fbpx
Таг: Канада

таг: Канада

„Дрон-коалицијата за Украина“ расте – се приклучува и Канада

Министерството за одбрана на Канада соопшти дека земјата се приклучува на меѓународната иницијатива за опремување на Украина со јуришни дронови. „Канада се приклучува на Коалицијата за дрон-капацитети при Контакт групата за украинската одбрана, која е предводена од Латвија и од Обединетото кралство (ОК). Како дел од Коалицијата, Канада ќе продолжи да бара начини да ги зголеми дрон-капацитетите на Украина“, се...

Канада ја забрани популарната кинеската апликација „ВиЧет“ на владини уреди

Канада забрани да се користи кинеската апликација „WeChat“ (ВиЧет) на службените телефони на вработените во канадската влада. Изразена е загриженост околу безбедноста на податоците на корисниците на апликацијата, известува Би-би-си. „ВиЧет“ често се опишува како апликација и социјална мрежа која се користи за сѐ - праќање пораки, одржување видеоконференции, како и плаќање. Таа е една од најкористените апликации во светот,...

Не е вистина дека Олена Зеленска потрошила 1,1 милиони долари на Картие накит во Њујорк

Не постои веродостојно сценарио кое ќе ја смести Зеленска некаде во близина на „Картие“ на Петтата авенија во Њујорк, на 22 септември 2023 година, датумот прикажан на фактурата прикачена на објавата. Таа и нејзиниот сопруг веќе го напуштија Њујорк вечерта на 20 септември, по што заминаа во Вашингтон каде што беа на 21 септември, а вечерта целосно ги напуштија...

Ковачевски-Жоли: Силна поддршка од Канада за евроинтеграцискиот процес

Во рамките на првата посета на канадски министер за надворешни работи на земјава, Мелани Жоли се сретнала со премиерот Димитар Ковачевски и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска, соопшти владината служба. На средбата, премиерот Ковачевски се заблагодарил за континуираната цврста поддршка од Канада за реформските процеси, со цел да се обезбеди напредок на нашата држава на планот на евроинтеграциите. Ковачевски...

Вонредна состојба и евакуација во Британска Колумбија, над илјада пожари беснеат низ Канада

Околу 15.000 домаќинства добија наредба да се евакуираат во канадска Британска Колумбија, додека пожарникарите се борат со бесните шумски пожари кои ги зафатија и домовите. Канадските власти информираа дека се запалиле „значителен“ број згради во Западна Келоуна – град со околу 36.000 жители, при што повеќе од 2.400 домови се евакуирани, пренесе Би-би-си. Во целата покраина е прогласена вонредна состојба, при...

Канадската влада ги повлекува рекламите од Инстаграм и од Фејсбук

Канадската федерална влада соопшти дека ќе ги повлече сите свои реклами од социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм. Најавата следува по потегот на компанијата „Мета“, во чија сопственост се платформите, да ги ограничи содржините со вести за Канаѓаните. На овој чекор, пак, „Мета“ се одлучи откако парламентот во Канада усвои закон што ќе ги принуди технолошките фирми да им плаќаат...

Не е точно дека Канада и ЕУ ја планирале војната во Украина

Тоа што Канада обучува украински војници од 2015 година, значи план за војна, како што невистинито се тврди во постот. Војната во Украина ја почна Русија, а операцијата УНИФЕР е тренинг од канадските воени сили и мисија за зајакнување на капацитетите на вооружените сили на Украина, којшто ќе ѝ помогне да го одбрани својот суверенитет. УНИФЕР е основана како...

И Канада го забрани ТикТок на уредите во сопственост на владата

Почнувајќи од денес, Канада ја забранува апликацијата за видеа ТикТок на сите уреди издадени од страна на владата, јави Би-би-си. Со оваа одлука Канада им се придружи на Соединетите Американски Држави и Европската комисија во преземањето чекори поради загриженоста околу располагањето со податоците на корисниците на апликацијата што е во сопственост на кинеската компанија „БајтДенс“. Владиниот портпарол соопшти дека одлуката...

Снежната бура во САД досега одзеде 19 животи

Најмалку 19 лица загинаа во САД како последица на огромната снежна бура што ја зафати оваа земја. Под мраз се околу 200 милиони американски граѓани за време на божиќните празници. Снабдувањето со струја во некои од американските држави е отежнато, па така 1,5 милиони жители останаа без електрична енергија. Невремето ги погоди и јужните делови на САД, но најопасни...

Руските санкции не ја загрижуваат Маргарет Атвуд, лауреатка на Струшките вечери на поезијата

Министерството  за надворешни работи на Руската Федерација на 14 ноември објави список со сто граѓани на Канада за кои воведуваат „лични санкции“ во знак на одмазда за санкциите воведени од страна на Канада за лица поврзани со режимот на Путин. Меѓу „казнетите“ се државни функционери, аналитичари, новинари и членови на организации поврзани со украинската дијаспора, а и низа уметници...

