fbpx
Таг: камиони

таг: камиони

Германија од декември ја зголемува патарината за камиони

Германија планира да ја прошири наплатата на патарина за товарните возила и од ова очекува дополнителни 30 милијарди евра за одржување и развој на патната, но и на железничката мрежа, јавува германската новинска агенција ДПА. Германскиот парламент во петокот го усвои измените на Законот за патарина, со кои од декември се воведува дополнителна такса за јаглерод диоксид, а од јули...

Во Косово за сега отстранета е само барикадата на граничниот премин „Мердаре“

Барикадите поставени од косовските Срби во северниот дел на Косово сѐ уште не се отстранети и покрај постигнатиот политички договор меѓу Србија и Косово, а отстранета беше само барикадата на граничниот премин „Мердаре“ на истокот на Косово, јави српската телевизија „Нова“. Според нејзиниот дописник, патот кој води од српското гратче Куршумлија до „Мердаре“ пред две ноќи беше затворен од група...

Возиме крш – просечната старост на автомобилите и автобусите се искачи на 19,5 години [инфографик]

По македонските патишта се вози крш од возила, чија што просечна возраст се зголемува од година во година. Нови загрижувачки податоци објави Државниот завод за статистика (ДЗС) за тоа каква била старосната возраст на возилата на крајот од 2021 година. Неславен рекорд на возниот парк е достигнат кај сите видови возила, но најзагрижувачка е состојбата кај регистрираните автомобили и...

Вратени камионите на македонските транспортери кои беа запленети во Украина

На македонските транспортери, кои заглавија на Украинско-полската граница, им се вратени камионите и стоката која ја превезувале. Камионите, како што информира Министерството за надворешни работи, претходно беа запленети од украинските власти. „Ја информираме јавноста дека по многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна...

Укината забраната за камиони на превоите Ѓавато и Стража и на патот Струга – ГП Ќафасан

Во 8.20 часот утрово е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот превој Ѓавато и на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, а од 8:30 часот се укинува и забраната за камиони на планинскиот превој Стража. АМСМ претходно соопшти дека забраната за сообраќај на камиони од 5.20 часот е укината и за планинскиот превој Плетвар и...

Од денеска во Србија само со негативен PCR тест не постар од 48 часа

Македонското Министерство за внатрешни работи (МВР) извести дека на предлог на Институтот за здравје на Србија, српската влада донела одлука со која на граѓаните на Северна Македонија и на уште три земји: Хрватска, Романија и Бугарија, ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји, меѓу кои и на Република Северна...

Покрај камионите, компаниите можат да ги користат и возовите за транспорт на стоки

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески на денешната прес - конференција потенцираше дека Железници на РСМ - Транспорт ги става на располагање капацитетите за превоз на стоки во товарниот сообраќај. Сите товарни вагони од различен тип им се ставаат на располагање на компаниите за увоз и извоз на стоки во нашата земја, информираше министерот Сугарески. Тој посочи дека товарниот...

Железницата лани со мал пораст во товарниот превоз, реформите чекаат нова влада (инфографик)

Железници на РСМ - Транспорт лани остварила минимален пораст на обемот на превезена стока во товарниот сообраќај, но каминскиот превоз и понатаму доминира во транспортот на стоки во нашата земја. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека со воз биле транспортирани 1.840.000 тони стока, додека со камиони во 2019 година биле превезени 69.395.000 тони. Во однос на остварените „тонски...

Снежните врнежи до понеделник ќе престанат, најмногу наврнало на Маврово

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрана за движење на тешки товарни возила има...

Град Скопје фрлил 355 тони сол на улиците

Од Град Скопје известија дека денеска и вчера поради снегот на сите улици во надлежност на градската управа биле фрлени 355 тони сол. „Утрово сите булевари и улици кои се во надлежност на Градот Скопје се исчистени и истите се проодни“, тврдат од градот, појаснувајќи дека освен механизацијата за зимско чистење, се вршело и рачно чистење на тротоарите и улиците....

