМ со години не гласале за субвенционираното чистење на одводните канали во корист...

Во септември странците ќе завршат со процената за штетата од поплавите

Процената што треба да ја направи тимот на Европска Унија, Обединети нации и на Светска банка за штетите од катастрофалните поплави што се случија на почетокот на месецов, ќе биде завршена на крајот на септември, се вели во заедничката изјава на ЕУ, ООН и на Светска банка. Стратегијата за обнова треба да ги идентификува приоритетите и да даде детална процена на трошоците, обезбедувајќи...

Николовски побара кривична одговорност за неисчистените одводни канали

Неисчистените канали за одводнување на потегот Камник-Синѓелиќ-Стајковци-Брњарци и Арачиново покажаа дека невремето не може да биде оправдување за потфрлањето на институциите, изјави членот на Извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски. Според него, „додека огромни суми на пари, преку програмата за рурален развој, на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица блиски на власта, каналите останаа неисчистени.“ „Злоупотреби со парите на граѓаните,...

Николовски: Ревизорот откри сомнителни 3 милиони евра за чистење канали

Власта на Груевски не само што делела и исплаќала субвенции на сомнителен начин, туку и огромни суми пари преку програмата за рурален развој на сомнителен начин завршувале кај фирми и лица за чистење канали, изјави на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ. - Вкупната исплатена сума на овој начин, што ја наведува ревизорот во најновиот извештај,...

Новите вржени сериозна закана за Пелагониското поле

Новите врнежи од дожд го вклучија црвеното светло во Пелагонија. Почвата е презаситена со влага, па најавите дека врнежите од дожд ќе продолжат во текот на наредните денови ги вознемирија надлежните. - Ја следиме состојбата, но земјата веќе е презаситена со влага и ако продолжат вржените, ќе имаме проблеми - вели Димче Јошевски од Дирекцијата за заштита и спасување во...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...