Како престојот во вселената влијае на менталното здравје на астронаутите – натпревар за млади иноватори

Канадската вселенска агенција (КСА) упати повик до младите преку учество во натпреварот „Хакирање на мозокот за вселената“ (Space Brain Hack) да помогнат да се решат прашањата поврзани со менталното здравје на астронаутите бидејќи сметаат дека „нашата младина се научниците, истражувачите и решавачите на проблемите на иднината, и затоа сакаме да помогнат во обликувањето на канадската вселенска програма!“ При тоа, КСА...

Вистиномер: Лизгалката на оваа фотографија е сценографија за комичен филм во Канада

Оваа објава на Фејсбук шири невистини. Детската лизгалка прикажана на фотографијата во склоп на постот е поставка за снимање комичен филм во Канада и воопшто не е за употреба надвор од таа цел. Односно, детскиот реквизит е поставен исклучиво како сценографија за потребите на снимањето на филмот, по што е размонтиран, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме...

Вистиномер: Нема докази за наводен секс скандал на Џастин Трудо со малолетничка

Приказната дека премиерот на Канада, Џастин Трудо наводно имал секс со малолетничка и ја принудил да потпише договор дека тоа нема да го објави, не е поткрепена со никакви докази. Гласините за тоа не се од јули 2022 година – кога е објавен постот што е предмет на нашата рецензија, туку датираат од изборната кампања во октомври 2019 година,...

Апокалиптични сцени од поплавите во Британска Колумбија: 18.000 луѓе се отсечени од светот

Екипите на брзата помош се обидуваат да стигнат до 18.000 луѓе во канадската провинција Британска Колумбија, кои беа отсечени откако поплавите и свлечиштата уништија патишта, куќи и мостови, објави Гардијан. Канадските медиуми веќе објавија дека тоа би можело да биде најскапата природна катастрофа во историјата на Канада. Премиерот на Британска Колумбија, Џон Хорган прогласи вонредна состојба и рече дека бројот на...

Канадска студентка преку ТикТок ги враќа во живот домородните јазици кри и оџибве

Додека како дете растела во Фокс Лејк Кри Нејшн во Северна Манитоба во Канада, Шариса Нолт ги слушала своите дедо и баба како зборуваат на јазикот ининимовин (Ininímowin),  попознат како кри (Cree). Но, затоа што нејзината мајка не го научила јазикот, таа не можела да го пренесе на Нолт. „Додека растев, слушав се помалку и помалку ининимовин, па почнав да...

Канадскиот премиер Трудо освои трет мандат, победувајќи ги конзервативците

Либералната партија на канадскиот премиер Џастин Трудо е победник на предвремените избори што се одржаа во Канада, јавува Гардијан. Либералите освоија 156 места во парламентот од неопходните 170 за формирање на новата влада. Конзервативната партија пак се стекна со 121 место во парламентот. Со ваквите изборни резултати, премиерот Трудо е на чекор пред обезбедување на трет мандат за да ја...

Екстремни температури во Канада, од топлотниот бран од речиси 50 степени целзиусови, починале околу 500 лица

Опасен топлотен бран ги „пече“ северо-западните делови на САД и на Западна Канада, областите кои се повеќе синоними за студ. Температурите во изминатите денови достигнаа над 45 степени целзиусови, со екстремно топли ноќи меѓу нив, објави Светската метеоролошка организација (СМО). Заклучно со синоќа, во Британска Колумбија се пријавени 136 шумски пожари, од кои девет предизвикаа сериозна загриженост, потврдија надлежните противпожарни...

Чешка забрани влез на странци во земјата, во Франција од утре не можат да влезат сите лица надвор од ЕУ

Под налетот на британската, јужноафриканската и бразилската мутација на корона вирусот, расте бројот на земји во светот што воведуваат нови рестрикции за патувања. Чешка од денеска го забрани влезот за странци на нејзина територија кои не доаѓаат во земјата поради неопходни причини. Од 30 јануари, влез во Чешка е дозволен само за оние странци што студираат или работат во...

Во Канада 33 отсто од заболените со Ковид-19 се под 40 години

Според најновите податоци во светот со корона вирус заразени се над 700.000 лица. Младите луѓе можат да бидат изложени на ризик од коронавирусот многу повеќе отколку што првично се очекуваше. Само неколку дена откако докторката Тереза ​​Тем предупреди дека никој не е имун на Ковид-19 во Канада, владата потврди дека околу 33% од потврдените случаи на Канада се лица...

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО

Канада го ратификуваше Протоколот за членство на државата во НАТО. - Канада со задоволство го ратификуваше пристапувањето на Северна Македонија во НАТО. Додека славиме 70 години НАТО, со нетрпение очекуваме да ве поздравиме како 30. членка на Алијансата во блиска иднина - објави канадското МНР. Канада е 18. земја-членка на НАТО која го ратификуваше протоколот.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...