Забрана за камиони кај Маврово и Стража, остатоци од снег на коловозите

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни  коловози, наместа со остатоци од кашест снег на коловозот. Снег со среден интензитет паѓа во Битола, Крива Паланка, Делчево, Демир Капија, Удово, Гостивар, Крушево, Павлешенци, Кочани, Делчево, Смојмирово, Маврово и на планинските превои Стража, Ѓавато и Плетвар. АМСМ информира дека на регионалниот пат од село Рогачево до граничен премин Јажинце поради силен...

Поради снежните врнежи, забрана за тешки товарни возила на неколку патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места во северозападните делови, југозападните и источните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот. Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово – Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража како и на патниот правец Тетово – Попова Шапка...

Осумдесет отсто од дизелот го трошат камиони и автобуси (инфографик)

Половина од возилата кои се учесници во сообраќајот возат на дизел, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Дизел користат над 90 отсто од автобусите, 80 проценти од товарните возила и 48 отсто од автомобилите регистрирани во Македонија. „Речиси 80 отсто од дизел горивата кои се продаваат во Македонија се користат во транспортниот сектор, во тешките товарни возила и автобусите....

Возачите на камиони ќе се штитат од нелегалното уфрлување на мигранти

Националниот координативен центар за гранично управување при Владата заедно со Стопанската комора на Македонија почнуваат координирана акција за сузбивање на нелегалното уфрлување на мигранти и бегалци во камионите на возачите од земјава кои учествуваат во меѓународниот сообраќај, од страна на трговците со луѓе, информираат од Стопанска комора на Македонија. Целта е, како што велат, да се гарантира безбедноста на возачите,...

Лавина кај Маврово-Дебар, забрани за камиони на неколку превои

На планинскиот превој Ѓавато денеска во 7 часот е укината забраната за тешки товарни возила. Од 6 часот, пак, повторно е во целосен прекин сообраќајот на патот Маврово - Дебар, поради снежната лавина што падна синоќа околу 18 часот кај Бигорскиот манастир, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан,...

Фрлени 30 тони сол на скопските улици

Откако утрово беа регистрирани првите врнежи на снег во СКопје оваа сезона, по што екипите на зимската служба на Град Скопје веднаш излегоа на терен и превентивно интервенираа на булеварите и магистралните улици кои се во надлежност на Градот, информира градската управа. Притоа превентивно на повеќе сообраќајници и критични точки биле растурени околу 30 тони сол.  Зимската служба на Град...

Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата стапува на сила утре и ќе трае до 15 март 2018 година. Доколку возилото во сообраќај не ја поседува пропишаната опрема, возачот може да добие казна од 45 евра во денарска противвредност или 25 негативни поени во возачката книшка. За моторните возила до 3.500 килограми задолжителна опрема се зимски гуми на...

СКМ: Дивите пазарџии се нелојална конкуренција и нанесуваат штета на буџетот

Дивите пазарџии кои во камиони продаваат овошје и зеленчук на улиците и околу пазарите се нелојална конкуренција на тие што имаат тезги на пазарите и плаќаат даноци на државата, сметаат од Групацијата на пазари којa функционира во рамките на Стопанска комора на Македонија. Претседателот на групацијата, Сашо Стаматов, смета дека овие продавачи нанесуваат повеќекратна штета на локалниот и на централениот буџет. -...

Ѓорѓиев: Камионите со нафта ќе може да поминуваат преку Дојран и Меџитлија

Камионите што превезуваат нафта и нафтени деривати, покрај на граничниот премин Богородица, ќе може да поминуваат и на граничните премини Дојран и Меџитлија, информираше портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев. Оваа одлука била донесена на денешната владина седница, а привремениот режим ќе почне да важи од вечерва и ќе трае до 5 март. - Владата денеска стапи во контакт со Царинската управа, која доби...

Забавена е доставата на нафта во земјава, можно е поскапување

Девет камиони што превезуваат нафта и нафтени деривати и беа заглавени на граничниот премин Евзони поради штрајкот на грчките земјоделци, се пуштени да влезат во земјава, вели за „Мета“, Билјана Муратовска од Здружението на превозници „Макам-транс“. - Вчера, со посредство на Канцеларијата за врски на Грција во Скопје, девет камиони ја поминаа границата, а шест останаа да чекаат. Ги пропуштија само...
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...